Пожар од запален оџак во Делогожда

На 26.04.2016 година во 01.30 часот во с.Делогожда, струшко, во куќа сопственост на Р.М. (53) од запален оџак настанал пожар при што изгорела половина од кровната конструкција, дел од мебелот во поткровјето и дел од покуќнината. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Струга, а повредени лица нема.

повеќе...

Избувнал пожар во фабрика во Охрид

Вчера околу 22:40 часот во с.Лескоец – Охрид, настанал пожар во погон за производство на дрвени врати ДООЕЛ„Бирол“, сопственост на З.Б.(1969) од Охрид, при што била причинета поголема материјална штета. Пожарот е изгаснат од екипи на ТППЕ-Охрид. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

повеќе...

Мајка сама пријавила дека ги запалила становите на синот во Охрид и Битола

Вчера во 21.00 часот во СВР Охрид дошла Љ.К. (54) од Битола и пријавила дека лично самата се обидела да ги опожари становите на нејзиниот син З.К. (30) од Битола, лоцирани на ул. „Момчило Јорданоски“ во Охрид и на ул. „Питу Гули“ во Битола. Пожарите биле изгаснати од страна на ТППЕ Битола, односно ТППЕ-Охрид. Увид извршиле екипи од ОКТУПА при СВР-Битола и ОКТУПА-Охрид. Притоа било утврдено дека во станот во Битола целосно се изгорени аголна гарнитура за седење и тепих во дневната соба, тепих во ходник, а оштетена и опожарена е…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец кој предизвикал пожар во куќа во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Предизвикување општа опасност“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(31) од Охрид. На 06-ти овој месец, пријавениот фрлил запаллива течност во влезната врата од куќа сопственост на неговиот пријател Д.У. од Струга. Настанот се случил околу 01 часот и 45 минути на улицата „Кузман Јосифовски Питу“ во Струга каде А.Р. пристигнал со шише полно со запаллива течност. Влегол во дворот од куќата, ја запалил течноста и шишето го фрлил во влезната врата по што веднаш настанал пожар кој за…

повеќе...

Пожар на ул. „АРМ“ во Охрид

Вчера околу 08.43 часот во Територијална протипожарна единица – Охрид, било пријавено дека во нас. „Бараки“ во Охрид, на ул. „АРМ“ во барака сопственост на Ѓ.В. (76), настанал пожар. Причина за настанување на пожарот најверојатно е самозапалување на оџакот, при што бил опожарен таванот и покривната конструкција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид. Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ-Охрид, а повредени лица нема. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

повеќе...

Во пожар целосно изгоре куќа во струшко Ливада

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 11.00 часот во с.Ливада, струшко од непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Т.Д., при што истата целосно изгорела. Во пожарот нема повредени лица, а извршен е увид на лице место.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на лице место кај опожарената зграда на Булевар „Туристичка“

По информацијата за избивање на пожар во стан во зграда на булеварот „Туристичка“ во близина на бензинската пумпа „Лук Оил“, градоначалникот Никола Бакрачески беше на место на настанот. Пожарот веќе е изгаснат а жената и дете кои биле во станот навреме се евакуирани , како и станарите од околните станови. „Добив информации од раководителот на Брзата помош во Охрид дека во овој момент нема сериозни повредени ниту лица со посериозни последици од инхалација на поголемо количество чад. Се работи за три деца кои имаат инхалиран чад и се во добра…

повеќе...

Пожар кај Прентов мост

Попладнево на патот Охрид-Ресен, односно кај Прентов мост изби пожар. Веднаш на местото каде што е пријавен пожарот пристигнале возила за гасење пожар од противпожарната единица и екипи од Македонски шуми.

повеќе...

Се запали автомобил на улица „Андреја Јованоски“

Се запали автомобил на улицата „Андреја Јованоски“. Настанот се случи околу полноќ, при што реагираше противпожарната единица. За жал, автомобилот целосно изгоре, а на лице место увид изврши и охридската полиција. Причините сеуште не се познати. Покрај материјалната штета на автомобилот, предизвикана е и помала материјална штета врз друг автомобил. WebOhrid / фото: А.Андриоски

повеќе...