Владата на Република Македонија на последната седница донесе за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало, поточно на: флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале до 5 август 2016 година. Причина за донесување на оваа одлука се случаите на злоупотреба на дел од трговците, констатирани при проверка од страна на Државниот пазарен инспекторат, по новонастанатата состојба произлезена од поплавите во скопскиот…
повеќе...Tag: поплава
„Продиџи“ ќе донираат за граѓаните од поплавените подрачја
Светски познатата група „Продиџи“, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата „Фејсбук“ страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите кои во саботата го зафатија Скопје и околината. Членовите на англиската електронска група упатија сочувство до семејствата на жртвите. „Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот крст на Македонија. Сочувство за сите жртви, нивните семејства и за сите македонски борци“, напиша групата на социјалната мрежа. Концертот на „Продиџи“ треба да се…
повеќе...Членовите на ракометната школа „Седмерец“ донираа за поплавените подрачја во Скопје
Како е да се делува сплотено и во тим уште еднаш покажа младата ракометна надеж, односно членовите на Ракометната Школа „Седмерец“ од Охрид. Тие ја покажаа својата хуманост преку донации кои денес ги собраа на градскиот поштад. „Многубројни граѓани изненадени од ваквиот чекот на Седмерчињата, исто така дадоа свој придонес и се приклучија на хуманитарната акција. Ваквата акција се спроведе со помош на ОО на Црвен крст Охрид, кој воедно сообраните средства ќе ги достави онаму каде што е најпотребно. Презадоволни сме што успеавме да поттикнеме да се развие чувството…
повеќе...Груевски: Максимална владината поддршка за санирање на штетите од поплавите
Десет дена по поплавите во Тетовско, санирањето на штетите се одвива според ветеното. Активностите течат интензивно и во нив е вклучен целиот државен тим, рече денеска премиерот Никола Груевски по посетата на Шипковица. Груевски, кој беше во придружба на вицепремиерот Владимир Пешевски и министрите за одбрана и за транспорт и врски, Зоран Јолевски и Владо Мисајловски, разговараше со жителите на селото, а го посети и локалниот Кризен штаб. „Ќе работиме максимално, се до целосно отстранување на штетите. Можете да сметате на нашата безрезервна поддршка. Тоа што го ветивме изминативе денови…
повеќе...Невремето во тетовско однесе четири животи
Вчера во текот на силното невреме, проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, што од 18 до 19 часот го зафати поширокиот тетовски регион, четири лица го загубиле својот живот: Хашим Ф.(83) од Шипковица, А.М.(14) од Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од с. Шипковица. Безживотните тела на Х.Ф, А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете пронајдено е во Голема Речица.Покрај…
повеќе...Врнежите продолжуваат – вреќите остануваат!
Сеуште е свежо сеќавањето на обилните врнежи од снег, а особено од дожд, кои предизвикаа поплави низ речиси цела Македонија. Многу наши сограѓани директно се соочија со таква елементарна непогода, а останатите бараа превентивен начин како да се заштитат од надојдените води. Иако имаше период на суво, сончево и стабилно време, оттогаш па се до денес, нашите сограѓани сеуште ги чуваат заштитните насипи. Таков е и овој случај на улицата „Мирче Ацев“, а бидејќи врнежливото време е вообичаено за пролетта, тогаш можно е овие вреќи да останат уште малку подолго.…
повеќе...Градоначалникот со тим од Локалната и јавните претпријатија ги посети поплавените објекти во Охрид
По неодамнешните поплави, градоначалникот Никола Бакрачески со тим соработници, денеска посети неколку поплавени објекти на улиците „Стив Наумов“, „Аџи Мустафа“ во населбата Лескајца и „Сатеска“ во населбата Далјан. Оваа обиколка е реализирање на ветувањето на градоначалникот Бакрачески, дека Локалната самоуправа и јавните претпријатија, ќе бидат во постојана комуникација со граѓаните кои претрпеа штети од поплавите. „Екипите на нашите јавни претпријатија, за време на интензивните врнежи од дожд и снег веднаш интервенира на терен и како што најавивме, одтогаш до денес сме во постојана комуникација со жителите од критичните места. Ние…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески донираше за граѓаните од поплавените региони во Македонија
Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, денес ги посети пунктовите кои се поставени за собирање на помош за граѓаните од поплавените региони во Македонија. „Денес, како и секогаш кога е најпотребно, општина Охрид зема активно учество во акциите за помош на настраданите во Република Македонија, како што тоа го правевме за настраданите од поплавите во Република Србија и Босна и Херцеговина. Денес дадовме свој личен придонес во донирање на вода и средства за лична хигиена, но и извршивме координација со претседателот на Црвен крст – Охрид, Сашо Точков за што…
повеќе...Состојбата во Македонија по обилните врнежи од дожд
Битолски регион Во текот на вчерашниот ден заради превентива од поголеми поплавувања и нанесувања по обемни матријални штети во општина Новаци, од страна на Координативното тело при Влада на РМ е донесена одлука за отварање пропуст на Регионалниот пат Битола-Новаци-РЕК-Мариово. Пропустот е направен после мостот пред село Новаци, во попладневните часови. Вработените во РЕК Битола и жителите кои гравитираат во тој дел ќе ги користат алтернативните заобиколни патни правци. По 17:00 часот, над отворот на патот пред с.Новаци било поставена челечна конструкција – мост за премин на пешаци. Исто така,…
повеќе...Донирајте за граѓаните во поплавените подрачја
Црвениот крст на РМ согледувајќи ја состојбата во поплавените подрачја продолжи со дејствување за обезбедување на помош на настараданото население. Во овој момент се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количина на вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење. Согласно направената проценка, во моментот има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за дезинфекција). – Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст…
повеќе...