ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение до медимуите, во кое стои: „ЈП Билјанини Извори мора да престане со својата неодговорност и несериозност и постојано да ја лаже јавноста. Не е точно дека ова претпријатие претходниот месец на своите вработени им исплатило две плати. Вистината е дека платата за месец февруари вработените ја добиле на 14 Јули, значи со задоцнување од пет месеци, а платата за месец Март на 01 Август. Овие факти оставаат простор за сериозен сомнеж и за тврдењето од Јавното претпријатие дека воопшто подмириле некаков долг кон…
повеќе...Tag: партија
СДСМ: Раководството на ЈП „Градски гробишта” нема ниту позитивно работење, ниту концепт да води едно комунално претпријатие
ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Раководството на ЈП „Градски гробишта” ја манипулира јавноста се со цел повторно да се прикријат низа неправилности во работењето на ова градско претпријатие. Во интерес на вистината, поткрепено со податоци од задолжителниот Годишен извештај на ова комунално претпријатие за работењето во 2013 година и првото тромесечие од 2014 година, ви ги презентираме следните официјални информации: · Вкупно остварени приходи во 2013 година изнесуваат 21 995 042 денари, а расходите во истиот период се 18 617 865 денари. Ако…
повеќе...ВМРО-НП: Каде е програмата на Бакрачески?!
ВМРО – Народна партија денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Бакрачески пред само година и пол, во занес од влезот во политиката, впрочем како и сите почетници, пред охриѓани ветуваше брда и долини за Охрид. Кога гласачите го гледаа како настапуваше во изборната кампања на локалните избори, мислеа дека Охрид ќе стане светска туристичка дестинација. Ајде, за минатата сезона се вадеше дека краток бил периодот да се организира неговиот тим за успешна летна туристичка сезона ама што ги спречи годинава? Дали сите претходни градоначалници се криви што…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Минатото локално раководство поддржуваше односно даваше зелено светло за се што е нелегално и незаконско
Во врска со соопштението од СДСМ, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои: „СДСМ денеска уште еднаш јавно призна и потврди дека се партија која упорно подржува се што е незаконско и коруптивно, па од тука за нив е и очекувано и нормално јавно да кажат дека не е важен донаторот и начинот на кој мостот се градел, иако на целата македонска јавност им се доволно јасни криминалните дела на Велија Рамковски за што отслужува и затворска казна. Ако вие од СДСМ сакате да бидете и “слепи“ и “глуви“…
повеќе...СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста за состојбите со мостот кај Потпеш
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Независно кој и како бил донатор на мостот, со неговата изградба во 2009 година се реши еден од најгорливите долгогодишни проблеми на жителите од месноста Канео, за брза и непречена комуникација со централното градско подрачје. И не само тоа – мостот веднаш стана најпосетуваната, најкористената и најпрактичната туристичка атракција во Охрид, што им овозможи на огромен број туристи секојдневно масовно да поминуваат по него кон Потпеш, Канео, Лабино, Плаошник и останатите атрактивни локации. Сите активности околу изградба или движење…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ќе ја преземе одговорноста доколку се случи несреќа на мостот на желбите?
Во врска со денешната прес-конференција на советниците од опозицијата, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои: „Наследниците на бившиот градоначалник Александар Петрески, кој со својот тим го опустоши Охрид и кој меѓу другото овозможи на нелегален начин во 2009 година да биде изграден така наречениот мост на желбите по што дури за стореното незаконско дело на “донаторот“ Велија Рамковски кој во јавноста е познат по низа кривични дела му беше доделена и највисоката- Св. Климентова награда , денес се вратија на местото на злосторот, на така наречениот мост…
повеќе...ВМРО-НП: Бакрачески и ДПМНЕ ја донесоа најштетната одлука до сега
ВМРО – Народна партија испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Бакрачески и советничкото мнозинство на ДПМНЕ продолжуваат да го распродаваат имотот на Општина Охрид. Најпрво, со ненавременото доставување на материјалите за вчерашната седница тие како да сакаа некако молчејќи да ги протуркаат одлуките за затворен пазар. Иако целата опозиција побара точките да не бидат додадени во дневниот ред, согласно демократските капацитети на власта тие беа вметнати и изгласани. Со Физибилити студијата и со одлуката за јавно – приватно партнерство за затворен пазар фактички се раскршува имотот на Општина Охрид,…
повеќе...ВМРО-НП: Власта да не го чепка црковното земјиште
ВМРО-Народна партија Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „ВМРО – Народна партија остро се спротивставува на намерата на власта да земе дел од имотот на црквата околу манастирот Св. Наум. И покрај тоа што откупната цена која се споменува е понижувачки пониска од реалната, сметаме дека тоа земјиште не смее да припаѓа на никој друг освен на црквата. Без разлика која е намерата на власта да стопанисува со земјиштето, дали ќе го препродава или ќе бара белосветски измамници за некакви наводни инвестиции, тоа земјиште е во сопственост…
повеќе...СДСМ: Јавното претпријатие „Дебрца“ работи со загуби
ОО СДСМ Дебарца испрати соопштение во кое стои: „Општинското комунално претпријатие „Дебрца“ – Белчишта поради лошото менаџирање освен што се соочува со низа проблеми и неможност квалитетно да ги извршува дејностите за кои е основано (секојдневни проблеми во водоснабдувањето, неисчистени патишта и улици, неисчистени диви депонии, проблеми во одржувањето на јавната чистота) се соочува и со финансиски проблеми. Тоа е видно од кварталниот финансиски извештај на јавното претпријатие за периодот 01.01.-31.03.2014 година, кој беше на дневен ред на последната седница на советот на општината Дебарца и истиот не беше поддржан…
повеќе...СДСМ: Како може да бидат толку неодговорни оние, кои се најповикани да ги спроведуваат законските одредби во училиштата?
ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Во време кога во сите училишта во општинава се спроведува фамозниот проект – екстерно тестирање – најодговорните и најповиканите први луѓе во охридските училишта – директорите – нашле за сходно да заминат на службено патување во Турција. Иако сите разборити луѓе во државава, освен одговорните во ресорното министерство, знаат дека квази-проектот се спроведува со многу пропусти – хаотично, неуко, непрофесионално, сосема непотребно и по секоја цена, со единствена цел – да се „дисциплинираат“ наставниците и професорите, сепак е…
повеќе...