Европарламентот ја усвои резолуцијата за Македонија

Европскиот парламент, со 486 гласови „за“, 55 „против“ и 29 „воздржани“, ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2013 година. Беа усвоени четири од вкупно седумте предложени амандмани. Во резолуцијата, предложена од известувачот Ричард Ховит, уште еднаш се повикува Советот на Европската унија, без одложување, да одреди датум за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ, инаку се загрозува стабилноста во земјата и во регионот. Во исто време, Република Македонија мора да продолжи со реформите и исполнувањето на критериумите за влез во европското семејство. Европарламентот…

повеќе...

Делегација од македонското Собрание во официјална посета на Хрватска

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска на покана од неговиот хрватски колега Јосип Леко. Во делегацијата се наоѓа и пратеникот во македонското Собрание Александар Николоски. Покрај со својот домаќин, Вељаноски ќе се сретне и со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со првиот потпретседател на хрватската Влада и министер за надворешни и европски прашања,  Весна Пусиќ. Планирано е претседателот Вељаноски на свечена седница да се обрати и пред пратениците на Хрватскиот сабор.

повеќе...

Пратениците Ѓорчев, Николоски и Шокароски учествуваат на Политичкото Собрание на ЕНП

Пратениците Владимир Ѓорчев, Александар Николоски и Харалампие Шокароски учествуваат на Политичкото Собрание на Европската народна партија (ЕНП) каде членуваат центар- десните сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ. Политичкото Собрание на ЕНП се одржува во Европскиот Парламент во Брисел. Во рамки на Политичкото Собрание ќе биде промовиран новиот Претседател на Европската народна партија Жозеф Даул кој доаѓа на местото на досегашниот Претседател на Европската народна партија Вилфред Мартенс. Г. Жозеф Даул досега беше шеф на пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот Парламент. Предвидена е пригодна средба на пратенците со г. Даул.…

повеќе...

Одржана 83 седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 83. седница, одржана денеска, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за проектот „Модернизација на блок 1 во ТЕ Битола“ кој ќе се склучи меѓу Дојче банка и АД ЕЛЕМ (по скратена постапка).  Образложение на Предлогот на законот даде заменикот на министерот за финансии, г. Ардиан Џеладини. Тој истакна дека Електраната е во функција скоро 30 години. Трите блока во ТЕ Битола почнале со работа последователно…

повеќе...

Усвоени предлози на закони за реализација на патни делници меѓу кои и автопатот Кичево-Охрид

На 74тата седница на Собранието на Република Македонија беа усвоени Предлог на закон за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево- Охрид и Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид”, кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта со кој се овозможува почеток на изградба на автопатите Скопје- Штип и Кичево- Струга- Охрид. Вкупната инвецтиција…

повеќе...

Мешовитиот парламентарен комитет – уште еден мост за продолжување на соработката помеѓу Македонија и Турција

Македонија и Турција се повеќе од пријателски земји, кои треба да ги разменуваат искуства, да учат една од друга, заеднички да работат со цел да се приклучат кон големото европско семејство – беа согласни присутните на средбата меѓу Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европската унија и Делегација од Парламентот на Република Турција. Беше истакнато дека Мешовитиот парламентарен комитет е само уште еден мост за продолжување на успешната соработка меѓу Македонија и Турција, која дополнително треба да се интензивира, особено во областа на економијата, трговската размена и образованието, како и да…

повеќе...

Пратеникот Николоски постави три прашања за Охрид на денешната седница на Собранието на РМ

Во рамки на денешната седница за пратенички прашања во Собранието на Република Македонија пратеникот Александар Николоски постави три прашања од интерес на жителите на општина Охрид како и на петата изборна единица која ја преставува во Собранието на Република Македонија. – Првото прашање се однесуваше на најавата за автопатско поврзување на градовите Охрид, Струга и Кичево, пратеникот Николоски го запраша Претседателот на Владата Никола Груевски кога точно се очекува да биде одобрен кредитот од Кинеската Влада, кои се условите под кои е одобрен, имајќи предвид дека е меѓудржавен договор кога…

повеќе...

Учество на делегација на Собранието на Македонија на 22 годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав д-р Ана Павловска Данева, шеф на Делегацијата и г. Џеват Адеми, заменик-член на Делегацијата учествува на 22. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува од 28 јуни до 3 јули 2013 година во Истанбул, Република Турција. На сесијата, чија главна тема за дискусија е: „Хелсинки + 40“ учествуваат повеќе од 250 пратеници од 55 парламенти членки на ПС на ОБСЕ.  На инаугуративната седница на членовите на ПС на ОБСЕ им се…

повеќе...

Остварена средба на Вељаноски со Жан Клод Мињон

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство од посетата на Република Македонија и од средбата, истакна дека испoлнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се од суштинско значење за создавањето на демократското општество. Притоа, препораките на Советот на Европа за Република Македонија, секогаш претставуваат израз на поддршката за понатамошен демократски развој и на овие препораки Република Македонија секогаш посветува големо внимание. На средбата стана збор за неодамнешните локални избори, за кои претседателот Вељаноски истакна дека беа организирани на фер и демократски начин, а на…

повеќе...

Николоски во Естонија учествува во работата на седница на Мониторинг комисијата

Во рамки на седницата на Мониторинг комисијата на ПС на Совет на Европа (ПССЕ) се разгледува нацрт-резолуцијата и нацрт-препораката за постмониторинг дијалогот со Република Македонија за исполнување на обврските преземени при приемот во Советот на Европа. Известител за Македонија е британскиот пратеник, г. Роберт Волтер. Мониторинг комисијата преставува најбитна комисија во рамки на ПССЕ и по усвојувањето на документот на седница на Комисијата, тој ќе се најде на пленарна седница во текот на летната сесија на ПС на СЕ, во јуни 2013 година, што е вообичаена постапка за земјите кои…

повеќе...