Охриѓанка фалсификувала банкноти од 1000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсикикување на пари“. Пријавената на 01.08. и на 02.08. годинава во Охрид, во пекара, во бутик и во градскиот трговски центар, пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1000 денари со идентичен сериски број, со што се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари.

повеќе...

Пуштени во оптек ковани пари за колекционерски цели „Богата година на кучето“, „Безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од МАНУ“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/17 и 118/17). Кованата пара „Година на кучето – богата година на кучето“ ги има следниве карактеристики: на аверсот, во центарот на монетата се претставени грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата – „2018“. Околу монетата…

повеќе...

Кривична пријава за 19 годишно момче од Слатино поради изнуда на пари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ш. (19) од с.Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда”. На 12.03.2017 година околу 05.00 часот, помеѓу ул. „Цар Самоил“ и ул. „Боро Шаин“, К.Б. (45) од Охрид бил пресретнат и нападнат со боксови од страна на пријавениот. Во тој момент К.Б. паднал и се здобил со скршеница на левата рака, а пријавениот му побарал 2000 денари. К.Б. му ги дал парите, а по четири дена пријавениот телефонски повторно му побарал 4000 денари. На 24.03.2017 година околу 21.00 часот пријавениот,…

повеќе...

НБРМ повторно укажува за ризиците од вложувањата во дигиталните (крипто) валути

Народната банка на Република Македонија неколку пати досега ѝ укажа на јавноста да биде внимателна во однос на понудите кои доаѓаат преку електронските медиуми за купување и тргување со дигиталните (крипто) валути. Директен повод за денешното соопштение на Народната банка е објавата за бесплатен онлајн курс за биткоин и начинот на тргување со оваа дигитална (крипто) валута. Во оваа прилика, Народната банка укажува дека според важечката регулатива во Република Македонија вложувањето од страна на правните и физичките лица резиденти на РМ во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанецот кој ограби канцеларија и стан во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за две сторени кривични дела „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.О.(32) од Охрид. Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 13-ти до 27 јануари оваа година, во канцеларија лоцирана на булеварот „Туристичка“ и во стан на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид. Во извршувањето на тешките кражби, пријавениот Д.О. користел подесен алат со кој ја отворил влезната врата од канцеларијата, одзел клуч од комбе марка „Мерцедес“, по што на ист начин делувал врз дрвена врата во канцеларијата и од работно биро одзел…

повеќе...

ФФМ ќе инкасира вкупно 2450 евра од неколку клубови поради слаба организација на натпревари

Дисциплинската комисија на ФФМ, постапувајки по пријавите од Комисија за натпреварување на ФФМ на ден 13.04.2017 ги донесе следните одлуки: ФК Велазерими 77 се казнува со парична казна во износ од 250 евра поради слаба организација на натпреварот ФК Велазерими – ФК Еуромилк одигран во рамки на 17. коло во Втора МФЛ;  Борче Јовановски, комесар за безбедност на ФК Новаци 2005 се казнува со забрана за вршење на функцијата во времетраење од два месеци; ФК Новаци 2005 се казнува поради слаба организација на натпреварот ФК Новаци 2005 – ФК Вардар…

повеќе...

МКФ со апел до сите хумани луѓе за помош на Стеван Гешоски

Македонската кошаркарска федерација упатува јавен апел до сите хумани луѓе на просторите на Република Македонија. Станува збор за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички како и поранешен технички директор на македонската репрезентација, Стеван Гешоски, кој пред речиси две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица од ударот поранешниот кошаркар има отежнат говор, парализирана десна страна како и силни болки во екстремитетите на десната страна и на вратот. Првичниот третман од физикална терапија речиси и да не помогнал, па лекарите на Стеван Гешоски му препорачале операција со која…

повеќе...

ДЗС: Просечната плата во јануари изнесува 22.750 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 102.2. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (9.4%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6%) и Рударство и вадење на камен (4.2%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2%), Информации и комуникации (13.0%) и…

повеќе...

Жител од кичевско неовластено навлегол во компјутерски систем

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против А.М. (29) од с.Грешница, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. Пријавениот во периодот од oктомври до декември 2016 година во 11 наврати неовластено навлегол во електронски систем на мастер кард на лице од Кичево, по што извршил трансфер на парични средства во износ од 137.000 денари.

повеќе...

Кривични пријави за две лица од Охрид поради разбојништво во казино

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (36) и Ф.А. (24), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”, соопшти МВР. На 10.02.2017 година околу 06.50 часот во казино во Охрид, откако пријавените го забележале С.С. (54) од Охрид дека ги искоцкал парите и отишол на банкомат да извади други, и при влез во казиното физички го нападнале одземајќи му 10.000 денари нанесувајќи му тешки телесни повреди.

повеќе...