СВР Охрид презема мерки за расветлување на сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и пронаоѓање на сторител кој предизвикал опожарување на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблици. Казненото дело е сторено на ден 31 март оваа година околу 01 часот на улицата „Климентов Универзитет“ во Охрид. Од извршениот увид на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште, кровот и задниот лев трепкач. Пожарот е…
повеќе...Tag: полиција
Притворен албанскиот државјанин кој пустошеше шума кај Св.Наум
На 28.03.2017 година во 18:00 часот, од страна на полициски службеници од ГП-ГН „Св.Наум“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ кражба“ по чл.235 став 3 од Кривичниот законик на Р.Македонија, приведен е Ќ.Х. (49) од Р.Албанија. На 29.03.2016 година во 16:30 часот лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен суд-Охрид, каде му е одредена мерка притвор во траење од осум дена и е спроведено во Казнено-поправната установа Охрид.
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец поради неовластено навлегување во компјутерски систем
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(29) од кичевското село Грешница. Пријавениот, во текот на oктомври, ноември и декември 2016 година со намера да стекне со противправна имотна корист, во 11 наврати неовластено навлегол во електронски систем на Мастер кард во сопственост на Е.Џ. од Кичево. На тој начин предизвикал невистинит резултат при електронската обработка и преносот на податоците, по што извршил трансфер на парични средства во износ од 137.000 денари кои…
повеќе...Непознати лица краделе дрва со моторна пила и два коњи во близина на изворот Свети Наум
Вчера околу 17:00 часот, во близина на изворот Свети Наум кај м.в. „Војтино“, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Св.Наум“ и Шумска Полиција биле забележани две непознати лица кои вршат кривично дело „кражба на дрва“ со моторна пила и два коњи за товарање на дрвата. Едно од лицата е фатено и лишено од слобода, додека другото лице се дало во бегство. Моторната пила, коњите и околу два кубни метри дрва се обезбедени и фотографирани од страна на Крим-техника од СВР Охрид. Истите ќе бидат подигнати…
повеќе...Кривична за инвеститор кој без одобрение изградил куќа во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т. (47) од Охрид. Пријавениот, како инвеститор, без одобрение за градба и спротивно на законот за градење издадено од надлежен орган, бесправно изградил семејна куќа од П+1 кат на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид. Во текот на февруари оваа година, овластен градежен инспектор од одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, извршил инспекциски надзор и со записник потврдил дека се работи за бесправно изграден објект, спротивно на Законот за градење.
повеќе...Кривична пријава за стружанец кој градел без одобрение за градба
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“ криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против Ш.О. (52) од Струга. По примена пријава од граѓани, извршен е инспекциски надзор од градежна инспекција при општина Струга. Притоа, утврдено е дека пријавениот Ш.О. како инвеститор на земјиште сопственост на станарите, без одобрение за градба започнал со доградба на приземјето од колективна станбена зграда со димензии 2,3×1,3метри лоцирана на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга. Поради констатирани незаконитости, општинската градежна инспекција-Струга донесла решение и заклучок за отстранување на…
повеќе...Кривична за овчарот од Бачишта чии кучиња го усмртија четиригодишното дете
НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Ш.В. (49) од с.Бачишта, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“. Пријавениот на 16.03.2017 година во с.Бачишта во близина на неговото трло со овци пуштил неконтролирано да се движат опасни овчарски кучиња, негова сопственост, кои нападнале четиригодишно дете од с.Бачишта. Детето било нападнато кога излегло само од дворот каде што живее при што се здобило со тешки телесни повреди од кои на 19.03.2017 година починало.
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец кој упатувал сериозни закани кон неговата сопруга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (38) од Охрид. Пријавениот, подолг период ја загрозувал сигурноста на неговата сопруга, со која не живеел во заедница, упатувајќи и сериозни закани дека ќе нападне врз нејзиниот живот. Тоа го правел со испраќање пораки со навредлива и заканителна содржина како и со често одење на нејзиното работно место. На 25-ти минатиот месец, пријавениот А.И. по серија упатени СМС пораки со закани, отишол на нејзиното работно место и пред присутните колеги отпочнал…
повеќе...Жител од кичевско неовластено навлегол во компјутерски систем
НК КР Кичево поднесе кривична пријава против А.М. (29) од с.Грешница, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. Пријавениот во периодот од oктомври до декември 2016 година во 11 наврати неовластено навлегол во електронски систем на мастер кард на лице од Кичево, по што извршил трансфер на парични средства во износ од 137.000 денари.
повеќе...Пронајдена дрога во Охрид кај жител од Жировница
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б. (30) од с.Жировница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суостанции и прекурсорси”. На 14.08.2016 година во 23.35 часот, во кругот на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот и пронашле четири рачно изработени цигари со 2,48 грама марихуана.
повеќе...