Богојавленскиот Водосвет ќе се одржи утре во десет часот на градското пристаниште

Богојавленскиот водосвет на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник „Богојавление- Водици“ , ќе се одржи утре на 19-ти јануари ( понеделник ) на градското пристаниште со почеток во 10 часот.Светиот крст во водите на езерото, годинава, наместо од брод, ќе биде фрлен од пристаништето „ кај колцето“ . По повод празникот „Богојавление – Водици“, на 19-ти јануари света архиерејска василева литургија ќе се оддржи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско со почеток во 8 часот. Света василева литургија ќе се оддржи и во сите парохиски цркви во…

повеќе...

Годинава светиот крст ќе се фрла од пристаништето

Оваа година Светиот крст за празникот Водици, наместо од бродот како што беше изминатите години, ќе се фрла од пристаништето, односно од „Кај колцето“. Денес беше извршено обележување на зоната во која капачите ќе смеат да пливаат по крстот. Тоа се прави за да се запази редот и да има фер натпревар помеѓу сите капачи. Исто така денес се изврши обележување и на пристаништето каде ќе се одвиваат церемониите за празникот.

повеќе...

Ќе се реконструира малото пристаниште во Охрид

Ќе се реконструира и доградува малото пристаните кое се наоѓа пред хотел Палас во центарот на Охрид. За таа цел Општината вчера објави оглас за пројавување интерес за изградба на пристаништето. Охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески посочи дека најверојатно ќе се работи онака како што беше предвидено во идејното решение. „Значи покрај реконструкција на постоечкиот мост до малото пристаниште би требало да се изгради еден функционален објект кој што ќе им овозможи на граѓаните на Охрид да ги вратат своите спомени од минатото со изведба на едно градско капалиште или градска…

повеќе...

Познати деталите за пешачката патека од пристаниште до Канео

Пешачка патека од градското пристаниште до населбата Канео со сигурност ќе се гради во Охрид. Министерството за транспорт и врски има обврска во наредниве неколку месеци да објави оглас за изработка на идејно решение и за тоа како би требала да изгледа оваа пешачка патека и во кој дел од градот би требало да поминува, објасни градоначалникот Никола Бакрачески по неодамнешната работна средба со претставници од Министерствата за транспорт и врски и одбрана, како и со претставници од Капетанијата. „Веднаш после тоа ќе се изработи главен проект и ќе се…

повеќе...

Наскоро ќе започне изградбата на марина

Привршуваат подготовките  за утврдување на конечната локација за изградба на марина, капитален проект  чија изградба се најавува со години. Изградбата на овој исклучително важен проект финансиски ќе биде подржана од Владата, со средства од буџетот на Република Македонија. За изградба на марината засега има две опции за одредување на локацијата. Една е локацијата во централното градско подрачје кај старото градско пристаниште, а втората е во околината на каналот Студенчишта, за која треба да се остварат некои предуслови.Се преговара со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за одбрана околу можноста…

повеќе...

Свечено осветено спомен-обележјето за Водици

Денес на Градското пристаниште со верска церемонија пред голем број граѓани официјално беше откриено спомен обележјето „Фаќач на крст“ посветено на верскиот празник Богојавление – Водици. На свечената манифестација присуствуваше градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. „Ова спомен обележје, на самиот брег од нашето езеро непосредно до местото каде илјадници граѓани секоја година чекаат да видат кој ќе го извади крстот од езерото е симболизација на верата православна и богољубието, но и на душата охридска која ја сочувала оваа вековна традиција на фрлање на крстот за Водици низ вековите, од кои поголемиот дел…

повеќе...

Воспоставување на првата бродска линија Охрид – Поградец

Во вторник, на 17 јуни,  на пристаништето во Охрид свечено ќе биде одбележано воспоставувањето на првата бродска линија помеѓу Охрид и Поградец. Станува збор за чартер линија, која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз по воден пат на заинтересираните туристи од Охрид во Република Македонија до Поградец во Република Албанија и обратно. Настанот ќе се одржи во 11:00 часот и на истиот ќе присуствува Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

повеќе...

Се санира свлечиштето кај пристаништето во Свети Наум

Во тек е акцијата за санирање на јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум. Свлечиштето што се појави во изминатиот период го санираат Капетанијата на пристаништа на Република Македонија со седиште во Охрид и јавното претпријатие „Нискоградба“. „Се појави свечиште на земјата под самите бехатон плочки поставени таму. Забот на времето си го направи своето, па мораше да се интервенира. Јавното претпријатие „Нискоградба“ ја обезбеди работната сила стручно оспособена за вршење на вакви работи, а Министерството за транспорт и врски ги обезбеди материјалите, Експресно и со минимални средства се…

повеќе...

Утре ќе се осветува камен темелникот на споменикот за Водици во Охрид

Утре, на 31-ви јануари, во 12 часот, на православниот празник Свети Атанасиј, на свечен начин ќе биде поставен камен темелникот за изградба на новото спомен обележје за Водици кај градското пристаниште во Охрид. Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот ќе го изведат свештеници на МПЦ, Кумот на Водици Охрид-2014, Градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески и Кумот на Водици Охрид-2012 проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој е донатор на споменикот. Споменикот за Водици, посветен на најмасовата прослава на Богојавление во овој дел на православието, е дар за граѓаните, туристите,…

повеќе...

Петрески: За полесна ориентација на политичкиот противник, за тоа каде да ги држи пресовите, решивме да им донираме „НАВИГАТОР“

„И покрај нашите постојани укажувања на ДПМНЕ, за погрешната адреса на која ги одржуваат пресовите, тие и понатаму продолжуваат со аматерски грешки да ја водат кампањата. Денес повторно одржаа прес на охридското пристаниште, место пресот да го одржат пред Министерството за транспорт и врски или пак пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, – изјави на денешната прес-конференција актуелниот градоначалик на Охрид, Александар Петрески, на градското пристаниште. Како што рече Петрески, наместо да ветуваат лажни проекти, или пак на празно да критикуваат, треба да се запрашаат зошто езерото кое е под…

повеќе...