Пајакот преместуваше возила на паркингот кај Музичкото – активностите започнаа ден порано

Денес покрај паркингот кај Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид осамнаа натписи на кои беше истакнато дека: „На 29.09.2015 не паркирајте во паркингов, ќе се работи“. Но, почна да се работи еден ден порано, a oткако објективот на WebOhrid ги регистрира натписите тие беа преправени дека ќе се работи и на 28 и на 29-ти. Што се случи потоа!? Бидејќи имаше паркирани возила кои не знаеа за ваквата акција, мораше да реагира „пајакот“ кој почна да ги преместува возилата од едно место на друго. Станува збор за асфалтирање на паркингот…

повеќе...

Зголемен бројот на паркиралишта и гаражи во 2014

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање, изнесува 235 со површина од 640 293 m2. Според обработените податоци, 18 809 места за паркирање се на отворен простор, 3 404 места за паркирање има во покриените гаражи , додека во катните гаражи има 3 593 места за паркирање.Во споредба со 2013 година, бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 20.5%. Во истиот период, бројот на местата за паркирање е зголемен за 30,8%, во покриените гаражи зголемувањето изнесува 33.9%,…

повеќе...

Ќе се обележуваат паркинг местата на неколку улици во градот

ЈП „Билјанини Извори“ како правен субјект кој стопанисува со јавниот градски простор на територија на општина Охрид, утре (среда, 6-ти мај) и задутре (четврток 7-ми мај) како дел од оперативниот план за подготовка на јавниот паркинг простор пред туристичката сезона ќе изврши обележување на паркинг местата на следните улици, и тоа: Среда (06. 05) Кеј Македонија (кружно) и Ул. „Македонски Просветители“ од кружното до пресекот со Ул. „Партизанска“, и Четврток (07. 05) Ул. „Македонски Просветители“ од пресекот со Ул. „Партизанска“ до пресекот со Бул. „Туристичка“ Планот за целосно обележување на паркинг местата…

повеќе...

Ќе биде ли изграден паркингот во Лешани ветен уште пред 2 години?!?

До нашиот медиум пристигнаа реакции од мештаните во Лешани кои очекуваат да биде изграден ветениот паркинг кај манастирот „Сите Светии“- Си Свети. Информациите говорат дека на местото означено и планирано за паркинг однесена е само песокта. „Очекуваме да се реализира ветеното, а патем и забелешка дека преполнетиот контејнер кој стои до несудениот паркинг треба барем редовно да се празни. Тоа, секако е должност и задача на Комуналното претпријатие на општината Дебарца.“ – велат во дописот загрижените граѓани од Дебрца, кои ни испратија и неколку фотографии од пред манастирот „Сите Светии“ во Лешани.

повеќе...

Утре бесплатно паркирање во Охрид

ЈП „Билјанини извори“ ги известува граѓаните на Охрид и сите оние кои за Велигденските празници престојуваат во градот, дека утре,12-ти април, Велигден, паркирањето ќе биде бесплатно за сите. Ова се однесува на паркинг просторот со кој стопанисува јавното претпријатие чија наплатна служба утре нема да работи.

повеќе...

Се чистат паркинзите на патот Охрид-Ресен

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” Охрид, односно одделението за јавна хигиена во текот на денешниот ден, а по налог на Општинскиот инспекторат, пристапи кон чистење на регионалниот пат Охрид-Ресен. Имено се чистеа површините ( паркинзите) предвидени за одмор на патничките и моторните возила, од сметот што зад себе го оставаат некои од учесниците во сообраќајот, а притоа ја загадуваат животната средина. „Апелираме и се надеваме дека во иднина ќе проработи свеста и ќе се одлага сметот на соодветни места предвидени за таа намена.“– велат од претпријатието.

повеќе...

Бесплатно паркирање во Охрид за Водици

За големиот христијански празник Богојавление – Водици, на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ паркирањето на сите возилата ќе биде бесплатно. На овој начин јавното претпријатие се приклучува кој прославата на овој голем христијански празник.

повеќе...

За Божик бесплатен паркинг во Охрид

По повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик, утре паркирањето на возилата на сите паркинзи во градов со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе биде бесплатно во двете паркинг зони. На овој начин ЈП „Билјанини извори“ се приклучува во одбележувањето на големиот христијански празник.

повеќе...

Ќе се наплаќа паркинг на поранешниот полигон за мали спортови

ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, правни субјекти и корисници на јавниот паркинг простор со кој стопанисува претпријатието, дека од денес, (01.08.2014) ЈП „Билјанини Извори“, согласно дејноста која ја извршува, започнува со економско оперирање на паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови. Паркингот е дел од зоната Б, така што еден час паркирање на овој паркинг изнесува 20 денари.

повеќе...