Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, направи голем чекор кон пласман на Европското Првенство што во 2018 година ќе се игра во Хрватска. На дебито на новиот селектор Раул Гонзалес, Македонија со одлична игра го совлада Исланд во Скопје со 30-25. Преполните трибини на ВИП Арена „Борис Трајковски“ дадоа дополнителна мотивација на нашите ракометари, кои одиграа одличен натпревар против силниот ривал и заслужено стигнаа до втора победа во квалификациската група. Иако Исланд поведе со 2-0, Македонија рано во натпреварот ја превзема контролата врз играта и резултатот и во неколку наврати…
повеќе...Tag: ракомет
Селекторот Гонзалес повика 19 ракометари за првиот собир на репрезентацијата
Селекторот на Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, го објави списокот на повикани ракометари за првиот собир од подготовките за квалификациските натпревари со селекцијата на Исланд, за пласман на ЕП Хрватска 2018. Собирот е закажан за понеделник (1 мај 2017) со почеток од 09:30 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Првиот од двата натпревари против Исланд, Македонија ќе го одигра на 4 мај 2017 со почеток од 20:00 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“. Втората средба ќе се игра во Рејкјавик на 7 мај 2017 со…
повеќе...Раул Гонзалез нов селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија
Шпанскиот тренер Раул Гонзалез денеска беше официјално претставен пред медиумите како нов селектор на Сениорската машка репрезентација на Македонија. Тренерот на РК Вардар, на прес-конференцијата што се одржа во просториите на РФМ, ги соопшти првите планови и очекувања за наредниот период во кој фокусот ќе биде ставен на натпреварите од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Исланд. „Горд сум што ќе бидам селектор на Македонија. Веднаш ќе почнеме со работа и јас ќе се вложам максимално, како и секогаш. Мислам дека вклопувањето нема да биде тешко поради тоа што…
повеќе...Охрид домаќин на ракометниот Фајнл Фор турнир за кадетки
Завршниот ракометен турнир во Кадетска женска конкуренција (генерација 2000 и помали) ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“ во Охрид во недела, 2 април 2017 година. Организатор на Фајнл Фор турнирот е екипата на Лихнид 2012. Распоред на натпревари (02.04.2017): (Полуфинале, 11:00) Металург – Лихнид 2012 (Полуфинале, 12:45) Куманово – Вардар СЦЈС (Натпревар за 3 место, 18:00) (Финале, 19:45)
повеќе...Одредени календарите за Плеј Оф и Плеј Аут во машката ракометна Суперлига
На Конференцијата на клубови од машката Суперлига што денеска се одржа во просториите на РФМ, извлечени беа натпреварувачките броеви на екипите учесници во Плеј Оф и Плеј Аут натпреварувањата, по што беа одредени и распоредите и календарите до крајот на сезоната. КАЛЕНДАР ПЛЕЈ ОФ – СЕЗОНА 2016/17 КАЛЕНДАР ПЛЕЈ АУТ – СЕЗОНА 2016/17 Првото коло од Плеј Оф и Плеј Аут натпреварувањата ќе се одигра наредниот викенд (01/02.04.2017), а двете натпреварувања, според распоредот треба да завршат на 03/04.06.2017.
повеќе...РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра за пласманот во втората фаза на СП Франција 2017
По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Светското Првенство во Франција 2017. На Мундијалот што се играше во јануари 2017, Македонија успешно ја мина групната фаза со победите над Тунис, Ангола и нерешениот исход со Исланд, со што се пласираше во осминафиналната елиминациска фаза. Во осминафиналето, Македонија беше поразена од финалистот на Светското Првенство, репрезентацијата на Норвешка. Ова беше петто учество на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија…
повеќе...РК Охрид го освои првото место од регуларниот дел во Суперлигата
Тимот на РК Охрид и официјално го освои првото место од регуларниот дел во Македонската ВИП Суперлига. Вечерва во Радовиш, охридскиот тим успеа да го совлада домаќинот – тимот на РК Радовиш со резултат 25-33. По 18 одиграни рунди, РК Охрид и РК Пелистер освоија ист број бодови, иста гол-разлика, но тимот на РК Охрид има дадено 2 голови повеќе од Пелистер. Ова воедно е најдобар пласман и историски успех за РК Охрид. Ракометарите на РК Охрид ќе ги очекува далеку посериозна конкуренција во плеј-офот кој што следува, каде покрај првите…
повеќе...РК Охрид убедлив против РК Пролет
Во рамките од 17-то (претпоследно) коло од ВИП машката ракометна Супер лига, РК Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ убедливо со 34-22 го совлада тимот на РК Пролет. Охридските ракометари работата ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со резултат 21-10. Во второто полувреме остана само рутински да го доиграат натпреварот и да го добијат со конечни 34-22. РК Охрид и понатаму останува на врвот од табелата со 40 бодови исто колку што има и тимот на РК Пелистер. Следниот натпревар РК Охрид ќе го…
повеќе...РК Охрид утре ќе игра против РК Пролет
РК Охрид утре во 19:30 часот на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе го пречека тимот на Пролет, во рамките на 17-то, претпоследно коло од ракометната ВИП Супер лига. „Според табелата, мислам дека ние сме тимот кој е фаворит, а тоа утре и ќе го докажеме на терен. Се подготвувавме цела недела за овој натпревар, кој воедно може да се каже дека ќе биде и тренинг натпревар за плеј-офот кој следува.“ – изјави Лазар Адамовиќ. „Бев кратко во тимот на Пролет, која како млада екипа не е некое…
повеќе...Живко Мукаетов реизбран за претседател на РФМ
Живко Мукаетов останува Претседател на Ракометната Федерација на Македонија откако на синоќешното Изборно Собрание, акламативно ја доби поддршката од членовите на Собранието. Од можни 40 делегати, вкупно 37 беа присутни на Собранието, при што едногласно му доделија нов четиригодишен мандат на Мукаетов. Презентирајќи ги главните точки кои ги одбележаа активностите и работата на Федерацијата во минатите четири години, Мукаетов најави продолжување на растечкиот тренд и во наредниот период, заблагодарувајќи се на сите соработници и пријатели кои и досега го помагаа развојот на македонскиот ракомет. „Сакам да се заблагодарам на генерациите…
повеќе...