Минибус се судри со автомобил на „Туристичка“

Вечерва околу 19:30 часот на булеварот „Туристичка“ наспроти Државниот архив во Охрид, се случи сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки и охридски минибус „Фолксваген“.  На лице место увид изврши екипа на СВР Охрид, при што беше регулиран и сообраќајот, како би се избегнал поголем застој на кружниот тек. WebOhrid

повеќе...

Полициски службеник загина при интервенција во Куманово

Полицискиот службеник Г.С. (36) од Куманово почина вчеравечер во болницата во Куманово од повреди кои ги доби од нож при интервенција за приведување на лицето Е.Б. (33) од кумановската населба Средорек. Имено, на 30.07.2016 во 21.30 часот во СВР Куманово од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во во населбата Средорек, во куќата сопственост на М.Б., лицето Е.Б. (33) физички ги нападнал и повредил неговата мајка Р.Б. и неговата сеста Е.Б., кои биле пренесени на хируршкото одделение во болницата во Куманово. Веднаш потоа од полициската станица во болницата…

повеќе...

Ќерка го пријавила татка си за исчезнат

Вчера во 11:00 часот во ПС Струга, Д.З.(56) од с.Ливада, струшко, пријавила дека на 15ти јули годинава од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот татко М.У.(81) од с.Биџево. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Две лица од Србија фатени со дрога во Охрид

Вчера во 14:30 часот од страна на ОНТДО-Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, приведени се лицата Ф.А. (24) и М.В. (28), двајцата од Ниш-Р.Србија. Во 22:10 часот лицата се ослободени и во текот денот истите ќе треба да се јават на закажано судско рочиште во Основен Суд Охрид.

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради даночно затајување

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Д. (24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Во текот на 2012 и 2013 година, пријавениот откако извршил електронски услуги за физички лица од странство остварил приход за себе, но не поднел годишна пријава до надлежните органи и одбегнал да плати ДДВ во висина од 115.814 денари.

повеќе...

Кривична пријава за непознат сторител поради фалсификување пари

ПС Кичево поднесе кривична пријава против непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. На 25.03.2016 година во 17.00 часот на ул. „Булевар Ослободување“ во Кичево, пред влез на менувачница, при извршен преглед на лицето А.З. од Кичево, пронајдена била една фалсификувана банкнота од 500 денари, а од извршена експертиза, а на РМ, констатирано е дека не знаел дека е фалсификат. Истата претходно поради замена во евра му била дадена од лицето К.Р.Г. од Република Романија, кој исто така не знаел дека е фалсификувана,…

повеќе...

Пронајдена мртва 35 годишна холанѓанка во комплексот „Свети Стефан“ во Охрид

Вчера во 18:35 часот во СВР Охрид, лекар од Итна медицинска помош Охрид пријавил дека во комплексот Свети Стефан непознато женско лице не давало знаци на живот. Истото со возило било префрлено во Центарот за кардиоваскуларни болести во Св.Стефан каде доктор констатирал смрт над лицето без видливи траги на насилство. Увидна екипа екипа на СВР Охрид бил извршен увид на местото на настанот и било констатирано дека се работи за Ф.С. (35) од Холандија, која престојувала во хотел заедно со нејзиниот сопруг Д.Х.Х. (43) од Холандија. По наредба на Јавен…

повеќе...

Едукативно – превентивна акција „Вози одговорно – животот е во твои раце“

Во рамките на работата и реализацијата на предвидените програмски активности во годишната програма, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, утре 29 јули (петок) во 11:30 часот, ќе ја реализира едукативно-превентивната акција „Вози одговорно-животот е во твои раце“. Целта на оваа активност е потсетување на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на сообраќајот, внимателно управување со патничките и други моторни возила, подигнување на јавната свест за зголемена безбедност во сообраќајот и унапредување на сообраќајната безбедносна култура кај сите учесници во сообраќајот. Во рамките на…

повеќе...

Превентивен проект на СВР Охрид „Да се заштитиме од кражби“

„Да се заштитиме од кражби“ е превентивниот проект што СВР Охрид отпочна да го реализира преку велосипедската полициска патрола и оделението за превенција. Целта е подобрување на општата безбедносна состојба, но и навремена превенција на граѓаните од сите безбедносни ризици поврзани со кражби по плажи, куќи и станови, кражби од возила, кражби во згодна прилика и други имотни деликти. Во рамките на проектот, полициските службеници-велосипедисти се во постојана комуникација со граѓаните во централното градско подрачје, а посебно на плажите, со угостителите како и со одговорните на паркиралиштата. Спречете дрска кражба,…

повеќе...

Битолчанец и стружанец „заработија“ кривична пријава за осум казнени дела тешка кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени осум казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(41) од битолското село Велушина и М.С.(53) од струшкото село Ливада. Пријавените, во текот на минатиот месец казнените дела ги извршиле во неколку деловни објекти, куќи и станови во Охрид како и во две цркви во Косел и Лескоец. На тој начин, М.А. и М.С. се стекнале со противправна имотна корист од 429.900 денари. Во извршувањето на казнените дела, пријавените користеле хебла, клешти, метална ножица за сечење арматура и друг подесен алат…

повеќе...