Одбојкарската репрезентација на Македонија повторно го надигра Израел

Одбојкарската репрезентација на Македонија денес го одигра и четвртиот натпревар од Групата А во Европската лига. Македонија по вчерашната победа и денес успеа да го победи Израел со 3:0 во сетови. За разлика од вчерашниот дуел помеѓу Македонија и Израел, денешниот натпревар беше многу потежок за нашата репрезентација. Првиот сет Македонија го доби со 29:27, вториот со 25:20 и третиот сет со 25:19. Во Групата А води Естонија со 12 бодови, пред Полска со 10, Австрија со 8, Македонија со 6 бодови и Данска и Израел со по 3 бодови.…

повеќе...

Одбојкарите на Македонија убедливи против Израел

Македонската одбојкарска репрезентација забележа убедлива победа над Израел во денешниот, за нашата репрезентација трет натпревар од Групата А во Европската лига. Првиот сет го доби нашата репрезентација со резултат 25:13. Иако почетокот од вториот сет му припадна на Израел, нашата репрезентација брзо се консолидира. Следуваше изедначена борба, Македонија покажа позрела игра и успеа да го затвори сетот со 25:18. Третиот сет започна релативно добро за нашите одбојкари кои имаа предност во текот на целиот сет. На крајот Македонија го доби третиот сет со 25:19 и вкупно со 3:0 во сетови го…

повеќе...

Уште еден пораз на Македонија од Естонија

По вчерашниот, македонската репрезентација претрпе уште пораз од Естонија, во денешниот втор натпревар од Групата А во Европската одбојкарска лига. Првите два сетови Естонија ги доби со идентични 25:21. Домашните беа поборбени, помотивирани и порасположени за игра. Во вториот сет, Естонија водеше се до самиот крај, но со голема борбеност Македонија успеа да го добие сетот со резултат 27:29. Четвртиот сет, како и првите два го доби Естонија со 25:21, за на крајот да забележи победа од 3:1 во сетови. Во Групата А, Македонија моментално е на дното без бодови, зад…

повеќе...

Одбојкарите на Естонија со 3:0 ја декласираа Македонија

Македонската репрезентација претрпе пораз од Естонија во првиот натпревар од Групата А во Европската одбојкарска лига. Натпреварот се играше во Естонија, а домашната репрезентација уште на самиот почеток покажа борбеност и мотивираност за победа. Првиот сет Естонија го доби со високи 25-9. Слично започна и вториот сет, Естонија започна немилосрдно и за брзо време дојде во речиси недостижна предност. Македонската репрезентација успеа да ја намали таа предност, но само до 25-19 за победа на Естонија во вториот сет. Третиот сет може да се каже дека беше скоро неизвесен, но на…

повеќе...

Во Воска ќе се гради игралиште за одбојка на песок

Денес започнаа градежните активности за изградба на спортското игралиште за одбојка на песок во населба Воска. Игралиштето се наоѓа во непосредна близина на теренот за фудбал кај „Градска плажа“. Изведувачи на активностите се јавните претпријатија „Градски гробишта“ и „Охридски Комуналец”. Работите се изведуваат по претходно изработен проект и одобрение за градба од локалната самоуправа. Игралиштето на песок ќе биде со стандардни димензии 18 на 9 метри, а песок ќе се става и на околниот простор на површина од 1,5 метар. Просторот ќе биде и хортикултурно уреден, а ќе има и…

повеќе...

Заврши 38-от меѓународен турнир во одбојка „Чајка“

Заврши 38-от меѓународен турнир во одбојка “Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“. Првото место убедливо го освои екипата од Република Бугарија ОК Марица од Пловдив. Во финалето ја совлада екипата од Република Македонија Јанта Волеј од Скопје. Во малото финале се сретнаа екипите Работнички од Скопје и Шкендија од Тетово каде што Работнички убедливо го совлада противникот Шкендија. За 3 место пехарот и медалите ги доделија Зоран Петрески, брат на покојниот Бранко и Александар Тасевски, бивш одбојкарски репрезентативец. За 2-то место пехарот и медалите ги доделија Петар Јовановски претседател на ОФМ…

повеќе...

Браќата Симовски повторно шампиони на Beach Volleyball Ohrid 2014

Со вчерашните финалиња во машка и женска професионална конкуренција, заврши осмото отворено првенство во одбојка на песок Beach Volleyball Ohrid 2014.Како реприза на првиот турнир во одбојка на песок во Македонија, кој пред осум години се одржа во Охрид, првите места повторно ги освоија победниците од 2006-тата година. На машкиот турнир најдобри беа браќата Јовица и Дејан Симовски кои во финалето славеа победа над Деан Стојанов иТони Мојсовски.Третото место го освоија ланските победници Валон Никчи и Газменд Хусај од Косово. Kај Девојките најдобри беа Софка Камиловска и Сандра Георгиевска кои…

повеќе...

Од сабота започнува „Beach Volleyball“ Охрид 2014

Од 26 јули до 3 август ќе се одржи осмото издание на првенството во одбојка на песок, Beach Volleyball Охрид 2014, на плажата Бафало во Охрид. И оваа година првенството го задржува својот меѓународен карактер, па покрај домашните одбојкари и одбојкарки, во Охрид се очекува настап на натпреварувачи од Србија, Бугарија, Албанија, Украина и Косово. Минатата година шампионските пехари ги освоија Валон Никчи и Газменд Хусај од Косово во машка конкуренција и Марија Алаџова и Ирена Мишонова од Бугарија во женска конкуренција. Покрај професионалниот турнир кој ќе се одржи од…

повеќе...

За прв пат Охрид ќе биде домаќин на спортската манифестација Гимназијада

Оваа година за прв пат градот Охрид ќе  биде домаќин на спортската манифестацијата Гимназијада, која ќе се одржи во месец мај. На неа директно ќе учествуваат околу 1000 средношколци поделени во 6 спортови (фудбал, кошарка, ракомет, атлетика, футсал и одбојка) и неколку промотивни спортови. „Свесни од фактот дека занимавањето на младите со спорт и спортската рекреација не влијае само на здравјето и правилниот телесен развој туку и на интелектуалниот, естетскиот и моралниот раст на целокупното општество ја имаме одговорната задача да им овозможиме на децата и младината што повеќе квалитетни…

повеќе...

„Beachvolleyball Оhrid 2013“ – дел од програмските активности за заживување на спортот

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска ги посети организаторите и учесниците на седмиот по ред турнир во одбојка на песок – Отворено првенство на Македонија „Beachvolleyball OHRID 2013“ кој се одржува од 24-28 Јули 2013 година на плажата Бафало Бич (веднаш до езерската полиција). „Денес имаме можност да присуствуваме на текот на одвивањето на овој, веќе можам слободно да кажам, традиционален турнир во одбојка на песок кој што се организира токму на ова место. Тоа е еден дел од нашите програмски активности со кои што ние во изминативе години, оваа година, а…

повеќе...