Ставена во употреба спортската сала во Косел

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование и наука во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски денеска ја ставија во употреба комплетно реконструираната спортска сала во рамки на подрачното Основно училиште „Ванчо Николески“ во охридското село Косел. Станува збор за проект тежок околу 50 илјади евра финансиран од Владата на Р. Македонија, којшто е особено битен за правилното градење и насочување на младите кон здравите животни навики. „Претходно салата во подрачното училиште„ Ванчо Николески“ во с. Косел беше вон функција, затворена од санитарна инспекција и во неа…

повеќе...

Охрид ќе биде домаќин на машкиот ракометен Куп на Македонија 2016

Откако неделава беа извлечени полуфиналните двојки од Завршните турнири во Купот на Македонија 2016 во машка и женска конкуренција, денеска Ракометната Федерација на Македонија ги одреди локациите каде ќе се одиграат натпреварите. Завршниот турнир во машка конкуренција ќе се игра во Охрид во салата „Билјанини Извори“, додека пак домаќин на Завршниот турнир во женска конкренција ќе биде Скопје и салата „Автокоманда“. Фајнл Фор – Куп на Македонија, мажи Распоред на натпревари, сала „Билјанини Извори“ – Охрид: Полуфинале (13 мај, петок, 17:30) Металург – Вардар Јуниор Полуфинале (13 мај, петок, 20:00)…

повеќе...

Сала со шалтери за 36 услуги од 11 институции до крајот на годинава

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) до крајот на годинава планира да воспостави единствена точка за услуги првично од 11 институции. За сала за јавни услуги во просториите на Управата за матична евиденција е добиен простор за 15-ина шалтери за кои веќе е направено идејно решение. „Во следните шест месеци ќе се направи изведбено решение за подготовка на овие 15 шалтери да примаат шалтери од 11 институции кои ќе можат да ги даваат своите услуги на едно место. Засега со оглед на системите на институциите предложени се над 36…

повеќе...

Во среда во Велгошти ќе се одржи Општински натпревар во ракомет

Во спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти, оваа среда (23март) ќе се одржи Општински натпревар во ракомет помеѓу охридските средни училишта. Натпреварите ќе се играат со почеток во 10:00 часот. Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух.  Инаку, натпреварот се одржува веќе трета година по ред, во организација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. WebOhrid

повеќе...

Младинците на РК Охрид го совладаа РК Вардар

Младинците на РК Охрид попладнево ги совладаа своите врсници од РК Вардар со резултат 28:27. Во Спортската сала „Билјанини Извори“, во мошне неизвесен натпревар надежите на РК Охрид успеаа да забележат минимална победа во првиот натпревар од пролетниот дел од младинската ракометна лига на Македонија.

повеќе...

Доделени наградите на најдобрите на „Спортскиот ден“ во Велгошти

По повод роденденот на Тодор Александров, денес во спортската сала во Велгошти, која го носи неговото име, беа доделени награди на најдобрите во спортот, на спорсткиот турнир именуван како „Спортски ден“. Вклучени беа основните  училишта од Охрид и Дебрца. Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, шах, пинг – понг, футсал, баскет Најдобрите во футсал Првото место го освоија учениците од ОУ „Христо Узунов“, второто место ОУ „Св.Наум Охридски“ и третото место учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“. Најдобри во шах (машки и женски)  Првото место го освои Антонио Достиноски од ОУ „Живко Чинго“, второто…

повеќе...

Отворен „Спортски ден“ во Велгошти

Отворена Манифестацијата „Спортски ден“ во Велгошти. Традиционално, по повод 4ти март, роденденот на Тодор Александров, во салата која го носи неговото име во селото Велгошти, се одржува „Спортски ден“. Настанот има натпреварувачки карактер. На него учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца. Учениците се натреваруваат во повеќе дисциплини, а за најдобрите ќе бидат доделени награди. Манифестацијата „Спортски ден“ за отворена ја прогласи директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. „Со гордост истакнувам дека еве веќе трета година со ред како ОУ „Живко Чинго“ е организатор по повод…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ организира „Спортски ден“ по повод роденденот на Тодор Александров

По повод 4ти март, роденденот на Тодор Александров, традиционално во салата која го носи неговото име во селото Велгошти, утре ќе се одржи „Спортски ден“. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер. На него ќе учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца. Учениците ќе се натреваруваат во повеќе дисциплини, а за најдобрите ќе бидат доделни  награди. Почетокот на натпреварите е закажан за 8:30 часот. Спортскиот ден е во организација на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, во соработка со Сојузот на училишен спорт и Локалната самоуправа. WebOhrid

повеќе...

Се поставуваат лед рефлектори во ОУ „Св.Климент Охридски“

Во ОУ„Св.Климент Охридски“ се поставуваат лед рефлектори во спортската сала, со што е планирано во голема мера да се намали потрошувачката на електрична енергија. „Постојните осум рефлектори со моќност од 500 вати кои за час трошеа 4000 вати, се заменети со 8 лед рефлектори од 30 вати кои за час треба да трошат 240 вати.“– информираат од училиштето.

повеќе...

Европскиот шампион Игор Стефановски – Иџе одржа едукативен час за безбедност во сообраќајот

Под мотото „Шапионот обединува – насмевка, живот, едукација“, денес, во СРЦ „Билјанини Извори“ за најмладите се одржа едукативен час за безбедноста во сообраќајот. Иницијатор, и промотор на оваа идеа е двократниот европски првак во ридски трки, македонецот Игор Стефановски – Иџе. Настанот се одржа под покровителство на општина Охрид. Во име на општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески, присутни ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Целта на денешнава кампања која се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот е преку…

повеќе...