Младинците на РК „Охрид 2013“ утре со почеток во 19:00 часот го играат последниот натпревар од младинската лига за оваа сезона, против РК „Прилеп 2010“. Влезот е слободен.
повеќе...Tag: ракомет
Селекторот Обрван избра 28 играчи за дуелите со Франција
Ивица Обрван, селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија го објави списокот од 28 играчи кои се пријавени во ЕХФ за двомечот со Франција во рамките на квалификациите за ЕП 2016 година. На 29 април во Скопје ќе гостува Франција, а реваншот се игра на 3 мај во Тулуз. На списокот на пријавени играчи сe: Ристовски Борко Ангелов Петар Митревски Никола Кимевски Стефан Манасков Деан Ојлески Гоце Недановски Владо Георгиевски Гоце Костески Никола Мојсовски Златко Стоилов Стојанче Пешевски Жарко Павловски Игор Маркоски Никола Лазаров Филип Талевски Филип Неловски Марко…
повеќе...Велигденски натпревар во ОУ „Св. Наум Охридски“ во организација на Р.Ш. Седмерец
Во очи на најголемиот Христијански празник Велигден во ОУ „Св. Наум Охридски“, Пештани, се одржа ревијален натпревар помеѓу екипите на Седмерец од Пештани и Седмерец од Велгошти. Пред почетокот на натпреварот, пред членовите на ракометната школа „Седмерец“ и родителите се одржа предавање на тема „Оралното здравје важен дел од целокупното здравје“ од страна на др. Кристина Стојаноска Алоска. „По повод вчерашниот интернационален ден на здравјето одлучивме да биде одржано предавање за важноста на оралното здравје во соработка со др. Кристина Стојаноска Алоска. Децата беа презадоволни од интерактивното предавање во кое…
повеќе...Во недела натпревар помеѓу младинците на РК Охрид и РК Вардар
Во недела, 29-ти март, во Спортската сала „Билјанини Извори“, со почеток во 11:00 часот ќе се одигра ракометен натпревар помеѓу младинците на РК Охрид и РК Вардар. Влезот е слободен.
повеќе...Ракометен натпревар помеѓу младинците од РК Охрид и РК Пелистер
Денес во Спортската сала „Билјанини Извори“, со почеток во 19:00 часот ќе се одигра ракометен натпревар помеѓу младинците на РК Охрид и РК Пелистер, во рамките на Младинската ракометна лига. Влезот е слободен.
повеќе...Во спортската сала „Тодор Александров“ се одржува општински натпревар помеѓу охридските средни училишта
Покрај многубројните настани што се одржуваат во спортската сала „Тодор Алексанров“ која е во рамките на ОУ „Живко Чинго“ Велгошти, денес се одржува општински натпревар во ракомет помеѓу средните училишта од Охрид. Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух. Спортската сала „Тодор Александров“ се почесто се користи за поддршка на спортските активности во Охрид и јакнењето на спортскиот дух кај младите. Победник на натпреварот е „Св.Кирил и Методиј“ – Економско кој во финале го совлада „Ванчо Питошески“ –…
повеќе...Хуманитарен ракометен натпревар помеѓу ветераните на РК „Отекс“ и РК “Моби Дик“, Охрид
На иницијатива на женските ракометни ветерани од некогашниот ракометен клуб „Отекс“ Охрид, а во рамки на одбележувањето на јубилејот 70 години на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст Охрид во соработка со ЈП „Билјанини Извори“ Охрид, организира хуманитарен ракометен натпревар помеѓу ветераните на РК „Отекс“ и РК „Моби Дик“ Охрид. Натпреварот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, на 15-ти март (недела), со почеток во 12:00 часот. Средствата собрани од доброволните прилози на посетителите во касите на Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за помош на деца од…
повеќе...Ракометарките на „Моби Дик“ остварија голема победа против ЖРК „Вардар“
Ракометарките на охридската екипа „Моби Дик“ кои се натпреваруваат во пионерска конкуренција денеска остварија голема победа против екипата на ЖРК „Вардар“. „Китовите“ во текот на целиот натпревар имаа водство, а финалниот резултат на семафорот беше 17:14 во корист на домашната екипа. Со оваа победа, охридските ракометарки значително ги зголемија шансите за учество во завршниот Final4 турнир на кој ќе се одлучи шампионот на Македонија. Со оваа победа тие се зацврстија на горниот дел од табелата и го делат второто место заедно со екипата на „Стружанка“. Следниот викенд „китовите“ имаат тешко…
повеќе...Пристигнаа ракометарите во Скопје
Откако ноќта ја поминаа на Истанбулскиот аеродром поради речиси тричасовно доцнење на летот од Доха до Истанбул, македонските ракометари утрово пристигнаа во Скопје. На скопскиот аеродром беа пречекани од мал дел спортски фанови и од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески. Спасески им посака добредојде и им честиташе за големиот успех и освоеното 9-то место на Мундијалот во Катар, кој е најдобар наш пласман на светските првенства. Им порача дека Македонија е горда на нашите спортски херои и дека младите се поистоветуваат со нив и ги сметаат…
повеќе...Несреќен пораз за крај за Македонија на Светското првенство во ракомет – Катар 2015
Словенија ја победи Македонија со 30-28 во осминафиналето на Светското првенство во ракомет кое се игра во Катар. Прв напад и први во водство дојдоа нашите ракометари, но Словенците веднаш не само што изедначија туку и ја презедоа иницијативата на овој натпревар. Се играше цврста гол-гол игра, Словенија поведуваше, а Македонија израмнуваше. Македонија на средината од првото полувреме успеа повторно да дојде во водство со резултат 6-7, но Словенија изедначи и повторно дојде до предност од еден гол, а по промашениот пенал од Кире Лазаров, Словенија ја зголеми предноста и…
повеќе...