ВМРО-ДПМНЕ: Отчетноста е нешто по што се разликува самата партија од сите останати

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати реакција во однос на денешната прес-конференција на ОО СДСМ Охрид. Во неа стои: „СДСМ Охрид денес по кој знае кој пат покажа дека нема ни една идеја, ни еден проект и ни едно конкретно решение со кое би се појавиле да се презентираат пред граѓаните, па раководство на партијата го користи новиот портпарол за да се пласираат во јавноста веќе здодевни повторувања на трагикомични изјави и соопштенија кои веројатно предизвикуваат потсмев и кај самите членови на СДСМ. По прес конференциите дека никој неиграл тенис на игралиштата кои…

повеќе...

Општина: Притисоците врз вработените станаа минато како симбол на лошото владеење на СДСМ во Охрид

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид во која стои: „И покрај многуте укажувања од наша страна, очигледно часовникот на СДСМ Охрид и понатаму е застанат во минатото. Дали кога зборуваат за притисоци мислат на времето кога тие го водеа Охрид и кога нивните функционери со списоци ги пребројуваа вработените кои мораа и пред да влезат и пред да излезат од автобус да бидат евидентирани од шефовите. За среќа на сите вработени во општината, јавните претпријатија, училиштата и останатите институции во надлежност на Локалната…

повеќе...

Општина: Продолжува серијалот бесмислени, несериозни и помалку комични пресови на ОО СДСМ Охрид

Во врска со прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска, реакција испрати Општина Охрид во која стои: „Продолжува серијалот бесмислени, несериозни и помалку комични прес конференции на ОО СДСМ Охрид, во кои денес гледаме нов лик од иста партија со исто задолжение. Очекувавме барем да се смени содржината на пресот, а ако веќе навистина загриженоста им беше искрена, во серија од три пресови, барем да ни предложеа решенија. За жал на новинарско прашање за предлог мерки слушнавме дека охридското езеро е природно езеро и дека треба да реагираме. Им благодариме…

повеќе...

Општината со реакција на соопштението од СДСМ Охрид

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која стои: „Аматерските политички истапи на ОО СДСМ Охрид директно делегирани од нивниот прес центар, се добро познати на охридската јавност. Веројатно во сегашниот политички момент добиле задача нивните пресови да ги поврзуваат со името на градоначалникот Никола Бакрачески на секоја можна тематика. Па така не би не зачудило кога би прочитале дека Градоначалникот е одговорен за климатските промени, количеството на атмосферските врнежи, топењето на снегот или пак за должината на сончевата инсолација. Се разбира, темите…

повеќе...

Општина: Наша обврска е да бидеме транспарентни и отчетни пред граѓаните и пред законот

Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која стои: „На OO СДСМ Охрид им требаше цел еден ден да состават реакција, по вчерашниот прес на Градоначалникот на општина Охрид Д-р Никола Бакрачески, која во за нив препознатлив стил, освен неаргументирани критики и шпекулации, не можевме да прочитаме ниту еден контра аргумент. Затоа што го немаат. Но, тоа не не изненадува, оддамна сме свесни дека тоа што за граѓаните на Охрид предизвикува восхит и причинува задоволство, кај нив предизвикува најсилна болка и гнев.…

повеќе...

Мишев: Во отсуство на проекти и конректни решенија, СДСМ одржува несекојдневна, помалку чудна прес конференција

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, со реакција излезе и директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев, кој изјави: „Портпаролот на СДСМ денес со прес конференцијата на која зборува за празни терени за тенис, на минусни температури во месец јануари, уште еднаш докажа дека оваа партија во отсуство на проекти и конректни решенија, во јавноста се одржува несекојдневна, помалку чудна прес конференција со чудна содржина. Нејасно е зошто Мишел Наумоски се чуди на празните тениски терени, кога и самиот знае дека е месец јануари, и сигурно…

повеќе...

Општина: Уште едно брутално потценување, омаловажување и навреда на свеста и достоинството на охриѓани од страна на СДСМ

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и Општина Охрид, во која стои: „Уште едно брутално потценување, омаловажување и навреда на свеста и достоинството на охриѓани од страна на СДСМ Охрид. Доколку нивното расипништво и дивеење со Охрид се случеше пред две-три децении или во минатиот век можеби меморијата на охриѓани ќе избледнеше а нивните спинови и антитези ќе поминеа. Доколку барем еднаш во овие години им се извинеа на граѓаните на Охрид за нивното осумгодишно криминално-коруптивно и општествено- деструктивно раководење со градот можеби охриѓани…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Прес-конференциите на СДСМ ги сметаме за политички несериозни и без било каква политичка тежина

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која се вели: „Денешната прес конференција на ОО СДСМ Охрид претставува нивен политички колапс за она што претставува вистинска стратегија кон младите, кон спортот но пред се кон она што значи ветување и реализирање на проекти. Добро е што локацијата за одржување на нивната прес конференција е токму на дел од реализираните ветени проекти на ВМРО ДПМНЕ и претпоставуваме дека добро ја согледале и ја увиделе изградбата на целосниот комплекс за спорт и…

повеќе...

Општина Дебрца: Народот добро ја препознава работата на градоначалникот Трајкоски

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Дебрца, реакција испрати Општина Дебрца во која стои: „Очигледно е оправдувањето на ОО СДСМ Дебрца кон нивните членови за поразот на изборните циклуси токму од ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Трајковски. Немајќи изговор за нивните последователни порази кои патем се зголемуваат од еден во друг изборен циклус во она што преставува краен исход, разбирлив е нивниот начин за неосновано напаѓање. Би ги запрашале дали овие тврдења во нивното соопштение се однесуваат за владеењето на претходниот градоначалник Којчиноски кој во 16 години ја имаше…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на вчерашното соопштение на Охрид СОС

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид денес испрати реакција кон соопштението на Охрид СОС за неодржување на верските обичаи за празникот Водици. „По вчерашното соопштение на т.н Граѓанска иницијатива Охрид СОС, од каде бараат да не се фрла крстот за празникот Водици во Охрид и да не присуствуваат пратениците и функционерите на ВМРО ДПМНЕ, ОК ВМРО ДПМНЕ може само со жалење да констатира дека медиумите повторно се најдоа во ситуација да објавуваат небулозни текстови од нивната организација. По серијалот навреди од лицата кои се експонираат како водачи на оваа групација а кои…

повеќе...