ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод 8ми март

По повод Денот на жената осми Март, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати честитка до сите припаднички на понежниот пол, во која стои: „Во едно современо и модерно општество жената преставува највозвишена вредност. Воедно таа е и нераскинлив дел од стремежот за развој и просперитет. И токму ваквите вредности ја прават жената олицетворена во мајка основен постулат во домот и семејството, но и во работата, политиката…т.е основен постулат во секој аспект од нашето секојдневие. Оддавањето на почит кон жената и нејзината рамноправност е нераскинлив дел од демохристјанскиот дух и од политичките…

повеќе...

Активност и честитка од УЖ при ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид

По повод 8ми март универзалниот ден на жената, Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, спроведе низа активности. Направена е посета на гинеколошото одделение на ЈЗУ Општа болница при што од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Охрид беа доделени симболични поклони. Унијата на жени воедно во оваа прилика им го честита овој голем празник на жената, ставајќи акцент на важноста на жената во едно модерно и современо општество.  

повеќе...

ОК на ВМРО-ДПМНЕ со известување дека денес нема да се одржи активноста Ден на Идеи

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид известуваат дека денес нема да се одржи активноста ДЕН на ИДЕИ. Датумот е поместен и нахнадно ќе ја информираат јавноста за точниот ден за спроведување на оваа активност, додаваат оттаму. Инаку, оваа активност „Ден на Идеи“,  има за цел доставените идеи да бидат дел од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ на престојните избори.

повеќе...

ОО на СДСМ Охрид со честитка до припадничките на понежниот пол

По повод Меѓународниот ден на жената 8ми Март ОО на СДСМ Охрид на сите припаднички на понежниот пол им го честита празникот потенцирајки го следното: „8ми Март е денот кога се одбележуваат активностите и постигнувањата на припадничките на понежниот пол во делот на социјално-општествениот,семејниот и политичкиот живот. Почитувајки ги овие вредности посакуваме иднината да биде со еднакво или поголемо учество за жената во остварување и постигнување повисоки дострели во сите сфери на општественото живеење.“– стои во честитката на ОО на СДСМ Охрид.

повеќе...

ОК на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе спроведе активност „Ден на идеи“

Од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Охрид ивестуваат дека утре (сабота) 08.03.2014 година, во периодот од 12 до 15 часот ќе ја спроведе активноста „ДЕН НА ИДЕИ“. Сите граѓани кои имаат одредени идеи истите ќе можат да ги приложат во писмена форма на трите поставени пунктови и тоа на градскиот плоштад, кај охридскиот чинар и во ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Активноста „Ден на Идеи“,  има за цел доставените идеи да бидат дел од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ на престојните избори.

повеќе...

Митровиќ: Локалната самоуправа предводена од градоначалникот и ВМРО ДПМНЕ целосно се посветени кон подобрување на секој сегмент во Охрид

ВМРО ДПМНЕ е политичка партија која секогаш ги исполнува дадените ветувања. ВМРО ДПМНЕ е политичка партија која секогаш е со народот. Ваквиот пристап е основна појдовна точка кон развојот на едно општество, локална самоуправа и држава, рече на денешната прес конференција, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ.  „Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ целосно се посветени кон подобрување на секој сегмент во градот Охрид.  Токму поради тоа денес согледуваме целосно контрасна состојба помеѓу она што беше во времето кога СДСМ направи Охрид да е најзадолжена општина…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да побегне од одговорност преку некакви соопштенија во кои нема нити основа нити став

По соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција до медиумите испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои: „Виновникот за тешката финансиска и структурна состојба наследена во Охрид ,СДСМ,  се обидува да побегне од одговорност преку некакви соопштенија во кои нема нити основа нити став. Дури и  половината на соопштението на СДСМ е и индирекнтна пофалба и потврда за сегашната Локална самоуправа за спроведување на активни мерки во интерес на граѓаните на Охрид.  Токму така Локалната раководена од  ВМРО ДПМНЕ во Охрид еден по еден , чекор по чекор ги…

повеќе...

СДСМ: Општинска власт од ДПМНЕ не сака да биде прашувана, одбива да работи транспарентно и не сака да дава одговори пред јавноста

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „ОО на СДСМ Охрид за 11 месеци, колку што е на власт гарнитурата од ДПМНЕ во локалната самоуправа во Охрид, во Советот е одржана само една седница за советнички прашања. Според одредбите на Деловникот, како и според востановената пракса во изминатите години, вакви седници за поставување на советнички прашања до градоначалникот и до општинските јавни служби треба да се одржуваат барем 4 пати годишно, по една на секои три месеци. Но, очигледно е дека оваа општинска власт од ДПМНЕ…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Безидејноста на десното крило на СДСМ т.н Народна партија продолжува секојдневно да ја манипулира јавноста

Во врска со денешната прес конференцијата на ОК на ВМРО-НП Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО ДПМНЕ, во која стои: „Познавајќи го историјатот на делување на Народна партија воопшто не не зачудува нивната промоција и поттик на беззаконието, на немањето на фискална дисциплина и на немањето одговорност кон градот и државата. Основите на државата се законите , нивното почитување и казнените одредби кои се предвидуваат во секој еден закон. ДОКОЛКУ НЕМА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ , НЕМА НИ КАЗНЕНИ ДЕЈСТВИЈА.Тоа е основен принцип на правото во секоја земја и основа на…

повеќе...

ВМРО-НП предлага намалување на казнената политика

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија, Ванчо Костоски денеска на прес – конференција истакна дека откако ќе се конституира новиот состав на Собранието на Република Македонија, ВМРО – Народна партија ќе поднесе иницијатива за намалување на казнената политика. „Една казна за пушење на недозволено место е 9 000 денари. Тоа е еднакво на цела плата која реално ја примаат граѓаните. Каде во светот казна за пушење е колку една плата во земјата? Да не зборуваме за казните за движење на автопат со брзина од 120 километри на…

повеќе...