Во општина Охрид, на периферијата на градот кај трафостаницата 110, под далновод настанати беа два пожари. Едниот беше од подножјето на планината Галичица, опожарена беше нискостеблеста шума и сува трева, додека пак другиот во атарот на селото Рамне каде беше зафатена и борова шума. На лице место се вработени од НП Галичица, 13 лица од ТППЕ со 3 возила, Црвен Крст, вработени од јавните претпријатија од Охрид, 2 лица од ПОЗС Охрид и 1 возило од ПОЗС Струга. Пожарот е локализиран, а ангажираните лица ќе останат на терен и будно ќе ја следат…
повеќе...Tag: пожар
СВР Охрид со оперативни планови и зајакнати мерки за заштита од пожари
Во пресрет на летната сезона и очекуваните високи температури карактеристични за овој период, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови и зајакнати мерки од превентивен, но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем. Во соработка со територијалната против-пожарна единица, ЦУК, ЈП…
повеќе...Трагедија во скопски Чаир: Изгоре девојче
Вчера околу 23,30 часот на ул.„Емин Дураку“ од засега непознати причини избувнал пожар во стан, во кој како последица од опожарувањето починало деветгодишно девојче. Со телесни повреди се здобиле четири лица и истите се пренесени во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Пожарот е локализиран и од страна на СВР-Скопје извршен е увид, земен е предметен материјал и истиот е даден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.
повеќе...Пожар на грчки ферибот со 466 патници
На грчки ферибот, со 466 патници и членови на екипажот, избувнал пожар. Бродот се наоѓал во близина на островот Крф во Јадранско Море. Според локалните медиуми огнот избувнал во просториите под палубата на бродот и брзо се проширил. Капетанот испратил сигнал за помош и наредил итна евакуација. Според локалните власти евакуацијата е во тек, и во неа учествуваат неколку бродови и хеликоптери. Засега нема информации за жртви. Фериботот „Норман Атлантик“, што е сопственост на грчката компанија АКАК, пренесувал 222 возила, 411 патници и 55 членови на екипажот, од источното грчко…
повеќе...Беснеат пожари во Грција
Пожарникарите низ цела Грција се борат со околу 80 пожари кои предизвикаа помала материјална штета, а едно лице е полесно повредено, јави дописникот на МИА од Атина. Грчките власти соопштија дека повеќето пожари се под контрола, меѓу кои и најтешкиот во преградието на Коринт, околу 80 километри југозападно во Атина, каде беше повреден еден пожарникар. Во овој пожар беа оштетни една куќа, автомобил и повеќе хектари маслинови дрва. Според последните информации, пожари горат на неколку локации во регионот Атика, на полуостровот Пелопонез и во централна Грција, но моментно ниту една…
повеќе...Територијалната противпожарна едница во Охрид го одбележа 20 мај – Денот на пожарникарството во Македонија
Традиционално Територијалната противпожарна едниница во Охрид денеска го одбележа 20 мај- Денот на пожарникарството во Република Македонија. Најпрво пожарникарите продефилираа со противпожарните возиТа по улиците во Охрид, потоа следуваше презентација на противпожарната опрема во дворот на Пожарната, каде што граѓаните имаа можност да видат со какви возила располага противпожарната едниница во Охрид. Исто така во салата во противпожарниот дом се одржа пригодна свеченост, на која што присутните ги поздрави командирот на охридската Противпожарна единица, Спасе Прентоски. „Денес 20 мај – Денот на пожарникарството во Р.Македонија се слави како повод од…
повеќе...Промовиран „Македонскиот информативен систем за шумски пожари“
Втората верзија на „Македонскиот информативен систем за шумски пожари“, која се темели на современа информатичка технологија и е во функција на следење, проценка на ризикот и оперативна координација во случаи на справување со ризикот од шумски пожари, денеска беше промовирана. Овој систем во јули минатата година беше ставен во почетна оперативна употреба, познат како МКФФИС и од тогаш беше во тест фаза. Во втората фаза од неговиот развој се направиени сите неопходни подобрувања, со додавање нови карти, алатки и функции со што на корисниците им се обезбедува лесен, брз и…
повеќе...Ефикасна акција на охридската противпожарна единица
Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Охрид на бензинската пумпа што се наоѓа во непосредна близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“, вчера се спасени тројца охриѓани на возраст од 64, 55 и 46 години. Инцидентот се случил утрото кога тројцата охриѓани чистејќи го 12 метри долгиот резервоар за дизел гориво паднале во бесознание поради штетното испарување и недостиг на кислород. Како што информираа од охридската Територијална противпожарна единица тие вчера околу 8. 22 ч. добиле дојава за случајот од Секторот за внатрешни работи од Охрид, по што…
повеќе...Рано појавување на пожари на територијата на паркот Галичица
„Раното појавување на пожарите на територијата на паркот“, проблем со кој се соочуваат вработени во Националниот парк Галичица многу рано оваа година, беше темата на денешната прес-конференција, која се одржа во просториите на Јавната установа Национален парк „Галичица“. „Се собравме да упатиме апел, колку што можеме повеќе да влијаеме на народот, затоа што во четири дена имавме два пожари. Првиот пожар беше со површина од 2 хектари – приземна вегетација, а според првите индиции што ги имаме од терен собрано и разгледување на опожареното, се гледа дека е намерно палење, според…
повеќе...Во пожар настрадаа мајка и дете
Утрово во населбата Чекоштина изби пожар на импровизиран објект за живеење во кој настрадаа мајка и седуммесечно бебе. Командирот на ТППЕ Охрид, Спасе Прентоски соопшти дека интервентната група пожарникари од Територијалната противпожарна единица Охрид излезе на терен со 2 возила и 8 пожарникари каде затекна комплетно опожарен и срушен објект. „При интервенцијата и расчистувањето пронајден е леш на жена за што веднаш беше известен Секторот за внатрешни работи за да изврши увид на лице место. При увидот пронајдено е и изгореното тело на мало бебе. По налог на истражен судија…
повеќе...