Завршува реконструкцијата на автопатот Велес – Скопје

За десетина дена завршува реконструкцијата на автопатот Велес – Скопје и тој ќе биде пуштен во употреба. Започнува реконструкација на два нови автопата и тоа Куманово-Скопје и Смоквица – Гевгелија, соопшти денеска премиерот Никола Груевски. „Реконструкцијата на автопатот Велес – Скопје е во сам финиш. Треба да е готова за десетина дена. Се работи за инвестиција од седум милиони евра и за автопат долг 26 километри. Патот беше доста руиниран, имаше доста дупки, им правеше доста проблеми на возачите. За десетина дена би требало да е целосно завршен и пуштен…

повеќе...

Груевски: Меѓународната заедница одблиску да го следи процесот за фалсификуваните лични карти

Премиерот Никола Груевски денеска ја повика меѓународната заедница одблиску длабински да го следи процесот во врска со случајот за фалсификуваните лични карти. Груевски рече дека во врска со овој случај очекува повеќе информации по што ќе се произнесе во јавноста. „Она што го слушнав за фалсификуваните лични карти е навистина фрапантно и би се воздржал од поконкретнен коментар затоа што очекувам во наредните час – два да добијам уште повеќе информации по кои ќе се произнесам во јавноста. Засега само би им честитал на професионалците во јавното обвинителство и во…

повеќе...

Нов владин проект „Купи куќа за млади“ – субвенции за куќа за лица до 35 години

„Купи куќа за млади“ е новиот проект на Владата со цел обезбедување поддршка за нова куќа на лица до 35 години без оглед на брачниот статус, како и за зголемување на наталитетот, преку можност за избор на два модела за субвенционирање“, информира денеска на прес-конференција во Владата премиерот Никола Груевски. Со првиот модел, како што рече, за кредит до 20 години и максимален износ до 50 илјади евра државата ќе ја субвенционира месечната рата 11 години, во првите осум години 80 проценти од нејзиниот износ, а во останатите три години…

повеќе...

Груевски: Бесплатно наградно патување за студентите со просек над 9,5

Државата ќе им обезбеди бесплатно патување со авион во Париз, Венеција или Барселона на студентите кои студираат на првите три рангирани универзитети во Република Македонија, согласно листата што ја прави Шангајскиот универзитет и имаат просек над 9,5. Премиерот Никола Груевски појасни дека мерката за студентите, наградно патување за сите оние кои имаат висок просек ќе се реализира од следната година. Ќе има две тури годишно, едната во мај-јуни, а втората во септември, најдоцна почетокот на октомври. „За оваа мерка деновиве повторно зборувавме на Влада. Усвоивме уште една информација во правец…

повеќе...

Груевски: Економските показатели укажуваат дека имаме стабилен и забрзан раст

Податоците на Државниот завод за статистика за раст од 13,1 процент на индустриското производство во октомври и за 8,1 отсто на прометот во индустријата укажуваат дека имаме стабилен и забрзан раст на индустријата, оцени денескапремиерот Никола Груевски. „Компаните кои се во индустријата прават добри заработки и тие понатаму ќе може да ги инвестираат во нови капацитети, што ќе значи отворање нови работни места. Јас сум многу задоволен од тоа како се одвиваат работите со растот на индустриското производство, а и исто така и со растот на БДП“, истакна Груевски,одговарајќи на…

повеќе...

Владата денес исплати 17,2 милиони денари оштета за поплавите во Струмица, Могила и Гази Баба

Владата денеска исплати 17,2 милиона денари на 364 лица како отштета од поплавите во Струмица, Могила и Гази Баба. Во Могила се исплатени 8,78 милиони денари на 255 лица, во Струмица 6,2 милиони денари на 102 лица, а на 7 жители кои претрпеа штети од поплавите во Гази Баба им се исплатени 2,2 милиона денари. Како што соопшти Министерството за финасии, заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 331.691.754 на 3.225 отштетени лица од поплавите кои се случија годинава. Отштета е исплатена на граѓаните од Струмица, Могила, Новаци,…

повеќе...

Груевски: Невработеноста се намали на 25,5 отсто, 13 отсто помалку од 2006

Овој квартал во Македонија се вработени речиси 12.000 луѓе. Трендот продолжува, а невработеноста се намали на 25,5 отсто што е намалување за речиси 13 отсто од периодот кога дојдовме во Владата, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „Откако сме дојдени во Владата невработеноста се намалува. Овојпат откако светската и европската криза се зад нас имаме најголемо намалување во еден кваратал, а тоа е за 1,3 отсто. Вработени се речиси 12 илајди луѓе во само три месеци и тој тренд продолжува. Тоа е во месеците јули, август и септември и невработеноста е…

повеќе...

Бизнис форум во Токио – јапонска компанија најави инвестиција во хотелиерството

Македонската Амбасадата во Токио денеска организираше бизнис форум на кој јапонските бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија. Поволностите за инвестирање ги претставија министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски и амбасадорот на Република Македонија во Токио, Андријана Цветковиќ. Познат јапонски бренд во хотелиерството најави инвестиција во хотел во Скопје. На бизнис форумот учестваа триесетина јапонски компании од различни области меѓу кои HONDA, NEC, Marubeni, Mitsui…, а настанот медиумски беше покриен од страна на Фуџи телевизијата. Во својата презентација министерот за стански инвестиции Горан Мицковски, ги презентираше инвестициските…

повеќе...

Груевски: Намалувањето на невработеноста е мотив да продолжиме со ова темпо

Намалувањето на невработеноста дава сила и мотив да продолжиме со ова темпо на работа и со овој начин на водење на економијата, создавање добра бизнис клима и привлекување инвеститори кои отвораат нови работни места, напиша премиерот Никола Груевски на својот фејсбук профил во врска со објавените статистички податоци за намалување на стапката на невработеност во третиот квартал од оваа година. „Денес сум среќен многу, навистина многу среќен. Мојот сон се остварува. Стапката на невработеност падна на историски ниски 25,5 отсто. Од околу 38 отсто во 2006-та на денешни 25,5 отсто…

повеќе...

Груевски го посети Меморијалниот центар на холокаустот во Ерусалим

Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Израел положи цвеќе во Меморијалниот центар на жртвите од холокаустот „Јад Васхем“ во Ерусалим. Овој Меморијален центар е најголемиот во Израел и е дел од воспоставената пракса на Израел при официјалните посети на државници од странство.

повеќе...