Вчера околу 16:55 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Требеништа, се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ „Ивеко“ со албански национални ознаки, управувано од Л.Ц. (30) од Р.Албанија и мотоцикл „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управуван од К.В. (44) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.В. кој бил пренесен во болницата Св.Еразмо каде што починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
повеќе...Tag: полиција
Кривична пријава за лицето од Приштина кој украде картичка од стружанец
Поднесена кривична пријава против Г.Х. (53) од Приштина, Р. Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела и тоа „кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 16ти јули годинава, во ПС Струга од страна на Б.Т. од Струга пријавено е дека додека бил на Градскиот пазар пријавениот во згодна прилика од џеб на панталоните противправно му го одзел паричникот во кој имало лични документи и две банкарски картички од НЛБ Тутунска Банка со пин код, при што од едната банкарска картичка во два наврати подигнал…
повеќе...Кривична пријава за скопјанец осомничен за прикажување порнографски материјал на дете
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.Ц.(18) од Скопје, поради основи на сомнение дека во временскиот период јули-август 2016 година користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, на 12-годишно девојче од Скопје во повеќе наврати и’ прикажал фотографии со порнографска содржина. За кривичното дело „прикажување порнографски материјал на дете“, предвидено и казниво по член 193, од страна на Судија на претходна постапка на сега пријавениот му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш…
повеќе...Притворено лице од Приштина поради кражба на картичка од стружанец
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба“ и „оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.Х. (53) од Приштина. Него, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, изречена му е парична казна и протерување од Република Македонија во траење од три години. Пријавениот, на 16-ти минатиот месец, на градскиот пазар во Струга, во згодна прилика извршил џебна кражба од Б.Т. жител на Струга одземајќи му паричник со помала количина пари и една банкарска картичка од „Тутунска…
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец кој неовластено чувал оружје
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.М.(17) од Кичево. Пријавениот, во семејна куќа во Кичево, неовластено чувал полуавтоматско кусо огнено оружје-пиштол „ЦЗ“ калибар 9 милиметри. Пиштолот бил сопственост на неговиот татко кој имал соодветна дозвола за поседување на огненото оружје. На 20-ти јануари годинава, при невнимателност, пиштолот испукал еден куршум, пришто, од истрелот со повреди се здобила неговата малолетна сестра. Таа, по укажаната медицинска помош…
повеќе...Кривична пријава за лица од Скопје кои краделе во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против против Е.Д.(21), С.К.(21) како и против две малолетни лица на 16 годишна возраст, сите од Скопје. Кривичните дела, пријавените ги извршиле во раните утрински часови во периодот од 11 до 15 овој месец во следниве деловни објекти во Охрид: Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“, продавницата „Жане“ ДООЕЛ Охрид, во кафе баровите „Мохито“ и „Барон“, сендвичара „Трокадеро“, во магацински простор од ресторантот „Стационе“,кај бурегџилница „Тамам Бурек“ кај градскиот пазар и продавницата „Седо99“. Во…
повеќе...Момче се удави во Охридското Езеро, кај Св.Наум
Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело пронајдено вчера во водите на Охридското езеро во близина на воениот камп „Св.Наум“. Ова е констатацијата по извршениот увид во кампот и медицинскиот преглед извршен вчера околу 16 часот во амбулантата во Пештани. Од увидот извршен од полициски службеници по претходно овластување од Јавен обвинител како и по извршеното препознавање од блиските пријатели, констатирано е дека се работи за лицето Марко В. (24) од Скопје. Неговото безживотно тело, вчера околу 14 часот и 20 минути е пронајдено од медицинска екипа…
повеќе...Кривична пријава против надзорник во затвор заради примање поткуп
Oдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето М.К. (22) од Скопје, вработен како помлад надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. Имено пријавениот искористувајќи ја својата службена положба со намера да се стекне со противправна имотна корист, примил ветување за награда–поткуп од засега неутврдена вредност од лицето Н.А. (татко на притворено лице) за да изврши службено дејствие кое не смее да го изврши односно на притвореното лице Ш.А.…
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец поради кражба
ПС Kичево поднесе кривична пријава против Е.М. (20) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 29.07.2016 година на паркинг простор од хотел во Кичево, во згодна прилика извршена е кражба во патничко возило „Џип Чироки“ кој бил незаклучен, сопственост на Б.А. и од фиоката од совозачкото место одзел една кожна женска ташна во која имало 9.450 евра во разни апоени, 4.720 американски долари во разни апоени, златен накит и четири патни исправи, со што е причинета материјална штета во висина од околу 1.000.000 денари.
повеќе...МВР И МПС со помош за колегите чии домови се оштетени во поплавите
Во поплавите од 06.08.2016 година што зафатија повеќе делови на Скопје настрадаа домовите на голем број припадници на Министерството за внатрешни работи. Според податоците кои се утврдени на терен од службите на Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат(МПС), оштетени се домовите на 135 припадници на МВР. Според податоците на службите нема настрадани наши колеги или членови на нивните семејства. Со цел да им се помогне на нашите колеги Министерството и Синдикатот покренуваат повеќе акции. Во тек е акција за задршка на платата на вработените во МВР од по…
повеќе...