„Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го поздравува именувањето на Томислав Тунтев за претседател на Општинска организација на СДСМ Охрид. После големиот пораз на последните локални избори во кој значајна улога имаше координаторот на советничката група на СДСМ и заменик на поразениот градоначалник, вакавата промена на политичката сцена е навистина добредојдена. Фактот дека новоименуваниот претседател на СДСМ беше главен креатор на политиките на Петрески, главен креатор на донесувањето на штетни одлуки од урбана и финансиска сфера во Охрид и главен креатор на задолжувачките политики на Охрид, кажува дека СДСМ ниту се менува,…
повеќе...Tag: партија
Томислав Тунтев е избран за претседател на ОО на СДСМ – Охрид
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска го именуваше Томислав Тунтев за претседател на ОО на СДСМ – Охрид. Тунтев е избран на Отворен повик за самокандидирање, односно низ внатрепартиска процедура пропишана во член 31, став 1, алинеја 6, член 68 и член 68‐б од Статутот на СДСМ и Одлуката за распишување на внатрепартиски избори, како и Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во Општинските организации на СДСМ усвоени на Третата седница на Централниот одбор на СДСМ одржана на…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Никаков плач и манипулации не смее да спречи реформи во Охрид, посебно не од оние кои го уништија Охрид
„OO СДСМ го има истиот проблем кој ги пратеше и при 8 годишното насилство што го вршеше врз Охрид. Да не знае да разликува што е воведување на стандарди во работата, што е оценка за неквалитетна работа, а што се правни процедури. Тоа за СДСМ секогаш било туѓо. Никаков плач и манипулации не смее да спречи реформи во Охрид, посебно не од оние кои го уништија Охрид со своите одлуки, со своето однесување, со односот кон финансиите, со злоупотребата на администрацијата. Партијата СДСМ која со списоци ги малтретираше и се…
повеќе...СДСМ: Пораката е јасна – доколку сте непослушни и барате правда, не ви гине затвор
„Раководството на ОО на СДСМ од Охрид јавно го изразува своето незадоволство од актите на мобинг и партиско-политичко насилство што новата општинска власт го спроведува врз вработените во локалната самуправа. Целта на ваквиот режимско-полициски третман врз сопствените работници е да се замолчат и дисциплинираат сите што не размислуваат како ВМРО-ДПМНЕ. Лицемерни се изјавите на локалната власт дека општинската администрација е гломазна, неефикасна и непродуктивна, а истовремено да се вработуваат и ангажираат со договори повеќе десетици нови лица – послушни партиски војници од партијата на власт. Инфантилни се објаснувањата дека платите…
повеќе...Груевски: Не сме за предвремени избори, но се можни ако сме принудени со некој нов момент
Премиерот Никола Груевски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не е за предвремени избори иако според политичкото расположение во земјата тие би биле поволни за партијата, но сепак остава можност тие да се случат ако, како што вели, бидат принудени со некаков нов момент. „Ние не сме расположени да има предвремени избори иако состојбата на теренот е поволна за ВМРО-ДПМНЕ. Ние би имале победа во случај на предвремени избори. Наше размислување е дека ние би требало да се фокусираме на реализација на програмата која веќе ја реализираме и треба да продолжиме со тоа…
повеќе...Отворен повик за самокандидирање на претседатели на општинските организации на СДСМ
Врз основа на член 31, став 1, алинеја 6, член 68, став 2, член 68-а и член 68-б од Статутот на СДСМ и Одлуката за распишување на внатрепартиски избори како и правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во Општинските организации на СДСМ усвоени на Третата седница на Централниот одбор на СДСМ одржана на 30.06.2013 година, се објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за самокандидирање за претседатели на општинските организации на СДСМ во Охрид, Карпош, Кочани, Битола, Штип, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка Социјалдемократскиот сојуз на…
повеќе...СДСМ: Реваншизмот на ДПМНЕ
„ОО на СДСМ Охрид, како сериозна и одговорна партија досега не реагираше на некои несфатливи и неодговорни потези на локалната власт и градоначалникот Никола Бакрачески, почитувајќи ги 100-те џентлеменски денови од преземањето на власта во Охрид, но истовремено не навлегувајќи во разни шпекулации за одредени состојби. Но со денешниот чин на врачување за разместување на вработените во ЈП ,,Билјанини извори,, ја прели чашата на толеранција. Имено, несфатливо е како може да се прераспределуваат работници на работни места кои не се според нивното образование и квалификации. Прв на удар на ова…
повеќе...ЛДП: Дали станува збор за тивко партиско преобојување на симболот на Општина Охрид?
ОО ЛДП Охрид испрати соопштение во кое реагира на менувањето на бојата на официјалното лого на Општина Охрид: „ЛДП несакајќи да биде опонент по секоја цена ја премолчи неовластената промена на боите на симболот на Општина Охрид за време на промоцијата на двокатниот автобус каде беше поставена налепница во целосно различни бои од официјалните бои на симболот на Општина Охрид. Имено денес, повторно, во обидот за регулирање на цените на такси превозниците, односно новите официјални налепници со цени, не се во согласност со официјалната боја на Општина Охрид. Симболиката на…
повеќе...ЛДП: Лица кои имале Договор на дело со Општина Охрид повикани на информативен разговор во Полиција
Откако во јавноста проструи веста дека лица кои имале Договор на дело со Општина Охрид биле повикани на информативен разговор во Полициската станица во Охрид, со реакција излезе ОО ЛДП Охрид во која стои: „ЛДП чувствува морална одговорност како партија да застане во одбрана на човековите слободи и права. ЛДП не е лицемерна во одбраната на граѓаните и затоа во никој случај нема да бидеме неми набљудувачи на состојбите. Имено, службени лица во униформа од полициската станица од Охрид, одат по домовите на луѓе кои имале Договори на дело со Општина Охрид…
повеќе...ВМРО-НП: Надлежните институции да го спасат Слатинското Езеро
Соочени со катастрофалната состојба на Слатинското Езеро, ВМРО – Народна партија е сериозно загрижена за неговата иднина. Во очи на Денот на екологијата, тоа езеро се бори да преживее. „Поради негрижата на надлежните институции и концесионерот, флората и фауната се пред изумирање. Нивото на водата во езерото од девет метри е намалено на само еден метар. Бидејќи состојбата е алармантна, апелираме до сите надлежни институции, во најбрз можен рок, да го санираат процепот на браната од каде што истекува водата и да го спасат Слатинското Езеро. Државата е таа која…
повеќе...