Промоција на македонските вина во Данска

Министерствотото за земјоделство,шумарство и водостопаство во соработка со здружението „Вина од Македонија“ продолжуваат со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. Винарии од Република Македонија, организирани преку здружението, вчера и денеска ги презентираат своите вина на пазарот во Данска. Промотивните настани се одржуваат во Копенхген каде што оваа година седум винарски визби од Македонија ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници, хотели, ресторани, кафеани и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните конзументи. И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на…

повеќе...

Промоција на книгата „Масонски степени” и изложба на масонски книги од Миле Миќуновиќ

НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид организира промоција на книгата „Масонски степени” и изложба на масонски книги од авторот Проф. д-р Миле Миќуновиќ. Промотор е м-р Милчо Јованоски. Изложба на масонски книги од Проф. д-р Миле Миќуновиќ. Отворањето ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид на 12.10.2017 (четврток) во 13:00ч. Изложбата ќе биде отворена до 18.10.2017.

повеќе...

Утре ќе биде промовирана книгата „Коста С. Шахов Публицистика“ од Томе Груевски

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Здружението „Базилика“ – Мешеишта организираат промоција на книгата „КОСТА С. ШАХОВ ПУБЛИЦИСТИКА“ од авторот Томе Груевски. Промотори на настанот се проф. д-р. Зоран Костов и проф. д-р. Марко Китески. Промоцијата ќе се одржи утре – 15.08.2017 (вторник) во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...

Утре ќе биде промовиран романот „Доилката“ од Лилјана Пандева

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид утре организира П Р О М О Ц И Ј А на романот „ДОИЛКАТА“ од Лилјана Пандева добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно остварување во 2016 година. Воведна реч ќе има Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор на настанот е  Проф. д-р Кристина Николовска. Промоцијата која ќе се одржи во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид е со почеток во 20 часот.

повеќе...

Во охридската библиотека ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Во Прличевата одаја при НУ библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, утре ќе бидат промовирани изданијата од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Промотор на настанот е Тоде Илиевски, а истиот ќе започне во 11:00 часот. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

повеќе...

Учество на Македонија на Интернационалниот B2B саем за туризам ‘TTG Incontri’, Римини

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија четврта година по ред ќе учествува на Интернационалниот B2B саем за туризам ‘TTG Incontri’, Римини во период од 12-14 Октомври 2017 година. На саемот “TTG Incontri” својата туристичка програма ја претставуваат над 130 туристички дестинации, учествуваат над 63.000 професионалци од областа на туризмот, 700 новинари, 300 блогери, се одржуваат тренинг конференции и семинари, учествуваат голем број истражувачки институти, авиокомпании, национални и природни паркови, хотелски брендови, компании за промоција и маркетинг, интегрирани комуникации, банки, финансии, осигурување во туризмот и туристичката индустрија.…

повеќе...

Охрид претставен на саемот за туризам во Велико Трново, Р. Бугарија

Општина Охрид во склад со активностите за промовирање на Охрид како атрактивна туристичка дестинација продолжи со саемското претставување на природните, културни и историски знаменитости на Градот овој пат од 6 до 8 април на Меѓународниот саем за културен туризам и филмски фестивал во Велико Трново, Р. Бугарија. Штандот на општина Охрид беше посетен од многубројните посетители кои изразија особен интерес да го посетат Охрид. Штандот беше посетен од бугарскиот министер за култура Рашко Младенов и министерката за туризам Стела Балтова, кои изразија заинтересираност за активностите на општина Охрид во насока…

повеќе...

Во ОУ „Братство Единство“ ќе се реализира завршна активност од проектот „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“

Вечерва во ОУ„Братство Единство“ ќе се реализира завршната активност од проектот „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“, која ќе биде реализирана преку низа воспитно-образовни, креативни, забавни и интересни активности. Програмата опфака забавна приредба со учество на ученици од трите наставни јазици, маскенбал, игри без граници и главната и завршна активност Читање бајки за добра ноќ и заедничко преноќување на дечињата и нивните наставници во училишните простории. Во подготовката се вклучени родителите, наставници од одделенска настава, педагошко психолошката служба, техничкиот персонал како и Црвен Крст – Охрид кои обезбедија услови за реализација…

повеќе...

Промовирана охридската туристичка понуда во Москва

По средбата во Федералната агенција за туризам на Руската Федерација во елитниот хотел “Златен прстен”, во центарот на Москва се одржа една од најпрофесионалните промоции и презентации на охридската туристичка понуда, која општина Охрид ја воведе во пракса од пред три години низ неколку европски метрополи. Пред присутните тур оператори, туристички агенции, новинари и амбасадори на Балканските земји, најпрвин се обрати Амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација Гоце Карајоваов, кој ги презентира поволностите кои Владата на Република Македонија ги дава на тур операторите и агенциите за привлекување на туристи…

повеќе...

Промоција на Охрид во Москва

Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, користејќи ги формите и облиците за унапредување и одржлив развој на туризмот, по примерот на Виена, Прага и Стразбур, утре во хотелот „Golden Ring“ во Москва, делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Москва ќе одржат промотивен настан , каде пред педесетина претставници од туристичкиот сектор во Русија (туроператори и туристички агенции, медиуми, претставници на Руската Асоцијација на туроператори и Федералната Агенција за Туризам) преку видео презентации ќе…

повеќе...