Општинската организација на Сојуз на борците од Охрид и Дебрца организираше Марш по повод меѓународниот Ден на мирот-21 септември, под мотото Ветераните чекорат за мир. Соочени со постојаните закани за загрозување на најдрагоцената придобивка и потреба на човештвото-Светскиот мир, Организацијата на Обединетите нации го прогласи 21 септември за Ден на мирот. Светската федерација на ветераните, секоја година, традиционално во овие денови организираа насекаде во светот мировни манифестации под симболично име-Ветераните маршираат за мир. Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните антифашисти, продолжувачи на слободарските…
повеќе...Tag: пензионери
Со свечена пригода се одбележа Денот на пензионерите на Македонија
По повод Денот на пензионерите на Македонија 20 септември, Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца, денес во големата сала на општина Охрид одржа пригодна свеченост. За историјатот, значењето, развојот и улогата на Сојузот на пензионерите на Македонија, а со тоа, и на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца пригоден говор одржа претседателот на Извршниот одбор на пензионерите од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. Успехот на пензионерите – спортисти од Здружението е во преден план со што го воздигнаа ова Здружение како доста успешно и со достигнати врвни резултати,…
повеќе...Поштар пријавил дека ги загубил пензиите и самоиницијативно дал отказ
СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал – Одделение за перење пари и финансиски криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето Ј.Д. (46) за сторено кривично дело – “затајување“ казниво по чл.239 од КЗ на РМ. Според документираните сознанија од истрагата пријавениот во текот на јули годинава, односно на 09.07., во својство на поштар вработен во АД Македонска Пошта – Подружница ЦРПС Скопје 1 Скопје ЕПМ 1060 Ѓорче Петров, постапувајќи спротивно на договорот за вршење на универзална поштенска услуга, прием и достава на пратки, противправно присвоил…
повеќе...Охридската библиотека ќе им даде подарок на пензионерите кои утре ќе изнајмат книга
По повод Празникот на пензионерите, 20-ти септември, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, одлучи да им подари по еден наслов на сите пензионери кои во текот на утрешниот ден ќе изнајмат книга од Библиотеката.
повеќе...Охридските пензионери по трет пат го освоија првото место на Републичките спортски натпревари во Штип
Денеска Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца во Домот на пензионерите одржа прес конференција, по повод освојувањето на првото место на Републичките спортски натпревари одржани викендов во Штип. За ова престижно постигнување од областа на спортот, зборуваше претседателот на Извршниот одбор на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески кој посебно истакна дека оваа манифестација се одлучи да се одржи на Денот – светол празник на нашата држава, осми септември. По трет пат последователно Охридското здружение на пензионери е републички првак на оваа…
повеќе...Министерот Џафери и началникот на ГШ на АРМ Котески на средба со пензионираните генерали
Министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал мајор Горанчо Котески денеска, во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ – 18 Август, се сретнаа со поранешните началници на ГШ на АРМ и пензионираните генерали. Со оваа активност, им порача министерот Џафери, покажуваме дека вие не сте заборавени, туку напротив, вашето искуство е добредојдено. Началникот на ГШ на АРМ, Котески, посочи дека денешниот ручек е начин за споделување на информации и мислења поврзани со процесите за развој и трансформација на АРМ. „Вие оставивте…
повеќе...Спасов: Дополнителни 1.400 пензионери ќе одат бесплатно на бања
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска оствари средба со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија Драги Аргировски. „Најпрво би сакал да изразам огромна почит кон сите пензионери во Република Македонија и кон раководството на Сојузот на пензионери на Република Македонија, бидејќи според мене старите лица и пензионерите се луѓето кои што учествувале во изградбата на оваа држава и токму поради тоа од нас помладата генерација ја заслужуваат должната почит, меѓутоа исто така и посветеност за реализација на нивните потреби и барања и проекти…
повеќе...Најавени законски измени за можностите за инвестирање на пензиските друштва
Зголемување на обемот на инвестиции и дозволени инструменти за инвестирање на пензиските фондови, зголемување на можностите за инвестирање во земјите со брзорастечки економии и воведување мулти фондови имаат, меѓу другото, за цел законските и подзаконските измени што ги подготвува Министерството за труд и социјална политика за да се овозможи поголем обем на средства на индивидуалните сметки на членовите, повисок принос од средствата и поголем избор при инвестирањето. Измените се резултат на анализата што ја направило МТСП во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС), други надлежни…
повеќе...Бакрачески ги посети претставниците на здружението на пензионери
Во текот на Осмомартовскиот ден кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески ги посети претставниците на здружението на пензионери на Општина Охрид и се придружи на нивното одбележување на празникот на жената. Честитајќи им го празникот Бакрачески им посака на пензионерите среќни денови. При посетата Бакрачески беше придружуван и од носителот на листата за советници Јованка Точко.
повеќе...Пензионерите го добија ветеното зголемување на пензиите
Околу 286 илјади пензионери денеска го добија ветеното зголемување на пензиите. На нивните сметки утрината се уплатени средствата за февруарската пензија која е зголемена за 550 денари линеарно за секој пензионер. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека зголемувањето на пензиите е целосно вклопено во проекциите на Буџетот за 2013 година и оти пензионерите можат да бидат спокојни дека секој месец ќе ги добиваат навреме пензиите покачени за 550 денари. „На тој начин директно го помагаме животниот стандард на пензионерите. Секако, средствата никогаш не се доволно, но секое…
повеќе...