Утре ќе биде промовиран „Прирачник за шах“ од охриѓанецот Борис Лушески

Во Шаховската школа „Ласкер“ од Охрид, ќе биде промовиран „Прирачник за шах“ од авторот Борис Лушески од Охрид во издание на „Летра “ – Охрид. Промоцијата ќе се одржи во среда – 1 октомври во 19 часот во просториите на Шаховската школа „Ласкер“ во ОУ „Братство – Единство“ . За содржината и значењето на прирачникот ќе зборува писателот Тоде Илиески, кој во светот на шахот е познат како шаховски проблемист.

повеќе...

Шахистите славеа против Албанија, шахистките загубија од Летонија

Македонската шаховска репрезентација ја запиша и третата победа во 4.коло на шаховската Олимпијада која до 14. август се одржува во Тромзо, Норвешка, славејќи денеска против селекцијата на Албанија со 2,5-1,5. На првата табла Трајче Недев со црни фигури ремизираше со велемајсторот Дервиши, Филип Панчевски на втората табла загуби од Ашику, но на последните две табли победи извојуваа Никола Митков и Влатко Богдановски што ни го донесе конечниот триумф. По четири кола шахистите со 6 бода се на делба од 18 до 44. место, меѓу 177 репрезентации колку што учествуваат на…

повеќе...

Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца одржа турнир во шах за мажи и жени

Во рамките на свеченостите по повод одбележувањето на патрониот празник на Охрид „Св.Климент Охридски“, Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца денеска организираа турнир во шах за жени и мажи на ниво на соседните здруженија од овој регион. На турнирот учество зедоа околу 25 шахисти од Струга, Кичево, Ресен, Демир Хисар како и  домаќинот и организатор ЗП Охрид. Шахистите се натпреваруваа во екипна конкуренција по Бергеров систем-брзопотезен систем секој со секого – два пати по десет минути, според пропозициите на Фиде.  „Турнирот се очекува да стане традиционален по повод патронот…

повеќе...

Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца организира турнир во шах во машка и женска конкуренција

 Во рамките на свеченостите  по повод одбележувањето на патрониот празник на Охрид „Св.Климент Охридски“ Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца на 7 декември (сабота) во 10 часот, организира турнир во шах во машка и женска конкуренција. На турнирот ќе земат учество околу 25 шахисти од Струга, Кичево, Ресен, Демир Хисар, и  домаќинот и организатор ЗП Охрид.  Шахистите ќе се натпреваруваат во екипна конкуренција по Бергеров систем-брзопотезен систем секој со секого – два пати по десет минути, според пропозициите на Фиде. Турнирот се очекува да стане традиционален по повод патронот…

повеќе...