Со решение на министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков од 20.05.2016 година, а во согласност со Законот за внатрешни работи, на должноста началник на СВР Охрид е поставен Гоце Недески, досегашен началник на одделението за криминалистичко-разузнавачка анализа. Во досегашното 18 годишно работење во СВР Охрид, Недески одговорно и успешно извршувал повеќе работни задачи а раководел со отсекот за економски криминал и за граници и странци. Недески посетувал повеќе меѓународни обуки за борба против организиран криминал како и меѓународни полициски академии во Унгарија, Германија и Египет. Гоце Недески дипломирал на…
повеќе...Tag: полиција
Нови кривични пријави во рамки на оперативната акција „Гора“
Во текот минатиот месец во рамки на ОА Гора поднесени се 14 кривични пријави против 17 лица за сторени 14 кривични дела од кои 10 кривични дела – “вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ (чл. 284-а) и по едно дело – “злоупотреба на службена положба и овластување“ (чл.353 в.в.чл.45), “пустошење на шума“ (чл.226 в.в чл.22), “кражба во обид“ (чл.235 в.в чл.19) и “кражба“ (235 ст.3). Притоа против лицата И.С. (35), М.Л. (53) Б.Р. (70), Д.Х. (33), Н.М. (29), Н.Л. (27), А.С. (62) Б.И. (30), З.А. (33) и М.И.…
повеќе...Викендов штрајкуваат царинските служби во Грција
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои планираа викендов да патуваат кон соседна Грција дека од страна на грчките погранични служби се известени дека во периодот од 20.05-23.05.2016 година царинските служби ќе штрајкуваат. Односно на ГП „Ники“ (ГП „Меџитлија“) и ГП „Дојрани“ (ГП „Стар Дојран“) сообраќајот ќе биде во прекин на патнички и товарни моторни возила додека преминувањето на границата пешки е дозволена за сите патници, додека пак на ГП „Евзони“ (ГП „Богородица“) сообраќајот при влез и излез од Р.Грција ќе се одвива со прекини. Односно после секои два…
повеќе...Работилица „Систем за следење, евалуација и известување во рамки на процесот на стратешко планирање“
Во рамки на активностите за унапредување на процесот на стратешко планирање, на 19.05.2016г. во организација на Единицата за стратешко планирање (Секторот за стратешко планирање и управување со квалитет во Одделот за односи со јавност и стратешки прашања) во седиштето на МВР се одржа еднодневна работилницана тема„Систем за следење, евалуација и известување во рамки на процесот на стратешко планирање“. Предавачи беа тројца претставници од Генералниот Секретаријат на Владата на РМакедонија а на работилницата присуствуваа 26 вработени (25 од Бирото за Јавна Безбедност и еден од Управата за безбезбедност и контраразузнавање) кои…
повеќе...Татко пријавил исчезнување на својата 19-годишната ќерка
Вчера во Полициската Станица Охрид Н.Н.(49) од Охрид пријавил дека на 18 мај, околу 20:00 часот од нивниот дом во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Т.Н.(19). СВР – Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...400 Полициски службеници потпишаа договор за вработување
Мисија на Министерството останува унапредување на полициската служба која ја ужива довербата на сите граѓани во земјата и која ги гарантира, штити и ги почитува основните права и слободи, без дискриминација по било која основа. Дел од мисијата е развој и зајакнување на проактивен модел на полициско работење кој ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на животот, имотот и личната безбедност на граѓаните, како и брз и ефикасен одговор на полицијата на сите можни предизвици“ ова го истакна министерот Чавков во Центарот за обука во Идризово, каде денес се одржа…
повеќе...Двајца охриѓани заработија кривична пријава поради напад врз службено лице
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б. (26) и Р.Ф.(23) двајцата од Охрид. На 12-ти овој месец околу 19 часот, пријавените физички нападнале шумар-вработен во охридската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ а потоа и припадник на шумската полиција. Настанот се случил кај месноста „Тројанско поле“ во атарот на селото Долно Лакочереј каде шумарот В.Б. вршел контрола за противправна сеча на огревно дрво. Тој се обидел да запре патничко возило „Застава 101“…
повеќе...Спасовски: Со кандидатите за полицајци никој не може да манипулира, ќе бидат дел од МВР!
Спасовски: Со кандидатите за полицајци никој не може да манипулира, ќе бидат дел од МВР!
повеќе...Кривична пријава за стружанка поради оштетување туѓи предмети
Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Оштетување туѓи предмети“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М. (24) од Струга. Пријавената, на 30-ти минатиот месец, извршила оштетување на спомен куќата на македонскиот револуционер Христо Узунов лоцирана на улицата „Коста Абраш“ во Охрид. што претставува македонско културно наследство и културно-историски споменик заштитен со закон од 1950 година. Настанот се случил околу 01 часот, кога пријавената без повод и причина, со спреј испишала недоличен и навредлив графит, по што се обидела да избега од местото. Испишувањето го забележал овластен…
повеќе...Кривична пријава за „Убиство на дете при пораѓање“
СВР Куманово поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово против Т.И.(23) од Скопје, поради основано сомнение дека сторила кривично дело „Убиство на дете при пораѓање“. Пријавената која што веќе била во 7/8 месец од бременоста и за која што бременост не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана и покрај сето ова тргнала на апсолвентска ексурзија. На 29.03.2016 година околу 11,30 часот на граничен премин „Табановце“, додека чекале за пасошка контрола пријавената почувствувала силни болки во пределот на стомакот и се упатила во тоалетот на граничниот премин. Притоа додека била во…
повеќе...