Доколку играте некоја игра согласно правилата, а вашиот противник мами, вие сте тие што ќе изгубите. Доколку судијата е наклонет кон вашиот противник, иако тој мами, ќе доживеете пораз. Дали тоа значи дека ве поттикнувам и вие да мамите за да му парирате на противникот? НЕ. Едноставно, откажете се од играта. За жал, „играта“ во овој случај е Македонија, а се работи за нејзино опстојување како независна држава. Па и Западот си ги менува правилата како што минува времето. Клучот сепак е во посед на Македонија и таа може во…
повеќе...Tag: писмо
Отворено писмо: Очекуваме Египќанец/ка да биде на добитна комбинација на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ Охрид
Египќаните од Охрид, како втора по бројност етничка заедница, основано положуваат големи надежи дека Египќанец или Египќанка ќе се најде на добитно место на листата за советници на ВМРО ДПМНЕ-Охрид.Како, НВО КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ, која потпиша Меморандум за Соработка со политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ, која од друга страна е победник на одржаните предвремени парламентарни избори и која освои 51 мандат, огромно мнозинство на Египкани, ги подржаа листите на ВМРО ДПМНЕ, иако немаше на тие листи Египќанец или Египќанка. Ние, цврсто стоиме на ставот, дека пред се и над се државните…
повеќе...Еко-свест со отворено писмо до Општина Охрид
Почитуван г-дин Бакрачески, Со цел изнаоѓање на заедничко решение, а во насока на оддржлив развој во општина Охрид и без предизвикување штети на скапоцениот биодиверзитет во вашата општина, би сакале преку ова отворено писмо да Ве поканиме на работна средба. Изминатата година Еко-свест оствари соработка со граѓански иницијативи и домашни и странски експерти во насока на изнаоѓање решенија кои би понудиле оддржлив развој на Охрид. Како резултат на овие соработки беше организирана научната конференција „Скапоценостите на Македонија“ на која беше утврдена огромната важност на биодиверзитетот во НП Галичица и Охридско Езеро и од страна на домашните…
повеќе...Писмо: Ден на рибари во Охрид без рибари и охридска риба
Како претседател на Здружение на рекреативни риболовци „Св. Апостол Петар“ од Охрид должен сум да реагирам на Одлуката на организаторите на манифестацијата „Ден на рибарите“ со која одлучиле да на овој ден на брегот на Охридско Езеро прават рибна чорба од морска риба. Се прашувам, а и ги прашувам организаторите дали некаде во светот на места кои изобилуваат со рибен фонд и имаат вековна традиција наместо со автохтона риба, а со цел да „заштедат“ од некој си буџет купуваат замрзнат ослич и лосос кој патем можеби е и 20 години…
повеќе...Писмо со сочувство по повод смртта на Михал Ковач, прв демократски избран претседател на Словачката Република
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод смртта на г. Михал Ковач, прв демократски избран претседател на Словачката Република и еден од основачите на Движењето за демократска Словачка, упати писмо со сочувство до г. Андреј Киска, Претседател на Словачката Република. „Почитуван господине Претседател, Со длабоко жалење ја примив веста за смртта на еден од основачите на Движењето за демократска Словачка и прв демократски избран претседател на Словачката Република, г. Михал Ковач. Дозволете ми, господине Претседателe, во овој тажен миг за Вас и за словачкиот народ, од името на…
повеќе...Претседателот Иванов со писмо со сочувство до претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод катастрофалниот земјотрес во централна Италија, испрати писмо со сочувство до претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела. „Почитуван господине Претседател, Со голема тага ја примив веста за катастрофалниот земјотрес во централна Италија и искрено жалам за загубените животи од оваа голема трагедија. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Италијанската Република и за семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко и…
повеќе...Писмо на Заев: Да се преземат чекори по мислењето на Венецијанската комисија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати писма до претседателите на политичките партии-потписнички на Договорот од Пржино и до амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија. Во писмото, претседателот Заев наведува дека по донесувањето на Мислењето за Законот за приватност и Законот за пријавувачи од страна на Венецијанската комисија, потребно е да се преземат чекори за да се избегнат штетните недоследности во примената на Договорот од Пржино. Претседателот Заев повикува на решавање на неколку прашања пред Законот за приватност и Законот за пријавувачи да влезат во сила, како и пред датумот…
повеќе...Претседателот Иванов со сочувство до претседателот на Србија, Томислав Николиќ
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод загинувањето на двајцата дипломати на Република Србија во Либија, упати писмо со сочувство до претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ. „Почитуван господине Претседателе, Со длабоко жалење ја примив тажната вест за трагичната загуба на двајцата дипломати на Република Србија во Либија. Во овие тешки моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на најдлабоко сочувство. Ве молам, господине…
повеќе...Претседатлот Иванов упати сочуство до претседателот на Турција
По повод терористичките напади во Анкара и Дијарбакир, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати сочувство до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со следната содржина: „Почитуван господине Претседателe, Со шок и огорченост ја примив веста за последните терористички напади во Анкара и Дијарбакир. Во овие моменти на длабока тага во Република Турција, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија да изразам искрено сочувство. Најостро ги осудуваме овие насилни варварски напади, во време кога се прават напори за да се постигнат заеднички и сеопфатни решенија за…
повеќе...Еколошка заштита на источниот брег на Охридското Езеро
„Почитувани граѓани на Охрид, Струга и Дебрца почитувани претставници на централната власт од РМ, почитувани претставници на локалните власти на Охрид, Струга и Дебарца Почитувани медиуми , независно кому му припаѓате, државни или приватни, ТВ , радио или печат Охридското Езеро со неговото сливно подрачје претставува голем економски потенцијал за Централната власт од РМ, како и локалните власти од Охрид, Струга и Дебарца -Охридско Езеро со вкупна површина од 358км2 и водена маса од 58км3 вода -Годишно производство на електрична енергија од 500 милиони киловат часови преку централите Глобочица и…
повеќе...