ОКП Охрид поднесе кривична пријава против М.И. (28) во Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 28.12.2016 година во 15,30 часот на ул. „Живко Чинго” во ОЕМУЦ Св.Наум Охридски, во ходникот од училиштето на приземје, при преземање на службени дејствија-утврдување на идентитет пријавениот истиот вербално го навредил полицискиот службеник, а потоа со глава го удрил во пределот на десната страна од челото нанесувајќи му телесни повреди. Пријавениот цело време бил агресивен и под дејство на алкохол. Полицискиот службеник…
повеќе...Tag: полиција
Тешките товарни возила кои чекаа за влез во Р.Грција почнаа да се пропуштааат
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утринава (12.01) од 09,30 часот дека од страна на грчките погранични органи на ГП Евзони отпочна пропуштањето на тешките товарни возила кои чекаа за влез во Р.Грција во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од лошите временски услови и состојбата на патиштата. Во моментов сеуште во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 ТМВ кои чекаат за влез во Р.Грција. Исто така Министерството за внатрешни работи известува дека на ГП Дојрани сеуште трае забраната за влез на товарни возила во Грција.
повеќе...Пронајден мртов 66 годишен жител на Лескоец
Вчера околу 18:30 часот во с.Лескоец-охридско, во сопствената куќа, бил пронајден починат П. В. (66), кој бил државјанин на Р.Македонија и Австралија. Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од ИМП. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено за обдукција.
повеќе...СВР Охрид и граничната полиција ќе донираат за семејството Садик
Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, како општествено одговорни институции ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото семејство Садик од Охрид, чија куќа и покуќнина изгореа во пожар. Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон настраданото семејство Садик, ќе ја покажат со доброволно донирање и собирање парични средства и нивно уплаќање на наменската жиро сметка во Охридска банка. „На овој начин сакаме да бидеме дел од граѓаните и институциите кои се приклучија во помош…
повеќе...Изгоре куќа на ул. „Даме Груев“ во Охрид
Вчера во 14:40 часот во ПС-Охрид, М.С. (51) од Охрид нa ул.„Даме Груев“ пријавил пожар во неговата куќа, кој настанал истиот ден во времето од 14:30 до 15:00 часот, додека М.С. се наоѓал во дневната соба, а неговата сестра во кујната, почувствувал мирис на горење и излегол надвор, при што видел дека гори кровот во близина на оџакот. Пожарот се проширил на останатиот дел на кровната конструкција на куќата. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ-Охрид. Од пожарот изгорена била скоро цела кровна конструкција и покуќнината. Причинетата материјална штета дополнително…
повеќе...Поднесена кривична пријава за стружанец кај кого била пронајдена дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(33) од Струга поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси” и „овозможување на употреба наркотични дроги”. На 16.07.2016 година во 14,30 часот во кругот на медицински центар Охрид, бил затекнат пријавениот како управува возило и при извршен претрес биле пронајдени најлонска паковка со опојна дрога метамфетамин со нето маса од 0,44 грама и најлонска паковка со опојна дрога марихуана со нето маса 2.35 грама, од која дрога пријавениот на Р.Д.…
повеќе...Млад прилепчанец пронајден мртов на Божик
Вчера во 15:45 часот во Прилеп поточно во објект од поранешно инфективно одделение, било пронајдено починато лице. Смрт била констатирана од страна на лекар од ИМП, а увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС ОН-Прилеп, при што било констатирано дека најверојатно се работи за лицето П.М. (26) од Прилеп. По наредба на ЈО над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
повеќе...Неуспешен грабеж на пошта во струшко Велешта
На 05/06.01.2017 година во ПТЕ лоцирана во с.Велешта- Струга, од страна на непознати сторители била исечена и отворена железната врата (решетка), по што насилно била отворена и алуминиумската влезна врата од поштата и истите влегле внатре и од една од просториите одзеле метален сеф. Потоа со употреба на штица го туркале низ скалилата се до асфалтниот пат, каде го оставиле по што го напуштиле местото на настанот. Во присуство на НККР-Струга, металниот сеф бил отворен од раководител на ПТЕ, при што било констатирано дека сторителите не успеале да го отворат…
повеќе...Жител од Радолишта паднал при чистење на оџак, починал на пат кон Клинички центар
Вчера околу 08.00 часот во с.Радолишта, струшко, С.М. (48) од истото село, при чистење оџак на куќата сопственост на неговиот брат, се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди. Медицинска помош му била укажана во Медицински центар Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал. Со истото возило е вратен во МЦ Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
повеќе...СВР Охрид им делеше новогодишни лампиони на возачите
Во пресрет на новата 2017 година, СВР Охрид, ја реализира традиционалната активност – новогодишен подарок за туристите. На булеварот „Македонски просветители“ пред кружниот тек на Градскиот плоштад, портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски, заедно со неколку полициски службеници им доделија лампиони на возачите. „На овој начин, со доделување на новогодишен лампион, сакаме на охриѓани и на туристите кои ќе слават во Охрид, да им посакаме среќна и безбедна 2017 година.“ – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. WebOhrid
повеќе...