Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, денеска на прес-конференција информираше дека СДСМ поднесе Кривична пријава против премиерот на Македонија, Никола Груевски. „Груевски со побараниот и примениот милионски кеш во случајот Македонска банка направил три тешки кривични дела, ПРОТИВЗАКОНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ, ПРИМАЊЕ ПОТКУП и ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК. Пријавата ја поднесуваме до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со неа како доказен материјал е доставена и аудио снимката на којашто јасно се слушаат инструкциите на Груевски и неговата инволвираност во извршувањето на делата.Никола Груевски ја искористил својата службена положба како пратеник и како лидер…
повеќе...Tag: партија
ВМРО-ДПМНЕ во програмата предвидува свој фокус да има кон малите и средни претпријатија
ВМРО ДПМНЕ во годините што доаѓаат предвидува во својата програма, која што е наречена Проверено, свој фокус да има и кон малите и средните претпријатија. Во таа насока, кандидатот за пратеник во 5-тата ИЕ, Александар Николоски, денес на прес конференција ги презентираше основните проекти кои што ги планираат за следниот период. „Прва работа која што би сакале да ја презентираме е дека после долготрајна дебата во политичката партија ВМРО ДПМНЕ но и во рамки на експертските кругови кои што работеа на оваа тематика се согледа целосна потреба за промена на…
повеќе...Настоски: ГРОМ ќе настојува гласот на граѓанинот да биде во прв план и да биде во основата на секое политичко дејствување
Носителот на листата на пратеници за Коалицијата ГРОМ во ИЕ5, Љупчо Настоски, денес одржа прес конференција, на која што напомна дека ГРОМ е политичка партија која има за цел во фокусот да го стави граѓанинот и неговите потреби. „ГРОМ ќе настојува гласот на граѓанинот да биде во прв план и да биде во основата на секое политичко дејствување. А за остварување на оваа клучна цел неопходни се вредностите кои ги потенцира ГРОМ: Слободен живот во сегашноста, Активни и вклучени граѓани, Заедништво, Одговорност и отчетност, Соживот со сите граѓани од секоја етничка заедница и култура, Претприемништво, Еднакви можности и…
повеќе...Цветкоски: Социјалната правда е една од можностите со кои ќе се успее младите луѓе и младите семејства да се задржат во Македонија
ОК на ВМРО-НП Охрид, денешната прес конференција ја посвети на социјалната правда. На прес средбата зборуваше кандидатот за пратеник во 5-тата ИЕ, Владо Цветкоски, при што истакна дека ВМРО-НП како партија од народот и за народот во својата изборна програма, посебно внимание посветува на социјалната политика. „Живееме во време кога во Македонија има најголема социјална раслоеност. Од една страна има 2 % екстремно богати олигарси кои располагааат со повеќе од 50 % од националното богаство, а од друга страна има повеќе од 70% од населението кое е сиромашно и се…
повеќе...Кузески: За ДПМНЕ најбитно е да се објават конкурси и да се прими медицински персонал пред избори
Охриѓани цели три години, во периодот 2010 – 2013 година, исклучиво по вина на одговорните лица од ДПМНЕ, останаа без општата болница. Цели три години пациентите во Охрид останаа без основните болнички услуги во секундарната здравствена заштита, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Алекснадар Кузески. „Цели три години нашите сограѓани доживуваа вистинска голгота, кога беа принудени да ги посетуваат гинекологија, хирургија, анестезија, урологија, оториноларингологија и другите одделенија во струшката болница. И по сета таа голгота што ја доживеаја пациентите од Охрид, повторно промашување – се…
повеќе...Робески: Дел од нашата програма е посветен на децата, младата популација и понежниот пол
Пет екипи денеска се на средби со граѓани. Носителот на листа во ИЕ5, Љупчо Настоски денес е во посета на Дебар и Центар Жупа, каде ќе презентира дел од програмата на ГРОМ, а другите екипи се на терен во Охрид и во Струга, информира на денешната прес средба, портпаролот на ГРОМ-Охрид и кандидат за пратеник на коалицијата ГРОМ во ИЕ5, Сашо Робески. Дел од програмата што ќе се презентира на граѓаните, рече Робески е посветен на децата, младата популација и понежниот пол. „Еве какви решенија ГРОМ нуди во поглед на…
повеќе...Силјаноски: Наша главна заедничка цел е да изградиме толерантно општество
Власта избра политика на контролирани конфликти во кој лугето се поделија на „ваши“ и „наши“. Политика која гради минато, а не иднина, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на СДСМ Охрид, Мишел Силјаноски. „Културата и етничките разлики станаа инструмент за политичка борба. Го зголемија јазот меѓу различните етнички заедници. Ја зајакнаа нетрпеливоста меѓу верниците. Власта не стимулира толеранција и доверба, туку раздор и поделено општество. Причината е едноставна: власта профитира од тие поделби. Моделот што го промовираат е во интерес на една мала група во врхушката која работи спротивно…
повеќе...Костоски: Урбанизација – обвинување кое најчесто беше кажувано и падна во вода, бидејќи ДПМНЕ продолжи по истиот терк
ОК на ВМРО – Народна партија Охрид, денес одржа прес-конференција, на која зборуваше претседателот и носителот на пратеничката листа на ВМРО-НП во 5-та ИЕ, Ванчо Костоски. Целта на прес-средбата беше како што рече Костоски едно од најчестите обвинувања кои што ВМРО-ДПМНЕ години наназад ги кажувале спрема минатата Локална самоуправа, односно спрема ВМРО-НП и другите опозициони партии. Тој додаде дека од повеќето обвинувања најзначајни биле урбанизацијата на Охрид и големото задолжување на Општина Охрид. „7 до 8 години ВМРО-ДПМНЕ имаше обвинувања до минатата Локална самоуправа за несразмерната урбанизација на општина Охрид.…
повеќе...Велигденска честитка од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до своите сограѓани од православна вероисповед. Во честитката стои: „Празнувајќи го најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид на своите сограѓани од православна вероисповед им посакува духовна вредност и пред се добро здравје, радост и благосостојба. Ова се денови во кои се празнуваат искрените вредности, љубовта и силната верба кои треба да не водат низ животот. Овие денови на празнување се симболика на градење вистински хуманизам и искрено достоинство за љубов…
повеќе...Настоски: Изборната програма на ГРОМ се разликува од другите политички опции во Македонија по три клучни залагања
Носителот на листа во 5-тата ИЕ за коалицијата ГРОМ, Љупчо Настоски, денес одржа прес конференција, на која што најпрво на сите граѓани од православна вероисповед им ги честита велигденските празници и им посака добро здравје и среќа. Настоски на прес средбата напомна дека од досегашните резултати и активности во ИЕ5, тие се многу задоволни и во преостанатите денови од кампањата очекуват да бидат уште подобри. „Нашата изборна програма веќе е достапна до повеќето граѓани низ Македонија, а нормално и во Охрид и сигурен сум дека голем дел од тие што ја прочитале наишле…
повеќе...