СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против лицата С.С. (34),Б.Т. (60) и О.В. (32) сите од Скопје поради основи на сомнение дека првопријавениот С.С. извршил четири кривични дела – “разбоjништво“ предвидено и казниво по член 237 од КЗ, второпријавениот Б.Т. извршил по четири кривични дела – “поттикнување“ предвидено и казниво по член 23, “помагање“ – предвидено и казниво по член 24 и “прикривање“, предвидено и казниво по член 261 од КЗ, додека пак третопријавениот О.В. извршил по едно кривично дело “помагање“ предвидено и казниво…
повеќе...Tag: полиција
Во возило во Струга запленети 42 килограми дрога
Околу 42 килограми зелена тревкаста материја се пронајдени во патнички автомобил, синоќа во Струга при координирана акција на криминалистичката полиција од Струга и Охрид. Акцијата, беше реализирана околу 22 часот во близина на еден хотел на улицата „Димче Ковачески“ во Струга. Полициските инспектори заедно со полициски службеници од полициската станица во Струга, извршија запирање на патничко моторно возило „Мини Купер“ со струшки регистарски ознаки управувано од Ф.И.(31) од струшкото село Калишта. При извршен преглед во возилото, забележани се пет вреќи со тревкаста материја завиткана во повеќе јутени и платнени опаковки.…
повеќе...СВР: Притвор и кривична пријава за осомничениот за убиството на 67 годишната охриѓанка
Поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид. Него, Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје. На 20-ти овој месец во 11 часот и 45 минути, пријавениот, со цел стекнување противправна имотна корист, поsвонал на станот од неговата соседка, сега починатата Спаса Б. (67) од Охрид. Пријавениот, претходно се осигурал дека таа е…
повеќе...Пронајдена дрога кај лице од Кичево
НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Х. (37) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 23.11.2016 година на ул. „11-ти Септември“ во Кичево од страна на полициски службеници извршен е преглед над Е.Н. од Кичево кај кого се пронајдени 0,13 грама хероин, кој за 400 денари го набавил од пријавениот.
повеќе...Убиена 67 годишна жена во нејзиниот стан на ул. „Галичица“ во Охрид
СВР Охрид презема интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „разбојништво со последица смрт“ извршено вчера на улицата „Галичица“ бр.31/21 во Охрид. СВР Охрид трага по сторител кој во текот на вчерашниот ден, во времето од 11 часот и 30 минути до 19 часот и 25 минути, влегол во станот на Спаса Б. (67) од Охрид, со опасно орудие-најверојатно нож ја нападнал и и задал повеќе смртоносни убодни рани во пределот на главата, вратот и телото, а потоа извршил пребарување низ собите. По извршување на кривичното дело, сторителот ја заклучил…
повеќе...Кривична пријава за стружанец и градежна фирма поради бесправно градење
НК КР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (57) од с.Биџево, струшко, и против правниот субјект ГТД-ДОО „ТРИМ“ увоз извоз Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот М.Ќ. во својство на управител на правниот субјект „Трим“, како изведувачи на колективна стамбена зграда лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга, постапиле спротивно на основниот проект за кое општината имала издадено одобрение за градба. Истите противправно изградиле дел од градбата над петтиот кат, односно над ламела 1 со димензии 13 x31 метри и над ламела 2 со…
повеќе...Кривична пријава за албански државјанин кој криучарел дрога во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ц. (44) од Поградец, Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси”. На 13.02.2017 година, по претходен договор со лице од Р.Албанија, извршиле транспорт на поголема количина на опојна дрога марихуана по воден пат преку водите на Охридско Езеро. Пријавениот од месноста Градиште презел една патна торба со шест поединечни пакувања на опојна дрога марихуана и ја ставил во своето ПМВ Мерцедес со албански регистарски ознаки и се упатил…
повеќе...Ограбена црквата Св.Наум во Лескоец
Засега непознат сторител изврши тешка кражба во црквата Св.Наум лоцирана во охридското село Лескоец. Во внатрешноста на црквата е влезено ноќта помеѓу 14 и 15 февруари оваа година, насилно и со употреба на подесен алат со кој е оштетена влезната врата од црквата. Сторителот на тешката кражба, за кратко време извршил пребарување во внатрешноста на црквата по што одзел 200 денари.
повеќе...Измама при купопродажба на автомобил
НК КР Струга поднесе кривична пријава против А.П. (49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во почетокот на декември С.И. од Струга нудел на продажба возило кое било во сопственост на С.С. од с.Шум. при што му се јавил пријавениот под друго име како купувач на возилото. Со оштетниот се договориле да го купи возилото за 3500 евра, а како гаранција да му даде капар од 500 евра, додека останантите 3000 евра да му ги даде кога ќе потпишат договор за префрлување на сопственост на возилото.
повеќе...Притворен албански државјанин кај кого била пронајдена дрога
Во врска со настан – пронајдена опојна дрога- даден во билтен од 13/14.02.2017 година, на 14.02.2017 година во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, на лицето Д.Ч. (44) од Р.Албанија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 14.02.2017 година истиот е предаден во Казнено – поправната установа-Затвор Охрид.
повеќе...