Македонската ракометна репрезентација забележа победа против Австрија во петтиот натпревар на Светското првенство кое се игра во Катар. Иако и двете репрезентации имаа обезбедено пласман во осминафиналето пред овој натпревар, победата и тоа како беше значајна, поради одредувањето на противникот во осминафиналето. Македонија го започна овој натпревар со гол, иако рано, веднаш се наметна како фаворит на овој натпревар. Но, таа улога не беше воопшто лесна, особено поради цврстата борба во одбрана на двете репрезентации. Македонија имаше водство во првите седум минути, Австрија изедначи и успеа на дојде до водство…
повеќе...Tag: ракомет
Македонија 26-29 Хрватска
Македонија го претрпе првиот пораз на Светкото ракометно првенство кое се игра во Катар. Нашата репрезентација во цврст натпревар загуби со 26-29 од Хрватска. Добро започна овој натпревар за нашата репрезентација. Македонија го отвори резултатот, играше добро и за брзо време успеа да стигне до 4 голови предност со резултат 9-5. Следуваше тајм-аут за Хрватска после кој противникот успеа да изедначи на 9-9. Следуваше период на гол-гол игра во кој Македонија прва постигнуваше погодок. Сето тоа траеше до последните две минути од првиот дел кога Хрватска успеа да дојде во…
повеќе...Босна и Херцеговина 22-25 Македонија
Македонската ракометна репрезентација го одигра третиот натпревар на Светското првенство во Катар. Денес нашата репрезентација ја забележа својата трета победа на ова натпреварување, овој пат против Босна и Херцеговина со резултат 22-25. Иако БиХ и Македонија влегоа во овој дуел како „рамо до рамо“ репрезентации, сепак не беше таква сликата на почетокот од натпреварот, особено од лошата игра на Босна и Херцеговина, а за нивниот лош старт доволно зборува и тоа што првиот гол го постигнаа по точно 7 минути игра, додека пак вториот во 11-та минута. Но, за нивна среќа…
повеќе...Иран 31-33 Македонија
Репрезентацијата на Македонија денес ја оствари втората победа во вториот натпревар на Светското првенство во ракомет кое се игра во Катар. Овој пат Македонија го совлада Иран со 33-31. Македонија добро го започна натпреварот, со оглед на тоа што селекторот Обрван се одлучи да стартуваат играчите кои не добија шанса или имаа мала минутажа на првиот натпревар против Тунис. Репрезентацијата на Иран се спротивстави, дојде во водство, но тоа траеше само до средината од првото полувреме. Потоа следуваше рамномерна борба се до финишот од првиот дел кога нашите ракометари ја…
повеќе...Македонија 33-25 Тунис
Македонија стартуваше со победа на Светското првенство во ракомет кое се игра во Катар. Македонската репрезентација одигра одличен натревар и без проблеми го совлада Тунис со резултат 33-25. Иако натпреварот започна со 0-2 предност за Тунис, нашите ракометари успеаа веднаш да воспостават контрола врз играта и веќе кон средината на полувремето имаа предност од 6 голови. Кон крајот на полувремето Тунис успеа минимално да ја намали таа предност и на полувреме се замина со резултат 18-14. Во второто полувреме се играше релативно сличен ракомет како и од средината на првото полувреме,…
повеќе...Одржан првиот тренинг на македонската ракометна репрезентација на светското првенство во Катар
Македонската репрезентација продолжува со подготовките во Доха. Вчера за првпат македонските ракометари стапнаа во „Лусаил“, арената во која в петок ќе го одиграат првиот натпревар од Мундијалот. Како и првиот ден, утрото се тренираше со тегови, вториот тренинг беше во сала. Вечерниот тренинг беше закажан во 20 часот, односно терминот беше поместен затоа што Катар го презема „нашето“ место. Помалку хаотично е во поглед на организацијата сега кога одеднаш почнаа да пристигнуваат многу луѓе и репрезентации и додека фати ред организаторот ќе има и пропусти. Во нашиот табор амбиентот е…
повеќе...Пет ракометни тренери од Охрид по теркот на EHF
Пет ракометни тренери од Охрид успешно го завршија првиот модул во обуката според принципите на RinckConvension. Стручниот штаб на женскиот ракометен клуб „Моби Дик“ Билјана Богданова – Смилевска, Јованка Јованоска, Филип Јовановски и Атанас Поп – Стефанија, како и Александра Џамтоска од академијата на Металург во Охрид се првите ракометни тренери од Охрид кои ја добија лиценцата од првиот модул без која во иднина нема да можат да се водат ракометните екипи. Обуката беше организирана во два дела. Првиот се одржа во Дојран, додека вториот дел беше организиран минатиот викенд…
повеќе...РК „Моби Дик“ доби подарок – спортска опрема од РК „Радан“ од Србија
Женската ракометна екипа „Моби Дик“ од Охрид како подарок доби спортска опрема за ракометарките. Откако пред неколку седмици, започнаа одлична соработка сосрпската екипа ЖРК „Радан“ од Лебане кои гостуваа во Охрид, управата на клубот пред неколку денови на охриѓанки им подари тренерки за сите ракометарки и за стручниот тим. „Немаме зборови како да им се заблагодариме на нашите пријатели од Србија. Навистина многу пријатно не изненадија и не знаеме како ќе им се оддолжиме. Колку за информација, Лебане е мал град во Србија со околу 15.000 жители. Значи, кај нас…
повеќе...Ракометарките на „Моби Дик“ повторно успешни во гости, овој пат во Куманово
Пионерската екипа на РК „Моби Дик“ уште еднаш успеа да освои три бода во гости, овој пат на тешкото гостување во Куманово со резултат 16:17 (7:9). Со оваа победа, охриѓанки успеаа да врзат три победи со ред и значително да ги зголемат шансите за пласман во завршниот Final4 турнир. За охридскиот тим, Маркоска постигна шест погодоци, Блажеска пет, Јолеска три пати беше прецизна, Алексиоска два, додека пак Ложанкоска еднаш го погоди противничкиот гол. Следниот викенд, „китовите“ на домашен терен го пречекуваат апсолутниот фаворит во лигата, екипата на „Металург“ од Скопје.
повеќе...Во сабота Охрид ќе игра против Преспа во младинската ракометна лига
Во сабота (1-ви ноември), во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се игра натпреварот од 5-то коло од Првата група од Младинската машка ракометна лига помеѓу Охрид 2013 и Преспа 2010. Натпреварот започнува во 14:00 часот, а влезот е слободен.
повеќе...