Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за Охридско езеро, денеска во Обединетите нации во Женева одржа говор и презентација за прекуграничното управување и заштита на Охридското езеро, со која ја отвори сесијата за искуствата на заедничките тела за соработка . Пановски потсети на почетоците на институционалната заштита, но и на заедничките протоколи на научните институции , заедничките мерки и потпишаните договори. Пановски исто така потенцираше дека се уште има отворени прашања како што се рибарството но и управувањето на нивото на езерото кое е врзано со потребите на енергетските системи на…
повеќе...Tag: охридско езеро
Точков: Водата во Коселска, Сатеска и Велгошка река сеуште негативно влијае врз еко-системот во Охридското Езеро
Центарот за јавно здравје континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење во градските водоводи, во селските водоводи, но и водата во Охридското Езеро. „Сакам да напомнам дека во месец март беа земени 21 примерок од водата во Охридското Езеро, почнувајќи од Св.Наум, па до струшкото крајбрежје. Тие примероци на вода беа анализирани во лабораториите со физичко-хемиска микробиолошка анализа и примероците кои што беа земени од реките покажуваат дека водата во тие реки Коселска, Сатеска и Велгошка е со лош квалитет, односно сеуште негативно влијаат врз еко-системот на Охридското…
повеќе...Одбележување на 22 март – Светски ден на водите: Состојбата со реките во сливот на Охридското Езеро
ЕД „Грашница“ – Охрид во рамките на своите редовни теренски активности спроведе еко-мониторинг на Коселска Река, од вливот на реката во езерото (кај Извиднички центар) од устието до с. Опеница во должина од 12 километри. Реките не познаваат граници, често ни оние природните, а особено не оние наметнати со човечка волја. Водата нé спојува и нé раздвојува. Дали тоа ќе направи едното или другото – зависи од нас самите. „Низ слика и текст ви ја пренесуваме воочената состојба со реката која се влева во Охридското Езеро.“ – велат од ЕД…
повеќе...За прв пат на 5-ти мај ќе се одбележи Денот на реката Дрим
Во канцеларијата на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро во Салата на СРЦ Атина Бојаџи Охрид, денес се одржа прес конференција по повод прогласениот Ден на реката ДРИМ, кој од оваа година ќе почне истовремено да се одбележува во 5- те држави од Басенот на реката Дрим, како дел од Проектот за управување со Дримскиот Басен. На пресот зборуваа Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат како носител на проектот за управување со Дримскиот Басен и Ѓоко Зороски од ЕД Грашница кои како невладин сектор ќе ги спроведат активностите за Денот…
повеќе...Се интензивираат активностите за заштита на Охридското Езеро и целосна реконструкција на колекторскиот систем
Сопственикот и извршниот директор на израелската компанија ТГВ Холдингс Харел Голст и Офер Гилад, денес беа примени од градоначалникот Никола Бакрачески. ТГВ Холдингс е една од водечките израелски компании во областа на градежништвото и менаџирање со отпадни води. Гостите од Израел покажаа интерес за инвестирање во колекторскиот систем, а покрај посетата на МЈП Проаква, направија и обиколка на постројките на меѓуопштинското претпријатие. На средбата градоначалникот Бакрачески, ги запозна израелските бизнисмени со досегашните активности, а за утре е закажана заедничка средба во Министерството за животна средина и просторно планирање. Заштита на…
повеќе...ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ од Охрид започна со издавање на дозволи за рекреативен риболов за риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“
Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид започна со издавање на дозволи за рекреативен риболов за риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. За рекреативната зона „Слатинско Езеро“ дозволи за рекреативен риболов ќе почнат да се издаваат ако се создадат услови за рекреативен риболов. Здружението издава и Државни дозволи кои важат за сите риболовни води во Република Македонија и дневни дозволи за акумулацијата „Козјак“. „За риболов без дозвола, казните се големи и на лице место…
повеќе...ГИЗ ги сумираше досегашните резултати од проектот за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен
Денес во Охрид престојуваше мисијата на Германското Друштво за меѓународана соработка (ГИЗ) која во разговор со Дејан Пановски од Билатерелниот Секретаријат за сливот за Охридско Езеро ги сумираше досегашните резултати од Проектот за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен, а се разговараше и за идните активности и нови можни проекти од еколошката сфера во сливот на Охридското и Преспанското Езеро. „Потребен е заеднички квалитетен мониторинг на водите и биодиверзитетот, како и категоризација на трите Езера која со овој проект веќе е извршена. Во Охридското Езеро според извршената категоризација,…
повеќе...Подигнати 30м³ тиња во близина на Холандскиот Парк
По налог на Опшинскиот инспекторат е извршено чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандскиот Парк). Поради нискиот водостој во овој дел од крајбрежниот појас се натрупани големи количини тиња, па пристапено е кон расчистување со багерување со употреба на специјална механизација. Подигнати се и транспортирани 30м³ тиња и друг вид отпад. Оваа активност Ј.П. „Охридски Комуналец“ ја спроведува согласно годишната програма за Јавна хигиена во доменот на вонредни активности.
повеќе...ВМРО-НП: Предлагаме државата да го преземе управувањето со колекторскиот систем
ВМРО-НП Охрид на денешната прес-конференција предложи државата да го преземе под своја управа колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, со кое сега раководи МЈП „Проаква“. „Општо познато е дека државата го владее езерото, таа собира средства од концесии и ЕЛЕМ, а товарот за заштита на езерото паѓа на Проаква. На овој начин ќе се заштедат од 150 000 до 200 000 евра на годишно ниво. Предлагаме државата да го преземе и плати долгот настанат уште во 1997 година за градба на колекторот од Пештани до Коњско, а кој изнесува околу…
повеќе...Убавото сончево време ги намами охриѓани и гостите да излезат на прошетка
Иако беше најавено променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, во текот на денешниот неделен ден преовладуваше сончево време со мала доумерена облачност. Охриѓани и гостите убавото време го искористија за прошетка покрај кејот на езерото, рестораните и кафулињата. За првиот ден од работната недела, од УХМР најавуваат променливо облачно време со услови за врнежи од дожд. Во текот на наредните денови не очекува сончево време со локална умерена облачност, но без врнежи од дожд. WebOhrid
повеќе...