Утре и задутре „Велигденски саем“ во Охрид

Во организација на локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Црвен крст Охрид, по трет пат, на 28 и 29 април, ќе се одржи манифестацијата „Велигденски саем“. На просторот на плоштадот “Крушевска Република“ на повеќе штандови ќе биде изложена традиционална храна, колачи, велигденски украси и ракотворби, а собраните средства од продажбата ќе бидат доделени на социјално загрозените семејства во градот. На манифестацијата што ќе има хуманитарен карактер ќе учествуваат ученици од охридските училишта, детските градинки и играорни групи.

повеќе...

АППТ го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија на саем за туризам во Косово

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија за прв пат учествува на интернационалниот саем за туризам во Косово, кој се одржува по 8-ми пат, и е посетен од околу 15 000 гости. На 21-22 Април 2016, туристичката понуда на земјите од регионот се претстави на саемот за туризам “Travel Fair” во Приштина, Косово. Покрај Косово, Албанија, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Грција, и Италија ја покажа својата цврста верба во потенцијалот и ресурсите кои ги има регионов за развој на туризмот. Околу 90-тина егзибитори и коегзибитори ја…

повеќе...

Отворен саем на кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на отворањето на 11 по ред Саем на криера во организација Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Лутфиу рече дека на овој Саем на кариера, повеќе од една деценија се среќаваат студенти со своите потенцијални вработувачи, и бизнис заедницата со идните раководители, директори и менаџери во своите компании. „Убеден сум дека и годинава од контактите кои ќе се остварат на Саемот, ќе произлезат многу понатамошни соработки, вработувања, градење на успешни кариери. Компаниите веќе единаесет години од овој…

повеќе...

ОУ „Дебрца“ учествуваше на Саемот за наука и култура во „Јахја Кемал“

Во рамките на Саемот за култура и наука кој се одржа во приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ во Струга, учествуваше ОУ„Дебрца“ с. Белчишта. Училиштето „Дебрца“ за прв пат присуствуваше со штанд, на кој беа презентирани разни експерименти од областа на математиката, хемијата, биологијата и информатиката. „Ваκвите настани покρај едуκација, нудат можност за афирмација на пријателството κаκо неодминлив дел од животот на сеκое дете.“- велат од ОУ „Дебрца“. WebOhrid

повеќе...

Отворен Саемот на наука и култура во „Јахја Кемал“

Во организација на Приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“, Струга, денес беше отворен „Саемот на Наукa и Културa“.  На саемот, освен учениците од „Јахја Кемал“ учествуваа и ученици од основните училишта од Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Битола и Кичево, кои претставија научни и културни проекти. „Денес ќе ги посетите штандовите кои нашите ученици ги имаат организирано за вас, се надевам дека убаво ќе си поминувате.“– рече во својот говор директорот на „Јахја Кемал“, Исмаил Ердил. Бројните посетители на саемот имаа можност да видат интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на…

повеќе...

Отворено 28-то издание на Меѓународниот саем на книгата

Во Метрополис арената синоќа свечено беше отворено 28-то издание на Меѓународниот саем на книгата, кој е една од најзначајните културни манифестации во земјава. На отворањето, на кое присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, присутните ги поздрави Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопскиот саем. Директорката  Глигоровска  во своето обраќање истакна дека  Саемот на книгата веќе 28 години ги обединува домашните и странските изложувачи и љубителите на книгите, што е потврда за успешноста на оваа саемска манифестација. На отворањето, на кое како модератор се појави Игор Џамбазов, од името на помладата…

повеќе...

Во четврток свечено ќе биде отворен „Саемот на Науки и Култури“ во Јахја Кемал

Во организација на Приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“, Струга, во четврток (14-ти април), со почеток во 9:30 часот ќе биде отворен „Саем на Науки и Култури“. На саемот ќе бидат претставени научни и културни проекти изработени од учениците.  На оваа презентација ќе бидат изложени интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, англиски јазик, македонски јазик, албански јазик, турски јазик, историја и географија. WebOhrid

повеќе...

Македонија првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз

Македонското книжевно творештво годинава ќе биде претставено на три саемски манифестации – на Саемот на книгата во Франкфурт, на Саемот на книгата во Истанбул и првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз, кој од 17 до 19 март ќе се одржува во Салонот на книгата во оваа метропола. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На Саемот на книгата во Париз учествуваат повеќе од 1 200 издавачи, претставници на 50 држави од Европа и од светот и над 4 500 автори. Саемот е едно од…

повеќе...

Македонија за прв пат се претставува пред туристите од Унгарија

За прв пат македонската култура, историја и природа од 3-ти до 6-ти Март 2016 година Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги претставува пред унгарските туристи на саемот за туризам во Будимпешта, Унгарија. Саемот за туризам во Унгарија е помогнат од страна на кинеските туристички власти и се донесени голем број на кинески туроператори кои се заинтересирани за кружни тури на балканот. За време на саемот се оддржа и бизнис работилница на која Македонија оствари средби со неколку кинески туроператори како што се Leo Vacations, Oases Travel, Tour Nasdaq,Beijing…

повеќе...

Саем на градежништво со богата понуда на плацови за „Купи куќа за млади“

Градежништвото е столб на македонската економија. Минатата година за 9 месеци оствари раст од 12 проценти и се очекува ваквиот тренд да продолжи и во наредниот период. Градежните компании во првите месеци од годинава бележат раст на продажбата на станови, а очекуваат придонес кон ова да дадат и владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, беше истакнато денеска на отворањето на Саемот на градежништво. До 5 март на едно место граѓаните ја имаат понудата од над 3000 станови и над 3000 државни плацови на Саемот за…

повеќе...