Се проширува патот за Елшани

Локалната самоуправа се грижи и за локалните патишта. Деновиве, Mесната Заедница Елшани во соработка со Општинскиот инспекторат и ЈП „Охридски Комуналец“ работи на расчистување и проширување на патот за Елшани.

повеќе...

Започна изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Со инвестиција од 375 милиони евра Кичево и Охрид ќе се поврзат со автопат, со должина од 57 километри, кој треба да го олесни и забрза трансрпотот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој. Активностите за изградба на автопатот почнаа денеска со поставување камен-темелник кај кичевското село „Извор“, во присуство на премиерот Груевски, министри, амбасадори и градоначалници. „Инвестицијата за овој капитален проект се проценува на околу 375 милиони евра со што ова е највисоката инфраструктурна инвестиција во последните 50 години во Македонија“, -истакна Груевски. Досега…

повеќе...

Груевски: Изградбата на автопатот Скопје – Штип историски ден за Источна Македонија

Почна изградбата на првиот автопат во Источна Македонија. Кај местото „Три чешми“ денеска беше поставен камен-теменик на нова автопатска делница Миладиновци-Свети Николе-Штип, во должина од 47 километри, во присуство на премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министри, амбасадори, градоначалници… „Денеска е историски ден за Источна Македонија. Проектот за кој долго се зборуваше почна со реализација, денеска почнуваме да го градиме, овде во Штип по изградбата на универзитетот „Гоце Делчев“ и ТИР зоната, а кога ВМРО ветува така е. Февруари 2014 година ќе остане забележан како датум да се гради првиот…

повеќе...

Пратеникот Николоски: После години работа почнуваме да го градиме најбитниот инфрастуктурен проект за Охрид и цела Западна Македонија

На 74-тата седница на Собранието на Република Македонија беа усвоени Предлог на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево- Охрид и Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид”. Како што беше  најавено дека градежните работи ќе започнат во првиот квартал од 2014 година,  свеченото отпочнување со градба на автопатот од Кичево до Охрид е во сабота, на 22 февруари. Автопатот од…

повеќе...

Утре отпочнува асфалтирањето на улиците во Косел

Утре отпочнува асфалтирањето на улиците во село Косел, како дел од Програмата за поддршка руралниот развој. Средствата за оваа активност се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.

повеќе...

Годинава започнуваат активностите за изградба на магистралниот пат од Охрид до Св.Наум

До средината на оваа година ќе биде готов проектот  за изградба на магистралниот пат од делницата кај  бензинската пумпа  Билјанини извори до селото Пештани, а на крајот од оваа или почетокот на наредната година ќе започне неговата реализација, најави вчера директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски,  кој беше во работна посета на Охрид. „Се проектира широчина на магистралниот пат од околу 12 метри со четири коловозни ленти по двата патни правци. Владата веќе размислува и прави нацрт конструкција до крајот на оваа и почетокот на наредната година да…

повеќе...

Онлајн состојбата на патарините и граничните премини

Информации за состојбата на патиштата низ државата, со пренос во живо на сообраќајот на сите патарини и на најфреквентните гранични премини, преглед на тековните и реализираните активности за изградба на патишта, увид во трошоците за таа намена… Тоа од денеска е достапно преку новиот портал на Јавното претпријатие за државни патишта, www.roads.org.mk, што го промовираа директорот на претпријатието Љупчо Георгиевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Може во живо да се следи определена патна делница и да се види каков е протокот на возила. Ова е важно кога…

повеќе...

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

повеќе...

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива претежно по суви коловози, без забрани и застои

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, претежно по суви коловози, без забрани и застои.Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

повеќе...

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани по наместа влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, застои и ограничувања, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена видливост до 100 метри на планинскиот премин Стража. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

повеќе...