Кривична за жител од Радолишта поради бесправно градење

Полициската Станица Струга поднесе кривична пријава против Р.Б. (36) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на јануари 2016 година на катастарска парцела во катастарска општина Струга, на објект индивидуална стамбена куќа, изградил доградба и надградба со габарити спротивно на издаденото одобрение за градба од надлежните институции. Од страна на градежен инспектор на општина Струга составен е записник и донесено е решение за усогласување на градбата согласно одобрението.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кој нелегално градел

ПС Струга поднесе кривична пријава против Г.А. (55) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на декември 2015 година, на катастарска парцела во катастарска општина Струга, како закупец на деловен простор бурекџилница од времен карактер, поставил метална конструкција за настрешница без одобрение за градба. Од страна на градежен инспектор на општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на градбата.

повеќе...

Пронајдена дрога кај повеќе лица во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д. (30) и А.Б. (22), двајцата од Охрид, и непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против А.Ј. (19) и А.Б. (22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 5ти ноември минатата година во Охрид, во ресторан, од страна на полициски службеници биле затекнати А.Б. и Р.Д., при што бил извршен претрес на објектот и на лицата каде се…

повеќе...

Кривична пријава за директорот на „Проаква“ – Струга, во ресторани потрошил 98.000 евра

ПС Струга поднесе кривична пријава против В.К. (36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, во текот на 2013, 2014 и 2015 година, во својство на директор во МЈП „Проаква“-Струга, со несовесно работење и трошење на средствата за угостителски услуги, на јавното претпријатие му нанел вкупна материјална штета од 6.001.442 денари. Пријавениот парите ги исплаќал исклучиво за користење на угостителски услуги претежно од ресторани од Струга. По извршениот увид во книговодствената и правната служба како и во финасиските картици на ЈП…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец кај кого била пронајдена дрога

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х. (46) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 3ти ноември минатата година во Кичево од страна на полициски службеници сопрено е патничко возило „Рено-Еспејс“, управувано од З.В. од с.Трапчин Дол. При преглед на возилото пронајдена е алуминиумска фолија со траги од хероин на истата, а од извршен претрес во домот на пријавениот, пронајдени и одземени се и 13 мл метадон-синтетички опијат. Од преземени мерки утврдено е дека…

повеќе...

Кривично пријавени 19 годишен скопјанец и уште едно малолетно лице за неколку тешки кражби

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Г. (19) и едно малолетно лице на возраст од 16 години од Скопје поради основано сомнение дека Ш.Г. извршил пет кривични дела од кои едно кривично дело “одземање на моторно возило“ и четири кривични дела “тешки кражби“, а додека второтопријавено лице извршило три кривични дела “тешки кражби“. Од страна на Судија на претходна постапка на Ш.Г. одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Имено, првопријавениот Ш.Г. на 05-ти минатиот месец во точно неутврдено време на ул. “Скупи“ поточно во близина на болницата…

повеќе...

Информација за инцидент во угостителскиот објект „Казабланка“ – Скопје

Во врска со настанот кој е пријавен денеска во 12,30 часот дека лицето Т. П. е физички нападнато во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на неколку лица и е префрлено во Ургентен центар, од страна на СВР Скопје е постапено по пријавата, преземени се мерки и активности, по што од извршениот разговор со повредениот добиени се првични информации дека истиот околу 12,30 часот дошол во угостителскиот објект заедно со уште две лица со намера да ручаат. Но, кратко по доаѓањето, според тврдењето на Т.П., 5-6 лица, меѓу кои…

повеќе...

Самоубиство во Охрид – 54 годишен маж скокна од тераса

Вчера околу 13:30 часот во Охрид, улицата „Даме Груев“ самоубиство со скокање од тераса од сопствениот дом извршил Ване К. (54). Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица-Охрид, а по наредба на Јавен Обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

повеќе...

Стружанец заврши на токсикологија

Вчера во 06.44 часот во Полициската станца – Струга од интерното одделение на Медицинскиот центар Струга било пријавено дека на одделението било донесено затруено лице кое не е контактибилно. По преземени мерки било констатирано дека се работи за М.С. (33) од Струга. Поради сериозноста на здравствената состојба, истиот бил пренесен во Клиничкиот Центар Скопје – Оддел за токсикологија, каде е задржан за понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

повеќе...

Уште три кривични пријави во Оперативната акција „Гора“

СВР Скопје, во рамките на оперативната акција „Гора“, поднесе кривична пријава против И.З. (34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ и против Б.З. (31) и еден шеснаесетгодишник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во извршување кривично дело „кражба“. Првопријавениот И.З. во точно неутврдено време, место и начин противправно присвоил бесправно исечено 7.70 метри кубни огревно дрво без жиг и соодветна документација од туѓа шума. На 17.10.2015 година го натоварил дрвото во ТМВ „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, (сопственост на неговиот брат), и…

повеќе...