Притворен стружанец кој упатувал закани со оружје кое нелегално го поседувал

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.С. (45) од Струга. Основниот суд Струга него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена. На 9-ти овој месец, пријавениот на жител на селото Мислешево му вперил огнено оружје-пиштол во пределот на вратот и стомакот и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него, а потоа и неговиот син. Настанот се случил во 17 часот и 20 минути во дворот…

повеќе...

Одземени 389 парчиња муниција при претрес во дом на лице од Корошишта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.У. (26) од струшкото село Корошишта. На 18-ти јули оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 389 парчиња муниција калибар 7,62 мм долго зрно наменети за огнено оружје автоматска пушка. Муницијата била сокриена во најлон кеси на дното на саксиите со цвеќе поставени во дворот пред влезната врата од семејниот дом. Во црвена најлонска кеса имало 188 парчиња а…

повеќе...

Хоспитализирано лице од Велешта со здобиени повреди од огнено оружје

Во полициската станица во Струга во тек се интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „убиство во обид“ извршено рано утрово во струшкото село Велешта. На разговор повикани се повеќе лица жители на селото Велешта.  Кривичното дело е извршено во 00.15 часот во Велешта при што со повеќе огнострелни рани во грбот, стомакот и екстремитетите се здобил А.С. (36) жител на селото Велешта. Настанот се случил во близина на домот на сега повредениот кога тој излегувал од своето патничко моторно возило марка Мерцедес. Во моментот, од патничко моторно возило марка…

повеќе...

Полицијата апелира: Без оружје и пиротехнички средства за Новогодишните и Божиќните празници

Министерството за внатрешни работи, Секторот за Внатрешни работи Охрид апелираат до сите граѓани да се воздржат од било каква употреба на оружје и пиротехнички средства за време на Новогодишните и Божиќните празници. „Неовластената употреба на пиротехнички средства и оружје на јавно место претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста на сите граѓани. Со таквото дејствие се врши кривично дело и прекршок кој е санкциониран со позитивните законски прописи.“– велат од МВР. Полицијата во наредниот период ќе презема засилени мерки и активности заради одржување на поволна безбедносна состојба и против лицата кои употребуваат…

повеќе...

Јанкулоска: Построга регулатива за располагање и ракување со службено оружје

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска информира дека се разговара за преземање одредени мерки кои ќе значат нови нормативни решенија што се однесуваат на построга регулатива во располагањето и ракувањето со службено оружје, затоа што Законот за оружје се однесува само на оружјето што е со приватна дозвола за поседување. Се чини, рече таа, дека постои дополнителен простор за построга регулатива во делот на ракувањето и располагањето со службеното оружје. „Владата веќе најави една иницијатива по однос на која постапуваме и очекувам многу брзо сите институции, а ги има повеќе…

повеќе...

Пронајдено и одземено оружје кај лице од Дебар

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава  против  А.М. (33) од Дебар. На 5-ти овој месец, при претрес во неговиот дом во Дебар, полициските инспектори пронајдоа една автоматска пушка и два оквири со дваесет куршуми калибар 7.62 милиметри долго зрно. Автоматската пушка била сокриена во бела јутена вреќа оставена во дворното место под метално буре во близина на  влезната метална порта. Одземеното огнено оружје и муницијата се предадени на вештачење во…

повеќе...

Одржан петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје

Викендов, на стрелиштето во поранешната касарна во Битола, се одржа петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма. Еве ги и резултатите: Во сениорска категорија-пушка, Михаил Шишкоски ја потврди првата позиција во Куповите со резултат од 601,7 кругови. Горан Здравески со 564,3 кругови се пласира на петта позиција. Во конкуренција на јуниорки- пушка, Ангела Алексовска со резултат од 384,8 се пласира на втората позиција, додека пак Јана Маркоска со резултат од 382,2 кругови заврши како третопласирана. И кај јуниорите Мартин Гоџоски со резултат од 563,4 кругови го зазеде второто…

повеќе...

Прв состанок меѓу балканските и европските експерти за оружје

Нелегалната трговија со оружје не може да се води само на национално ниво ниту пак може само една држава сама да се бори против овој вид на криминалитет, бидејќи сепак станува збор за транснационален криминал. Постоењето на соодветно воспоставена регионална мрежа на експерти е од исклучително значење, а воедно ќе претставува и регионален одговор на еден од предизвиците често споменуван во извештаите за проценка на ризик од сериозен и организиран криминал на Европол“. Ова, меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето воведно обраќање пред…

повеќе...

Пронајдено оружје кај две лица од Велешта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга против В.Ш. (29) и Ф.Ш.(41) двајцата од струшкото село Велешта поднесе кривична пријава. На 22-ри овој месец, при претрес во нивните домови пронајдени се вкупно 3355 парчиња куршуми од различен калибар, еден револвер марка „Амадео-Роси“,  без соодветна документација за поседување, еден сигнален пиштол марка „Екол-специјал“, шест сигнални ракети и неколку оквири за пиштол.  Во акцијата реализирана во соработка со оделението за организиран криминал при Министерствот  за внатрешни…

повеќе...

Пронајдено оружје во домот нa познат насилник

На ден (02.04.), среда, СВР Скопје–Единица за недозволена трговија со оружје, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде И. С. (37) од с. Арнакија, заради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“. Имено, полициските службеници од Единицата, работејќи по оперативно сознание, дошле до податок дека во домот на неговиот татко во С. Арнакија, каде живее и неговиот син, осомничениот И. С., има поголема количина на огнено оружје и муниција, за кои не поседуваат соодветна дозвола. Имајќи ја…

повеќе...