Ставот на СДСМ во однос на издавањето на паркинзите, односно најавите или намерите на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да ги издаде паркинзите под концесија со јавно приватно партнерство е следниот: „Некои политички партии направија кампањи во локалните избори и добија огромен број гласови и доверба од огромен број гласови од охриѓани токму на темата издавање на паркинг простор. Тие исти советници во поранешаната опозиција беа најгласни противници на издавањето на паркинзите под концесија или под закуп, истата нова локална власт едноставно ги раскина договорите и тврдеше дека единствен начин во…
повеќе...Tag: партија
СДСМ: На градските власти ни случајно да не им падне на памет да ги избркаат од работа луѓето вработени како наплатувачи на паркинг
Намерата на локалната самоуправа на ДПМНЕ да ги даде паркинзите под концесија по пат на јавно приватно партнерство значи врв на хипокризијата, јасен и недвосмислен показател на безидејноста и кулминација на неискрениот, несовесниот и игнорантскиот однос кон сопствените сограѓани, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески. „Тие што со години наназад беа најголемите, најгласните и најревносните противници на издавањето на јавните паркинг простори во градот под закуп или концесија со јавно приватно партнерство, сега тоа истото им го предлагаат на народните избраници во општинскиот…
повеќе...ЛДП: Методите на кратки спинови завршија
ОО на ЛДП Охрид со контрареакција на реакцијата од Општина Охрид, во која стои: „Методите на кратки спинови завршија. Треба да сте тотално неиформирани за да не знаете дека ЛДП не била учесник во поранешната власт, уште повеќе кога нејзиниот советник во овој состав гласаше за одлуката предложена од новата власт во локалната самоуправа, односно за враќање на паркинзите на јавното претпријатие Билијанини извори, за да се има ваква контрареакција. Брилијантонста во глупавоста нема крај. За жал, ние нама да ставиме наводници. Отука, не само што имаме кредибилитет да зборуваме…
повеќе...Реакција на ВМРО-ДПМНЕ кон соопштението на ВМРО-НП
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денес испрати реакција кон соопштението на ОК на ВМРО-НП, во врска со темата ЈП „Билјанини извори“ и паркинг простор. „Продолжува серијалот на неразбирливи соопштенија на двајца тројца луѓе кои што се нарекуваат партија а кои дирекно учествуваа во уништувањето на се што е јавно добро во градот Охрид, па преку соопштенија изразуваат некаква загриженост од процеси кои што се најтранспарентни, кои што се во интерес на граѓаните и туристите на Охрид а пред се на вработените на ЈП Билјанини извори. Наместо да им се извинат на…
повеќе...ЛДП: Паркинзите се еден сериозен проблем на градот и секое несовесно однесување чини мандат на следните избори
ОО на ЛДП Охрид испрати соопштение до медумите, во кое стои: „Непринципиелноста на ВМРО ДПМЕ продолжува и понатаму. Сето она што беше еден вид носечки маркетинг во предизборната кампања од партијата на власт како и горливиот проблем со кој се соочуваа туристите и граѓаните, односно проблемот со паркирањето – повторно се враќа. ЛДП и нејзиниот претставник во советот дадоа поддршка на мнозинството за одлуката со која паркинзите се враќаат на Ј.П Билјанини извори. За жал, шпекулации во јавноста дека кога и да е со паркинзите од ЈП Бијанини извори повторно…
повеќе...ВМРО-НП: ДПМНЕ и Локалната самоуправа уште еднаш покажаа дека не само што ништо не е променето во изминатава година туку Охрид се врати доста чекори назад
ВМРО – Народна партија Охрид, преку соопштение најостро се спротивставува на најавата за преземање на паркинзите во Охрид со јавно – приватно партнерство. „Сакаме да потсетиме дека ВМРО – ДПМНЕ со секојдневни прес – конференции ја обвинуваше претходната локална самоуправа за истата работа и тоа беше главната точка со која ги доби изборите во Охрид. Дали сега од партијата газат по своите зборови и дали нивниот став е ист? Ја прашуваме Локалната самоуправа и ЈП Билјанини Извори дали со овој нов систем со кој ја манипулираат јавноста околу некаква исплатливост…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Типичното спинување и негативна реторика како и неосновани обвинувања кон општинските служби – дел од алатките со кои се служи СДСМ
Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои: „Сагата на СДСМ продолжува, но продолжуваат и конфузни соопштенија од нивна страна. Во врска со кредитот од Светска банка очигледно покрај тоталното непознавање на процедурите очигледно кај СДСМ недостасувала и желбата за добивање на ваков проект. Типичното спинување и негативна реторика како и неосновани обвинувања кон општинските служби исто така се само дел од алатките со кои се служи СДСМ за да го затскрие нивното незнаење и небулози. ВМРО ДПМНЕ повторно прашува: Кој…
повеќе...СДСМ: Еден од основните услови за да се добие кредит од Светска банка е општината да нема финансиски долгови
ОО на СДСМ Охрид испрaти соопштение, во кое стои: „Во ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се видно возбудени поради вистината за проектите и кредитот од Светска банка за време на поранешната општинска власт на СДСМ во Охрид. Сега господата од ВМРО- ДПМНЕ бараат докази за тоа, а доказите се наоѓаат кај нив, кај сегашната општинска власт, во архивата во која пристап имаат само тие. Но еве, ние ќе ги потсетиме, за да можат полесно да ги избараат и да ги пронајдат низ фиоките и шкафчињата на новопоставените „стручни“ раководни лица. Длабоко им…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Кој е тој проект или проектна документација што СДСМ ја доставила и врз основа на што се одобрил кредитот од Светска банка?
Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои: „Дезоориентацијата на ОО СДСМ ја преминува секоја граница па во однос на нивното соопштение за наводно одобрен кредит од светска банка уште во 2011 година се прашуваме дали станува збор за некој гаф или подготовка за првоаприлска шега? Вистината е една и единствена и укажува на тоа дека СДСМ во 2011 година нити аплицирала за некаков проект ниту спровела проект. Фатени во лага немајќи ни елементарно познавање на целосните процедури за одобрување…
повеќе...СДСМ: Кредитот од Светска банка беше доделен и одобрен на барање на Локалната власт на СДСМ од Охрид уште пред 2 години
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Владата на ДПМНЕ конечно се смилува и ја отвори фиоката за да го извади кредитот од Светска банка за Охрид. Министерот за финансии и вицепремиер вчера во Охрид, повторно пред избори, кажа дека кредитот е одобрен и ќе биде доделен за развојни проекти. Но, охриѓани знаат дека тој кредит беше доделен и одобрен на барање на локалната власт на СДСМ од Охрид уште пред две години. Поранешната општинска власт на СДСМ кон крајот на 2011 година поднесе барање за…
повеќе...