СДСМ: Го повикуваме градоначалникот да изготви и јавно да објави рекапитулација и спецификација на сите долгови на општината

Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија – Охрид, денес испрати реакција во врска со вчера одржаниот прес на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. Во продолжение следува интегралниот текст од реакцијата испратена до медиумите. „Ја разбираме големата нервоза и загриженост на Бакрачески и на неговите налогодавачи од ДПМНЕ поради успешната средба на Заев со охриѓани во саботата и успешната промоција на програмата на СДСМ во Охрид. Разбираме зошто дури и во недела ги вознемируваат новинарите, за по секоја цена да одржат прес конференција, наместо градоначалникот да си се одмори по…

повеќе...

Заев: На следните парламентарни избори граѓаните ќе гласаат за СДСМ

Само сериозен концепт може да ја спаси иднината на нашата држава, порача претседателот Зоран Заев на трибината во Охрид. „СДСМ има таква програма, програма која што наидува на поддршка и одобрување од граѓаните. Предлог програмата се потпира на три столба: – враќање на бројната и одржлива средната класа – гледање кон иднината, наместо кон минатото – градење на правично општество за сите“, – рече Заев во обраќањето пред присутните во полната сала во Центарот за култура во Охрид. Нема да зборувам за власта. Таа е завршена работа. На првите наредни…

повеќе...

Заев: Вистинска децентрализација за успешно функционирање и заштита на Охрид

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во Охрид ја претстави новата програма.  „Тоа што можеме слободно да го констатираме е дека граѓаните се добро запознаени со мерките и решенијата од програмата на СДСМ и дека нашите предлози наидуваат на позитивен прием. Задоволството кај граѓаните е големо поради тоа што отворивме дебата и натпревар на економски теми. Сите граѓани од нас политичарите очекуваат натпревар на идеи и проекти, а не само меѓусебни критики.“ – рече на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Заев. На прес средбата Заев објави неколку мерки од програмата на…

повеќе...

Новата Програма на СДСМ презентирана пред жителите на Дебарца

Тимот на СДСМ предводен од заменик претседателот на партијата, Радмила Шекеринска заедно со членовите на Извршниот одбор, Пеце Мирчески и Ѓоко Танасоски и пратеникот Митре Велјаноски, во текот на вчерашниот ден ги презентираа предлог мерките од  Програмата на СДСМ во Дебарца. При посетата, Тимот во село Мешеишта оствари средба со жители, посети повеќе домаќинства, и оствари средба со Извршниот одбор на ОО СДСМ Дебарца, како и со советничката група на СДСМ во советот на Општина Дебарца. Во селото Лешани, Тимот имаше средба со жителите, а посетата заврши со отворена трибина,…

повеќе...

Донев: СДСМ од Охрид од вчера забрзано го достигнува врвот на политичките интриги, небулози, обвинувања и лаги

„СДСМ од Охрид од вчера забрзано го достигнува врвот на политичките интриги, небулози, обвинувања и лаги, со цел да се амнестира од својата убедливо најпогубна политика некогаш спроведена во општина Охрид“, рече на денешната прес-конференција координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев. „СДСМ нема никакво морално право да обвинува никого во било кој сектор на локалната самоуправа, а најмалку во образованието, кога истото во Охрид го оставија во страшни долгови и со блокирани сметки. Само како податок кој е потребно да го знаат граѓаните  на  Охрид, а и советничките од СДСМ,…

повеќе...

Пирузева Јанева: Изјавата на градоначалникот дека состојбата во образовните институции била катастрофална беше повеќе од нехумана и некоректна

„Изјавата на градоначалникот дека состојбата во образовните институции била катастрофална беше повеќе од нехумана и некоректна кон сите вклучени фактори во образовниот систем, пред сè, имајќи во предвид  дека и тој, како и неговите деца се составен дел на истиот“, рече на денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, Оливија Пирузева Јанева, член на Советот на општина Охрид од редовите на СДСМ. Според Пирузева-Јанева за критика е фактот што градоначалникот не нашол погоден момент, барем пет  минути, учтиво и културно како што доликува на институцијата Градоначалник, да ги повика дотогашните…

повеќе...

Кадровско доекипирање на Општинската организација на СДСМ Дебарца

Извршниот одбор на Општинската организација СДСМ Дебарца, на синоќешната седница едногласно усвои неколку кадровски решенија со кои изврши доекипирање на Општинската организација. На предлог на Претседателот на Општинската организација, Зоран Ногачески Извршниот одбор за секретар на Општинската организација го избра Стојан Прензоски, дипл.правник со положен правосуден испит и магистрант на Правниот факултет  „Јустинијан Први“, во Скопје. Извршниот одбор донесе одлука за формирање Центар за комуникација со јавноста, во чиј состав влегуваат: Благојче Стојчески, дипл.економист, Ангел Секулоски, дипл.инж.агроекономист, Радмила Филипоска, дипл.економист и Славица Кузеска, студент на правни науки. За портпарол на…

повеќе...

ОК на ВМРО-НП го претстави Проектот за селектирање на отпад од домаќинствата

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија го претстави проектот за селектирање на отпад од домаќинставата во општина Охрид. Основна замисла на Проектот е селектирање на отпадот од домаќинствата, а со цел намалување на трошоците на одведување на комуналниот отпад. „Моментално комуналниот отпад се подигнува од целата територија на општина Охрид и се транспортира и одлага до депонија Буково која се наоѓа на 25 км оддалеченост од општина Охрид. Заради немање на техничко технолошки, а посебно економски можности отпадот не се селектира и при тоа се прават неколку кратно повеќе трошоци отколку…

повеќе...

СДСМ Дебарца: Седниците на Советот на Општина Дебарца се свикуваат неделовнички

Советничката група на СДСМ Дебарца, реагира за работата на Советот на Општина Дебарца, како што истакнуваат, седниците се свикуваат неделовнички. „Денес советот на општината Дебарца ја одржа десеттата седница. И оваа седница како и сите други се свикуваат нестатутарно и неделовнички. Стана практика на  претседателот  и мнозинството во советот на општината седниците да се свикуваат со грубо кршење на одредбите на  Деловникот на советот на општината Дебарца. Согласно член 46 од Деловникот на советот решението за свикување на седницата на советот со предлог дневен ред и материјалите по прашањата што…

повеќе...

ВМРО-НП: Да се искористат идеите на градските татковци

ВМРО – Народна партија во врска со Советот на градски татковци испрати соопштение во кое стои: „Откако новата власт во Локалната самоуправа го превзеде раководењето со Општината, една од првите активности беше формирање Совет на градски татковци. Во него членуваат успешни и искусни бизнисмени, образовани луѓе кои се докажале во својата професија. Основната цел на ова тело беше да помага во развојот на Охрид и во привлекувањето инвестиции. Јавноста, до денес, не е запозната дали ова тело воопшто функционира, дали се состанува, дали работи за остварување на цела за кое…

повеќе...