ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Стана секојдневна практика директорите и другите раководни лица во Општина Охрид, назначени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да ја злоупотребуваат својата службена положба во партиски цели. Тоа е уште една потврда дека државните институции, на централно и локално ниво се целосно поклопени од партијата на власт, на штета на граѓаните. Кулминација на злоупотребата на службената положба претставува денешната постапка на директорката на Детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид, која на крајно непрофесионален начин ги злоупотреби децата од градинката. Денеска директорката организираше…
повеќе...Tag: сдсм
Заев: Ќе вадиме докази додека не го извадиме Груевски од Владата
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес одржа прес конференција, на која истакна: „Почитувани присутни, почитувани граѓани, претставници на медиумите, Вистината за Македонија си ја бара светлината на денот. Салата за прес конференции во којашто го почнавме проектот, стана претесна. Од денеска домаќин на Вистината за Македонија е Кампот на слободата, овој Камп на слободата што ќе ги донесе долгоочекуваните промени за сите во државата, па и за оваа кутра зграда на Владата на Република Македонија, заробена во фушерајски составен гипс картон! Како што ветив, продолжуваме со проектот Вистината за Македонија.…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Фуере
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретнаа со поранешниот амбасадор на ЕУ во Република Македонија, Ерван Фуере. На средбата се разменија мислења за актуелната состојба во земјава и можностите за изнаоѓање решение од длабоката политичка криза. Претседателот Заев го информираше поранешниот амбасадор Фуере за процесот на разговори коишто се водат со посредство на Европската Унија и обидот да започнат политички преговори во интерес на Република Македонија. -Оставки и формирање преодна влада е единственото решение за излез од политичката криза, потенцира претседателот Заев. Влада којашто…
повеќе...Заев: Оставки и преодна Влада ќе ја олабават атмосферата
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите изјави: „Почитувани, Првата работа што ја направивме, споделивме информација со г-динот Груевски со претседателите на ДУИ и ДПА, а и со амбасадорите кои се овде во функција на набљудувачи, tоа што се разговараше во Стразбур на состанокот помеѓу мене, господинот Груевски, комесарот Хан и тројцата пратеници. Ги разговаравме деталите околу тоа што таму се разговарало и договоривме следниот состанок да биде на почетокот на идната седмица.“– изјави Заев. Одговори на новинарски прашања: Новинар: А што договаравте во Стразбур, можеме ли да…
повеќе...Заев: Доаѓа граѓанско општество со коешто ќе се гордееме
Дел од завршното обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев во рамките на дебатата во Кампот на Слободата, пред Влада на РМ, на тема „Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев со честитка по повод Денот на Сесловенските просветители Кирил и Методиј
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз им го честита на граѓаните на Македонија големиот празник, 24 Мај, денот на словенската писменост и култура. „Денешниот голем празник, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, претставува потстетник на нивната суштинската и историска улога за македонскиот народ и во создавањето на универзалните придобивки, како што се писменоста, обединувањето и просветлувањето на словенските народи. Преку својата благородна и просветителска дејност на овие простори, браќата Кирил и Методиј ја направија Македонија…
повеќе...Честитка од претседателот на СДСМ Заев по повод Националниот ден на Власите
Во чест на Националниот ден на Власите, претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз упати честитка до влашката заедница во Република Македонија. „Определени кон почитувањето на различностите, по која било основа, вклучувајки ја и националната припадност, како непроценливо богатство на Република Македонија, изразуваме надеж дека како општество уште поинтензивно ќе се посветиме кон негувањето на влашката традиција и вредности во државата. Власите дадоа голем историски, културен и општествен придонес во градењето на современата македонска држава. Денес, исправени сме сите заедно пред предизвикот…
повеќе...Заев: Нашите барања се јасни и јавно обелоденети
Изјава за Телма, Алсат М и Ал Џезеира Балкан по посетата на Стразбур Извор: www.sdsm.org.mk
повеќе...Средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со помошникот на генералниот секретар ОН, задолжен за човекови права, Иван Шимоновиќ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претседателката на Комисијата за правда, Рената Дескоска, попладнево оствари средба со помошникот на генералниот секретар ОН, задолжен за човекови права, Иван Шимоновиќ, придружуван од директорката задолжена за Европа, во одделот на Обединетите нации за политички прашања, Елизабет Спехар, како и од претставници од Високиот комесаријат за човекови прашања во Женева. Главни теми на разговорот беа погазувањето на човековите права во Македонија со незаконското прислушување од страна на власта, проблемите со злоупотребите на судството, со слободата на говор, како и актуелната политичката криза во…
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев се сретна со дипломатот од МНР на Италија, Андреа Орицио
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претседателата на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска се сретна со директорот за Западен Балкан и Централно-европската иницијатива во ЕУ при Министретсвото за надворешни работи на Италија, Андреа Орицио, придружуван од амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели. Тема на разговорот беше актуелната политичка криза во земјава и шансите низ дијалог да се дојде до решение. Претседателот Заев ги информираше италијанските дипломати за разговорите во Стразбур што се обид за воспоставување рамка за можен дијалог. „Масовниот мирен протест на 17-ти мај и…
повеќе...