ВМРО-НП: Дали порталот на општина Охрид свесно некој го претвора во партиски билтен?

„ВМРО-НП прашува дали официјалниот портал на Општина Охрид кој треба да биде службено гласило на општината свесно некој го претвора во партиски билтен и дали градоначалникот Никола Бакрачески го чита официјалниот сајт и следи што таму се објавува?  Колку и да сме изненадени од поедини соопштенија на Општина Охрид во кои луѓе се нарекуваат со разни ептити недолични за институција, сега гледаме како под насловот ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПОКЛОНА ПРЕД ВЕЛИКАНОТ ХРИСТО УЗУНОВ стојат фотографии само и само од кандидатите за  пратеници на ВМРО ДПМНЕ , а никаде…

повеќе...

СДСМ: Веста за одбележувањето на 109 годишнината од смртта на Христо Узунов,објавена на општина претставува најгрубо кршење на објективноста

Денешната вест за одбележувањето на 109 годишнината од смртта на Христо Узунов, објавена на интернет порталот на локалната самоуправа (www.ohrid.gov.mk), претставува најгрубо кршење на објективноста и најобична манипулација со јавноста во партиско предизборни цели, обвинува ОО на СДСМ Охрид. „Одговорните во локалната самоуправа за информирање на јавноста се дрзнаа со невистинити, непримерни и фингирани фотографии и текст да се стават бесрамно во служба на политичкиот маркетинг на ДПМНЕ. Објавениот текст и фотографиите ни оддалеку не кореспондираат со вистината, односно со она што денес се случуваше при одбележувањето на празникот. Прво,…

повеќе...

Костоски: Има голема разлика од владеењето на ВМРО-НП и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

ОК на ВМРО – Народна партија денес одржа прес-конференција на која зборуваше носителот на пратеничката листа во 5-та изборна единица, Ванчо Костоски. „Ние кажавме дека нажалост Владата на Република Македонија, некаде летото не дозволи кредит од 4 милиони евра, а дополнително и ги задолжи со милион и пол евра со судска забрана, на Општина Охрид, ние кажавме и тогаш и сега дека по тоа се гледа како Владата на Р.Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за Охрид. Ако на господата од ДПМНЕ не им е јасно и на Локалната самоуправа…

повеќе...

Робески: Нашата кампања има една единствен цел – граѓаните да ја слушнат нашата понуда и самите да го препознаат бенефитот

Граѓанската опција за Македонија досега покажа и докажа дека може да води чиста кампања без споредување со останатите политички конкуренти и без непотребно нивно именување, рече на денешаната прес конференција портпаролот на ГРОМ-Охрид и кандидат за пратеник на коалицијата ГРОМ во ИЕ5, Сашо Робески. „Нашата  кампања има една единствен цел – граѓаните да ја слушнат нашата понуда и самите да го препознаат бенефитот кој таа може да го донесе доколку добиеме можност да ја реализираме. Затоа ние само ќе ги посочиме крупните проблеми кои се бариера за успешен напредок на нашата…

повеќе...

Танасоски: На Македонија и се потребни промени за нов почеток

СДСМ како најголема опозициска партија, уште на самиот почеток на изборната кампања, упати недвосмислена јасна порака дека ќе даде конструктивен допринес и искрена заложба за организирање и спроведување фер, демократски и регуларни избори. Вака рече кандидатот за пратеник на СДСМ во 5-тата ИЕ, Ѓоко Танасоски, на денешната прес конференција. „Излеговме со комплетен, чесен пристап пред граѓаните, добро осмислена и реална изборна програма, натпартиско решение за кандидат за претседател. Понудивме натпартиски листи во кои спротивно на досегашната пракса не е застапено раководството на партијата, со што сакавме да покажeме дека не е најважен личниот интерес, туку е интересот на…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Каква соработка има Заев со осудениот за фалсификување Загорец Тумбовски?

Веќе подолго време целата јавност е сведок на фалсификатите, монтажите и лагите кои ги пласира СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев, рече на денешната прес конференција Илија Димовски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ. „Сите граѓани знаат дека СДСМ и Заев тоа го прават заради тоа што се во паника и очај. Во нивните постапки се гледа огромна омраза, гнев и страв. СДСМ не разбра дека луѓето бараат искрен однос, а не фалсификати, монтажи и лаги. За да биде јавноста целосно запознаена…

повеќе...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ за само три месеци станала сопственик на имот од над 1.600.000 евра

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес  конференција, на која истакна : „Никола Груевски не само што лично договарил кеш во милиони евра. Не само што се примале кеш пари во ВМРО-ДПМНЕ, по налог на лидерот Груевски. Не само што станбената треска, којашто почна од премиерот Груевски со 4 стана на име на неговата мајка, е проширена кај неговите високите владини функционери, министри, пратеници, телохранители. Сите тие, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како што знаете, успеале да се стекнат со станови среде Скопје, окупирајки дури цели згради. Денеска ќе обелодениме дека…

повеќе...

Настоски: ГРОМ настојува на креирање работни места, поголем опфат на сите категории граѓани и зголемување на просечната плата

Доколку реално погледнеме на сликата на нашиот град, но и пошироко, мора да признаеме дека во мноштвото проблеми со кои се соочуваме секојдневно, решението на само едно чувствително прашање може да промени многу и да го поправи впечатокот. А тоа е вработување, вработување и само вработување, рече на денешната прес конференицја носителот на листата за пратници за Коалицијата ГРОМ во 5-тата ИЕ, Љупчо Настоски додаде дека токму затоа ГРОМ настојува на креирање работни места, поголем опфат на сите категории граѓани и зголемување на просечната плата. „Најголем приоритет ќе им  дадеме на…

повеќе...

Ристески: ВМРО-НП изглегува со нова модерна, креативна, демократска програма со современи идеи за Македонија

На парламентарните избори во 1998год, мотото на нашите истомисленици, на чело со лидерот Љубчо Георгиевски, гласеше ПРОМЕНИ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ, промени кои што граѓаните на нашава држава ги почуствуваа, потсети на денешната прес конференција кандидатот за пратеник  на ВМРО-НП, Крсте Ристески. „Во тоа време Македонија воскресна, како на економски така и на демократски план и воедно беше првата држава, која го подпиша договорот за СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА СО ЕУ. Денес кога ќе погледнеме Македонија е последна во регионот во евроатланската интеграција, денес кога се нарушени  основните демократски и човечки права,…

повеќе...

Кузески: Охриѓани, колку и да се потценувани од страна на ДПМНЕ, сепак знаат да ги ценат вистинските вредности и вистинските квалитети

Минатата седмица сите бевме сведоци на уште една груба злоупотреба и партизирање на охридското задравство од страна на ДПМНЕ, обвини на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Охрид, Александар Кзуески. Како што рече Кузески, и општата болница и Специјалната болница „Св. Еразмо“ уште еднаш биле искористени за лично и политичко профитерство и кариеризам од поедини здравствени работници од владеачката партија, кои „сосема случајно“ се и кандидати за пратеници од ДПМНЕ. „Дури, вториот пат нивниот настап пред медиумите беше „стручно појачан“ и од страна на самиот градоначалник, како и од раководните…

повеќе...