Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и членот на Извршниот одбор на партијата, Љупчо Николовски, учествуваат на Осмиот конгрес на сестринската Социјалдемократска партија на Црна Гора (СДП), којшто денеска се одржува во Подгорица, Црна Гора. Во обраќањето пред делегатите, генералниот секретар Спасовски, ја акцентираше посветеноста и истрајноста на СДСМ, опозицијата и големиот број граѓански здруженија за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија. Спасовски се заблагодари на силната поддршка што Претседателството на Конгресот на СДП ја даде на СДСМ и претседателот Зоран Заев во борбата за слобода…
повеќе...Tag: сдсм
Претседателот на СДСМ Заев се сретна со полскиот амбасадор Јацек Мултановски
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски. Тема на средбата беше рамката за преговори утврдена на вчерашната средба на политичките субјекти со еврокомесарот за проширување во Скопје, Јоханес Хан. „Документот содржи добра стартна основа што сега треба да ја испочитуваат сите потписници на документот. Во документот е прецизно наведена обврската за Влада што треба да ги организира следните избори. Клучно, дали ќе биде постигнат договор на 10-ти јуни во Брисел е да се договори профилот на таа Влада. Ставот…
повеќе...Атанасов: Лошите закони го уништија образовниот процес
Обраќање на претседателот на комисијата за образование на СДСМ, проф. д-р. Петар Атанасов на тема „Дали е возможно квалитетно образование преку лоши законски решенија?“ Извор: www.sdsm.org.mk
повеќе...Медарски: Нема докази за обвинението, бараме да се одбие
Изјава за медиуми Филип Медарски, адвокат На денешното рочиште за оцена на обвинението, одбраната ги изнесе аргументите за неоснованоста на поднесеното обвинение. Очекуваме судот по разгледување на нашата аргументација да го одбие обвинението како неосновано. Одговори на новинарски прашања Медиуми: Кои беа вашите главни забелешки во однос на пропустите во обвинението? Медарски: Главните пропусти беа тоа што описот на кривичните дела даден во обвинението не одговара на законските битиа на кривичните дела на начин како што тоа е пропишано со Кривичниот законик. Медиуми: Можете ли да кажете некои детали, на…
повеќе...Шилегов: Има зошто Ставрески седел во Владата на Груевски
Обраќање на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов: „ Не веруваме дека веќе некој има дилема околу начинот на владеење на Никола Груевски и тесната група. Целта, почувствувавме, слушнавме, видовме, била една: останување на власт за моќ, за да се задоволат личните хирови и фрустрации, но пред `се пријатели – ЗА ПАРИ! Пари, не за народот, не за граѓаните, туку ЗА СЕБЕ! За исклучиво тесни и лични интереси. Ние ветивме откривање на вистината до крај и тоа го правиме и со прес конференциите и со презентирањето аудио докази, како што најавивме, во попладневните часови,…
повеќе...Манчевски: Лично НиколаГруевски стои зад огромниот криминал во Скопје 2014
Обраќање на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ на дебата на тема „Скопје 2014 низ призма на граѓаните“. „Почитувани граѓани, драги кампери на слободата, На денешната трибина имав намера да ви се обратам како координатор на советничката група на опозицијата во советот на град Скопје. Да ви зборувам за над 40-те милиони евра кои само преку град Скопје оваа година ќе се потрошат за Скопје 2014. За нови барокни фасади, за нови плоштади и фонтани, за админстративна зграда на ЈП Водовод, за Градската куќа на Коце Трајановски, за нов карусел. Меѓутоа, се одлучивме…
повеќе...Заев по средбата со Борисов: Правиме по мирен пат да се реши кризата
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Денеска имав прекрасна можност, во присуство на премиерот, заменик претседателот на Бугарската социјалистичка партија и министерот за надворешни работи, да ме удостојат со средба на којашто ќе можеме, како земја што е во политичка криза, да ја информира Република Бугарија, голем пријател на нашата Македонија, за начините на разрешување на кризата, за можностите, дека ги даваме сите напори, по мирен и ненасилен пат да најдеме решение за кризата, но исто така и да се заблагодариме на претставниците на Република…
повеќе...Заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска се сретна со Петерле, Kо-претседавач на мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, придружувана од Виктор Габер, член на Комисијата за надворешни работи, денеска се сретна со Алојз Петерле, ко-претседавач на мешовитиот парламентарен комитет меѓу Република Македонија и Европска Унија. Главните теми на разговорот беа можностите за решавање на политичката криза во Македонија, начините за враќање на демократски институционален систем во државата како и владеењето на правото. Заменик претседателката Шекеринска го информираше ко-претседавачот Петерле за причините коишто ја доведоа земјава во тешката политичка и државна криза. -Неопходно е одделување на државата од партијата, преку формирање преодна влада,…
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев утре на средби во Бугарија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утре ќе престојува во еднодневна посета на Република Бугарија. Предвидени се средби на претседателот Заев со високи владини функционери, како и со раководството на сестринската партија, Бугарската социјалистичка партија.
повеќе...Раководството на СДСМ се сретна со амбасадорките на Белгија, Германија и Франција
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и од генералниот секретар Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорките на Кралството Белгија Аник Ван Кастлер, на Република Германија Кристине Алтхаузер и на Република Франција Лоренс Оер. Тема на разговорт беа очекувањата за можно придвижување на разговорите помеѓу политичките субјекти кон преговарачки процес за специфичната политичка клима и длабоката политичка криза во Република Македонија. „Преодна влада е решение за актуелната ситуација во Македонија, а со тоа и за проблемите на коишто во повеќе извештаи наназад укажуваат Европската Комисија,…
повеќе...