ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да се водат согласно законите по пријавата на граѓаните за дивоградба

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Ги повикуваме надлежните институции СВР Охрид, Градежниот инспекторат, Јавното обвинителство и градоначалникот Јован Стојаноски да се водат согласно законите со тоа што веднаш и правично ќе постапат по пријавата на граѓаните за дивоградба, а со тоа ќе докажат на дело дека се борат за владеење на правото и правната држава и живот за сите. СДС ветија дека ќе се залагаат и ќе раководат според законот и волјата на граѓаните, а не да се кријат зад временскиот период во кој уште…

повеќе...

Жителите на Дебрца се изјаснија против изградба на регионална депонија

Заедно со локалните избори кои се одржаа во неделата на ниво на општина Дебрца се спроведе и реферндум. Граѓаните имаа можност да ја изразат својата волја, дали се ЗА или ПРОТИВ изградба на регионална депонија за цврст отпад на територијата на Општина Дебрца. Од вкупно запишаните 4625 граѓани во избирачкот список, на референдум излегле 3149 граѓани или 68%. Од излезените граѓани ПРОТИВ изградба на регионална депонија се изјасниле 2746 или 87 %, додека ЗА изградба се изјасниле 297 или 13% од вкуно излезените граѓани. Општинската изборна комисија Дебрца констатира дека…

повеќе...

Јован Стојаноски е новиот градоначалник на општина Охрид

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски е новиот градоначалник на Охрид. Негов противкандидат на овие локални избори беше Митко Тилевски од ВМРО-ДПМНЕ, како и независниот кандидат Стевче Стевоски. Јован Стојаноски освои 18.262 гласови или 54,07%, Митко Тилевски 13.560 гласови – односно 40,15%, а Стевче Стевоски освои само 679 гласови, односно 2,01%. WebOhrid

повеќе...

Зоран Ногачески е новиот градоначалник на општина Дебрца

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за Општина Дебрца, Зоран Ногачески е новиот градоначалник на општината. Тој доаѓа на местото на досегашниот Игор Трајкоски, кој му беше и противкандидат на овие локални избори. Зоран Ногачески освои 1.785 гласови, односно 56,70%, Игор Трајкоски 1.212 или 38,50%, а Јадранка Бибан 55 гласови, односно 1,75%. WebOhrid

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС одговорете веќе еднаш пред охриѓани колку штета направивте!?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати контра-реакција на реакцијата од СДС поврзана со прес-конференцијата на директорот на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоновски. „СДС повторно демонстрира селективна меморија потценувајќи ги граѓаните на Охрид, сакајќи да ги затскрие злоделата од минатото. За нив успешно менаџирање значи како да ги задолжиш и блокираш и заглавиш Јавните Претпријатија. Одговорете веќе еднаш пред охриѓани колку штета направивте!? Можете колку сакате да молчите а во спротивно да кажувате неболузи поради стравот од пораз, но, граѓаните ја знаат вистината а еве тука со извинување на малку подолго реферирање ќе…

повеќе...

Стојаноски: Во недела да му ја вратиме слободата на Охрид

Нема поважна мисија од тоа Охрид да го направиме општина за сите граѓани. Првиот чекор е создавање на инфраструктура за сите. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина. Истакна на денешната завршна прес-конференцијата кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски. „Нема ништо поважно од здравјето на луѓето. Затоа наш приоритет е обезбедување на чиста и здрава вода за пиење и чист воздух. Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во…

повеќе...

Јовановски: Наша цел е Охрид да биде отворена и услужна општина за сите

Наша цел е Охрид да биде отворена и услужна општина за сите. Граѓаните да добиваат побрзи и поквалитетни услуги од јавната администрација. Затоа предвидуваме развојот на Охрид да биде со максимална употреба на паметните технологии. Паметниот урбанистички развој на градот обезбедува максимален квалитет на живот со минимално трошење на ресурсите. Сето тоа го правиме со користење информациски технологии со кои ќе се воспоставуваат современи одржливи форми на комуникација и мобилност. Ова денес го истакна кандидатот за советник од СДСМ и Коалицијата, Филип Јовановски. „Најпрво создаваме институционална рамка за паметен урбан…

повеќе...

Тилевски најави рехабилитација и надградба на колекторски систем, марина, уредување плажи

Уредувањето на просторот и негово планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Одиме напред. Градиме, градиме, градиме, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Митко Тилевски. Тој ги најави нови проекти: Рехабилитација и надградба на колекторски систем, Изградба на пречистителна станица и фекална канализација во Трпејца, Изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Трпејца, Општина Охрид. „Започната е реализацја на проектот за изградба на фекална канализациона мрежа и станица за третман на отпадните води во Трпејца, Општина…

повеќе...

Трајкоски: Го бараме вашиот глас бидејќи тој е двигател за понатамошна работа во општина Дебрца

Низ сиот изборен циклус се обидовме до Вас да ја доближиме и презентираме програмата на ВМРО-ДПМНЕ за локалниве избори. Во очи на изборниот молк би сакал од вас да ги согледате проектите кои ги остваривме во текот на изминативе четири години како и проектите кои ќе ги спроведиме понатаму. Пред вас нека стојат фотографиите и размислите за тоа каква општина беше Дебрца пред само четири години и каква е денес, а според програмата каква ќе биде во иднина. Ние го бараме вашиот глас бидејќи тој е двигател за понатамошна работа…

повеќе...

СДСМ Охрид: Неспособноста на ДПМНЕ се гледа во секое јавно претпријатие

ОО СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Веројатно како што им се ближи денот кога ќе ја загубат локалната власт, од ДПМНЕ се повеќе се губат во сопствените лаги. Се чини најзбунет од сите во редовите на ДПМНЕ е директорот на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски. Во неговото вчерашно излагање, покрај редовните жалопојки, овој човек се дрзна да зборува за некакво физичко и психичко малтретирање на вработени во јавните претпријатија кога на власт беше СДСМ. По се изгледа, Симоноски доби инспирација за вакви говори откако пред само…

повеќе...