СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (47) од Охрид – референт за наплата и доделување на гробни места во ЈП „Градски гробишта“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот во периодот од 2011-2013 година за 74 погребани лица не изготвил налози за работа со пресметки за дадени услуги во вкупен износ од 186.630 денари, а за 27 надгробни споменици не изготвил налози за работа за извршени услуги во износ од 21,300 денари и истите не ги доставил до Секторот за…
повеќе...Tag: полиција
Притворени двајца кичевчани поради разбојничка кражба и убиство
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“ со последица лишување од живот, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.З. (20) и С.Ф.(21) двајцата од Кичево. Нив одреден им е притвор во траење од 30 дена по што се префрлени во затвор „Скопје“. На 09-ти овој месец, околу 20 часот, притворените, при вршење кражба во куќа на улица „Јосиф Јосифоски Свештарот“ во Кичево, биле затекнати од страна на сопственикот, сега покоен Зулфиќар М.(77) од Кичево. Притворените, употребиле сила врз него со намера да ги задржат…
повеќе...Средба на директори на полиција и шефови на гранични служби на западно-балканската рута во Загреб, Хрватска
Директорот на БЈБ, м-р Горанче Савовски денеска во Загреб, Република Хрватска, учествува на работен состанок на директори на полиција и шефови на гранични служби на западно-балканската рута на мигранти на кој учествуваат и делегации од Република Австрија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Србија и Република Словенија. На состанокот ќе бидат разменети информации за тековната ситуација во државите во однос на справувањето со миграциската криза и ќе се разгледуваат и можностите за натамошно продлабочување на соработката во справувањето со миграциските текови . Планирано е да се разгледа и предлогот за стандардизација…
повеќе...Пронајдено безживотното тело во кампот „Партизан“
Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело пронајдено денес во кампот „Партизан“ во населбата „Воска“ во Охрид. Ова е констатацијата по извршениот увид и медицинскиот преглед од доктор на брза помош, што денес беше извршен во кампот. Од извршениот увид предводен од Јавен обвинител во содејство со полициски службеници на СВР Охрид, констатирано е дека се работи за лицето Есад М.(49) од Охрид кој во СВР Охрид беше пријавен за исчезнат на седми овој месец. Според наводите во пријавата поднесени од неговиот брат, сега починатиот последен пат…
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец кој предизвикал пожар во куќа во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Предизвикување општа опасност“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(31) од Охрид. На 06-ти овој месец, пријавениот фрлил запаллива течност во влезната врата од куќа сопственост на неговиот пријател Д.У. од Струга. Настанот се случил околу 01 часот и 45 минути на улицата „Кузман Јосифовски Питу“ во Струга каде А.Р. пристигнал со шише полно со запаллива течност. Влегол во дворот од куќата, ја запалил течноста и шишето го фрлил во влезната врата по што веднаш настанал пожар кој за…
повеќе...Спасовски: Од јануари зголемена е ефикасноста на полицијата
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посети полициските станици во Дебар, Струга и Охрид. Во состав на планот за посети на полициските станици, со цел на терен да се запознае со состојбите како и да ги слушне потребите и проблемите на полицајците.
повеќе...Непознат сторител пукал во куќа во Велешта
Вчера во 08.15 часот во ПС-Струга Д.Б. (54) од с. Велешта, струшко, телефонски пријавил дека непознат сторител истиот ден околу 03.30 часот, од патничко возило во движење испукал неколку проектили од огнено оружје во правец на неговата куќа. На местото на настанот подигнати се траги и доказен материјал предадени на вештачење. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
повеќе...Стружанец лажно посредувал за работа во Германија и „заработил“ над илјада евра
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (31) од Струга. Во текот на ноември 2015 година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на неговиот пријател И.М. од Струга лажно му прикажал факти и го довел во заблуда, кажувајќи му дека познава луѓе од Скопје кои за одреден паричен надомест ќе му обезбедат работно место во Германија. Притоа, пријавениот побарал, и од И.М. во периодот ноември 2015-јануари 2016 година, добил вкупно 66.920,оо денари. Тој не…
повеќе...СВР Охрид – осомничени пет лица за повеќе кривични дела
Поради постоење основи на сомнение за повеќе сторени казнени дела, СВР Охрид поднесе кривична пријава против следниве пет лица: М.М.(61) вработена во одделението за катастар на недвижности Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, против едно засега непознато лице вработено во општина Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, М.Ќ. (56) од Биџево и Н.М (58) адвокат од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „договор…
повеќе...Пронајдена противтенковска мина кај струшкото село Биџево
Вчера околу 13.00 часот во Полициската станица Струга М.К. (48) од с.Биџево, струшко, пријавил дека при расчистување на канал во с.Бичево повлекол подземен кабел при што на површината на водата се појавила непозната експлозивна направа. Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување утврдено е дека се работи за противтенковска мина од непознато потекло и истата е подигната за понатамошна постапка.
повеќе...