Министерот за финансии Зоран Ставрески на гостувањето во вестите на Сител потенцираше дека дури повеќе од 25 индустриски гранки зависат од градежништвото. До сега Владата одвојуваше средства од буџетот за да се стимулира градежништвото, во период на светска економска криза, а со тоа да се отворат работни места и да се отвори пазарот. „Може да се очекува продолжување со ваквите политики. И понатаму ќе има многу пари од буџетот. Годишно преку 340-350 милиони евра наменети за капитални проекти, а плус на тоа има околу 200-250 милиони евра капитални проекти кои…
повеќе...Tag: патишта
Расчистен магистралниот пат во близина на Св.Стефан
Пред празнувањето на верскиот празник „Пренос на моштите на св.архиѓакон Стефан“ во манастирскиот комплекс Св.Стефан, екипите на „Јавна хигиена“ извршија темелно расчистување на магистралниот пат, на потегот од паркинг-просторот кај „Горица 3“ до х.„Гранит“. На овој потег собрани се 30 вреќи комунален отпад (расфрлана хартија, пластика, лименки и др.). Од ЈП „Охридски Комуналец“ напоменуваат дека овој отпад беше расфрлан покрај магистралниот пат, чие одржување не е во надлежност на претпријатието, додека пак во туристичката населба „Свети Стефан“ Комуналец има ангажирано извршител кој секојдневно ја одржува јавната хигиена.
повеќе...Започна реконструкцијата на регионалниот пат Ботун-Белчишта
Започна реконструкцијата на регионалниот пат од Ботун до Белчишта. Се реконструира регионалниот пат од Ботун до Белчишта во должина од 1600 метри. Работите ги изведува Македонијапат, по налог на Јавното Претпријатие Македонијапат.
повеќе...После 35 години Македонија ќе добие најсовремени патнички возови
Договор за набавка на нови четири дизел моторни гарнитури и две електромоторни гарнитури за превоз на патници во железничкиот сообраќај потпишаа денеска Владата на РМ и кинеската корпорација CSR, една од најголемите компании во светот за производство на вагони и локомотиви. Првите гарнитури треба да стигнат идното лето. Нивниот капацитет е за околу 1200 патници, целосно ќе бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност. Инвестицијата за овој проект е 25 милиони евра –…
повеќе...Започна уредувањето на хоризонаталната сообраќајна сигнализација
Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид, ноќеска на полноќ започна со најавеното уредување на хоризонталната сообраќајна сигнализација, односно бојадисување на осовинските линии и пешачките премини. Уредувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација, вечерва продолжува на улицата „Туристичка“. Поради тоа од Секторот за комунален развој , сообраќај и патишта при општина Охрид апелираат до охриѓани кои живеат на горенаведената улица, вечерва да не ги паркираат своите автомобили на оваа јавна површина, со цел да има непречено одвивање на акцијата. Акцијата се спроведува согласно годишното одржување на патиштата и истата…
повеќе...Уште не ни дојде умот (Црна точка на патот Охрид- Пештани кај плажата Атлантик)
Уште не се научивме! Уште не ни дојде умот! Уште колку сообраќајки треба да се направат на ова место, на овој чуден и непотребен превалец на патот Охрид – Пештани?! Уште колку жртви треба да земе оваа голема црна точка кај новата плажа Атлантик*?! Уште колкумина млади возачи и патници треба да загинат и уште колку споменици треба да стојат речиси на патот (веднаш до коловозот!) на местото на несреќите на ова мошне прометно место кај Елешец?! И кој треба да реагира освен локалните жители од Елшани и Елешец и…
повеќе...Во сообраќајна незгода кај Подмоље загина 20-годишен охриѓанец
На 20.06.2014 година, во 01,40 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај надвозникот кај с.Подмоље се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „шкода фелиција“ управувано од Жарко Ц.(20) од Охрид, удрило во бетонски столб од надвозникот, при што насталан пожар, а потоа и експлозија. Во незгодата на лице место починал Жарко.
повеќе...Груевски: Поддршка за бизнисот, нови патишта и намалување на ДДВ
За поддршка на домашното стопанство во наредниот период ќе бидат реализирани бројни мерки и активности, најави мандатарот Никола Груевски, при презентацијата на Предлог-владината програма за периодот 2014-2018 година. Меѓу најзначајните наброја нови 100 милиони евра поволни финансиски средства со субвенционирана камата од 5,5 проценти, докапитализација на МБПР со 10 милиони евра, наменети за производство за извоз, финансирање земјоделски производство и извоз и откуп, а ќе продолжи и проектот странски експерти за домашни компании. „Владата ќе продолжи со политиките за создавање рамен и еднаков терен за фирмите и намалување на нелојалната…
повеќе...Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес и Куманово-К.Паланка. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената патна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
повеќе...СДСМ Дебарца: Патиштата и јавните површини во Дебарца обраснати со трева
Центарот за комуникации при ОО СДСМ Дебарца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „И покрај големите ветувања на новата локална власт во општина Дебарца и пред се на новото раководство на Јавното комунално претпријатие „Дебрца“ дека ќе ја подобрат состојбата со јавната чистота во општината состојбата ни оддалеку не е таква. Сите општински патишта, улиците и јавните површини во населените места се покриени со трева, со што е доведено во прашање безбедното одвивање на сообраќајот, односно нормалното функционирање на јавните површини за основните намени. Граѓаните со сметките за…
повеќе...