Делегации на СДСМ на државно и на партиско ниво оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје што се случи на 26 јули 1963 година. Денеска, на 53 – годишнината од земјотресот во Скопје, на Споменикот на загинатите, свежо цвеќе положи потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, придружуван од членката на И.О Татјана Прентовиќ и претседателот на СДММ и пратеник Стефан Богоев. Во државната делегација на Собранието на Р.Македонија која положи цвеќе на Споменикот на загинаните, почит оддаде пратеничката од СДСМ, Софија Куновска. Во делегацијата на Град Скопје, почит на…
повеќе...Tag: сдсм
Средба Заев Орав: На Македонија и се потребни регуларни избори во декември
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со евроамбасадорот на ЕУ во заминување од земјава, Аиво Орав. Претседателот Заев му се заблагодари на амбасадорот Орав за неговите заложби за обновување на демократските процеси во Македонија и посебно за неговата ангажираност во напорите за разврска на длабоката политичка криза во Македонија. На средбата е заеднички констатирано дека следните предвремени парламентарни избори мора да бидат регуларни и тие избори, за кои е потребно да се испочитуваат роковите и да се…
повеќе...СДСМ: На граѓаните на Дебрца доста им е од празните ветувања на Груевски
ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски денес ја посети општина Дебрца, глумејќи загрижен и целосно посветен на интересите и проблемите што ги мачат граѓаните, при што во неговиот препознатлив популистички стил ги испрашуваше министерот за транспорт и врски и градоначалникот на општина Дебрца, со што ја потврди сраснатоста на државата и партијата. Притоа, уште еднаш се пофали со новоизградената пешачка патека на Охридското Езеро. За потсетување, тоа е онаа пешачка патека, долга цели 120 метри, изградена непосредно до регионален…
повеќе...Заев: Постигнат е договор за граѓаните, ставаме крај на деструкцијата на Груевски
Изјава Зоран Заев, претседател на СДСМ Струмица, 22.07.2016 Овој договор што се постигна е пред `се и над се поголем договор за граѓаните на Република Македонија и е излез од политичката криза. За СДСМ е поволен Договорот којшто го постигнавме заради тоа што ги обезбедува чекорите за исполнување на минимум двата услова, а тоа е минимум регулација на медиумите преку формирањето на ад-хок телото, но секако и допрочистување на Избирачкиот список онолку колку што е можно. Со овие две фази очекуваме избалансирано известување на медиумите, очекуваме почитување на професионалните стандарди,…
повеќе...Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ бара причина да нема договор, бегаат од фер избори
Изјава за медиуми Радмила Шекериснка, заменик претседателка на СДСМ Медиуми: Дали има некакви конкретни предлози? Шекериснка: Не би сакала да влегувам во конкретни предлози, иако во изминативе 10 дена имаше многу. Меѓутоа според она што се случуваше во изминативе 2 месеца и новите барања коишто беа измислени во последните 10-тина дена станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори, бега од Пржинскиот договор, бега од спроведување на се она што беше ветено и во текот на минатата и во текот на оваа година. Заради тоа им беше…
повеќе...СДСМ: Охрид и охриѓани сеуште се без современа автобуска станица
Советниците на опозицијата во Советот на општина Охрид, денес одржаа прес-конференција, во чие име се обрати д-р Јован Стојаноски, координатор на советничката група на ОО СДСМ Охрид. „Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ниту донесоа напредок, ниту реализираа еден приоритетен проект за Охрид и охриѓани. Од многуте ветувања, ниту еден од зацртаните приоритени проекти не е реализиран, ниту има некаква трага и почеток за нивна реализација.Ја нема ветената автобуска станица којашто му е потребна на Охрид, туристичкиот бисер на Македонија. Изградбата на нова, современа, меѓународна автобуска станица која беше прв приоритетен проект во…
повеќе...Средба Заев Нуланд: Да се создадат услови за избори во ноември
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски, потпретседателот Дамјан Манчевски, членката на И.О Рената Дескоска и советникот на претседателот за креирање политики и односи со јавност Роберт Поповски денеска се сретна со помошник државната секретарка на САД Викторија Нуланд, придружувана од амбасадорот на САД во Р.Македонија Џес Бејли. На состанокот се разговараше за политичката криза во Македонија и начините за нејзино решавање. Истакнато е дека ова е клучен период за постигнување договор за неопходните услови за фер и регуларни избори. Заеднички е…
повеќе...Заев: Апелирам банките да не ја купуваат оваа обврзница, во името на иднината на Македонија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Охрид на Летен Камп на СДММ. Еве дел од неговото обраќање: „Слушате денеска, читате, објавена е одлука на Влада за емитување на нова евро-обврзница од 650 милиони евра. Притоа безобразието е толку големо од страна на власта, ниту се обидува да го презентира транспарентно расходниот дел на тие пари. Каде ќе одат тие пари? На купче велат за враќање на недоспеани и серфисирање на дефицитот за оваа и наредната година. Приказни за мали деца. Тоа е недозволиво и ние ќе направиме се тоа да го…
повеќе...Николовски: Катастрофална негрижа за безбедноста на храната, не се испитува присуство на ГМО
Членот на Извршен одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Огромниот скандал што го откривме, за катастрофалната негрижа за безбедноста на храната во Македонија е потврден од самата Агенција за храна и ветеринарство во нејзиниот Годишен извештај за работа за 2015 година. Ова е извештајот. Извештајот констатира дека иако во програмата на Владата за мониторинг на безбедноста на храната во Македонија за 2015 година предвидено било да се земат 2.075 мостри за анализа, вкупно се анализирале само 1.194 мостри и тоа во рок од само три месеци…
повеќе...Шекеринска во Париз на настани посветени на актуелните предизвици со кои се соочува ЕУ
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе учествува на повеќе настани кои Партијата на европски социјалисти и француската Социјалистичка партија ги организираат во Париз, посветени на актуелните предизвици со кои се соочува ЕУ. Денеска Шекеринска ќе учествува на состанок на социјалистички и социјалдемократски европски партии на којшто ќе се усвои новата Агенда за Европа на ПЕС 2016-2019. Целта на новата Агенда на ПЕС е да понуди патоказ за промени во ЕУ по Брегзит. Утре заменик претседателката Шекеринска ќе биде една од говорниците на конференцијата посветена на бегалската…
повеќе...