Република Македонија и Република Албанија манифестираа настан, кој меѓусебно значи зближување, градење на доверба и градење на меѓусебна соработка. Имено, од денеска по законот за рибарсто и аквакултура, Инспекторатот од Р.Македонија и Р.Албанија заедно со граничните полиции ќе прават заеднички контроли по Охридското Езеро. „Оваа година (2013), Одделението за инспексциски надзор во водите на Охридско Езеро во соработка со езерската полиција и во соработка со концесионерот на Охридско Езеро има запленето преку 2283 мрежи, од страна на Инспекторатот поднесени се 4 кривични пријави, 147 прекршочни пријави, издадени се 147 платни…
повеќе...Tag: охридско езеро
Државниот инспекторат и рибочуварската служба синоќа запленија 28 мрежи кај Радожда
Како резултат на размената на информации помеѓу двата инспекторати (од Република Македонија и од Република Албанија) во синоќешната заедничка и организирана акција организирана од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) од Охрид во соработка со рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд на Охридско Езеро (ПАСТРМКА 2012 д.о.о.е.л од Охрид) и УПС при П.С. за Г.Н. „Франгово“ во периодот од 21 до 02 часот на ден 24.12.2013 год према 25.12.2013 год во водите на Охридско Езеро во правец од караулата…
повеќе...Пановски: 2013 година исклучително богата и напорна за Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро
Македонскиот претставник, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро испрати допис до медиумите, во кој што даде краток осврт на активностите во 2013 година и плановите за 2014 година. „Мојот фокус во 2014 година ќе биде продлабочување на еко-дипломатијата преку која веќе донесовме многу проекти во регионот и го промовиравме Охрид и Езерото и пред политичкиот и пред финансискиот свет. Во нивни рамки веќе сме оценети сме како Шампиони на процесите. Со носењето на овие проекти долгот кон својот град и држава е исполнет. Нема повозвишена активност…
повеќе...Воспоставување прекуграничен заеднички мониторинг за заштита на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски присуствуваше на средба на политичките партнери на проектот за заштита и одржливо користење на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското езеро, која во организација на германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), се одржа во Тирана. Во своето обраќање, заменик министерот Темелковски ја истакна важноста и спремноста на Македонија за взаемно делување и соработка со другите земји за заштита на прекуграничните води и природни ресурси. На средбата учествуваа заменик министерот за животна средина на Албанија, Диана Бејко како и колеги од…
повеќе...Проект за ревитализација на системот за одведување на фекална канализација
Во присуство на претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, директорите и претставници на општинските јавни претпријатија „Нискоградба“ и МЈП „Проаква“ и секретарот на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, Дејан Пановски, унгарска делегација предводена од Томаш Бенсе од Секторот за отпадни води од Будимпешта ја промовираа идејата за решавање на проблемот во делот на отпадните води во општина Охрид, односно ревитализација на системот за одведување фекална канализација. „Секогаш постои можност за унапредување на постоечките капацитети. Знаеме дека општина Охрид веќе има разработено студија за санација и реконструкција…
повеќе...Пановски во Брисел говореше за напредокот во Дримскиот проект и потребата од натамошна заштита на Охридското Езеро
Денес во Брисел, Дејан Пановски одржа презентација пред ENCSEC иницијативата, донатори и дипломати од ЕУ, за напредокот во Дримскиот проект и потребата од натамошна заштита на Охридското Езеро. Пановски упати порака за потребата од зајакнување на институциите, за продолжување на присуството на меѓународните иницијативи во регионот и за искористување на позитивниот политички момент за акција. Врвните претставници на донаторите и агенциите изразиле поименично јавна пофалба кон Пановски за сите залагања заедно со Тимот околу воспоставувањето на Дримскиот Дијалог и институционалните залагања за прекугранична заштита и на Охридското езеро, со препорака тој пристап да биде пример и со обврска дека…
повеќе...Пановски во Брисел ќе говори за искуството со прекуграничното управување со Охридското Езеро и Дримскиот басен
На 6 Ноември, иницијативата Environment and Security – ENVSEC одбележува 10 години во кои агенциите на Обединетите Нации, заедно со ОБСЕ, Регионалниот Еколошки Центар и НАТО работеа на Пан-Европско ниво во насока на трансформирање на еколошките ризици во соработка и заедничко управување на природните ресурси. За таа цел претставници на Влади, експерти и организиции ќе учествуваат на средба на 6ти Ноември во Брисел, Белгија за да се дискутираат предизвиците и идните чекори во регионалната соработка за животната средина и безбедноста. Еднодневната средба ќе содржи сесија со презентации и излагања за…
повеќе...Расчистени речните корита и канали
Во месец октомври „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на повеќе речни корита и канали на територијата на општина Охрид. Расчистени се каналите во реонот на „Студенчишко Блато“, речното корито на река Грашница на потегот од „Булевар Туристичка“ до нејзиното влевање во Охридско Езеро и река Сушица од с.Велгошти до населба Црногорци. Активностите се спроведуваа континуирано подолг временски период, а заради непристапноста на теренот покрај машинското чистење, голем број вработени од „Јавна Хигиена“ беа ангажирани за рачно расчистување. Речните корита и каналите беа претрупани со пластичен отпад, чакал, наноси од…
повеќе...Завршија годинешните подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга
Завршија годинешните подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга. Во рамките на истражувањата, откриени се значајни движни наоди, датирани од 6 до 7 век пред нашата ера, периодот кога егзистирала оваа населба … Стручните екипи на Музејот „д-р Никола Незлобински“ во Струга ги завршија годинешните подводни археолошки истражувања на локалитетот Врбник. Годинава, во истражувањата кои беа пообемни, се вклучија и млади дипломирани археолози со специјалност подводна археологија, а интерес пројавија и институции од странство кои работат исклучиво во сферата на подводната археологија. Во рамките на истражувањата, откриени се значајни движни наоди,…
повеќе...Се чисти крајбрежниот појас
Ј.П. „Охридски Комуналец“ Охрид денеска во 5 часот започна акција за багеровање и отстранување на наносите на муљ на потегот пред хотел „Милениум“. Овој муљ се јавува како резултат на нискиот водостој на Охридското Езеро и поради периодот на скапување на езерските алги. Паралелно со ова рачно се чистеше езерото и пред хотел „Палас“ од наноси на окрек и реса, на кое место редовно преку цела година се собира трска, реса, окрек. Во акцијата на расчистување по предходен налог од Комуналната инспекција учествуваа Р.Е. „Механизација“ и Р.Е. „Јавна Хигиена“ при…
повеќе...