ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „И оваа летна сезона во Охрид минува низ истиот хаос и деорганизација како и во изминатите четири години под владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, годинава хаосот, нередот и метежот, се уште поочигледни и поголеми бидејќи локалната власт не донесе летен сообраќаен режим со кој ќе се регулира сообраќајот во стариот дел од градот. Поради тоа, стариот дел од градот се соочува со невиден метеж и застој во сообраќајот. Наместо автентичниот дел од градот да биде пријатно место за уживање и…
повеќе...Tag: сдсм
СДСМ: Ветуваа дека ќе го направат туристичка атракција, а Слатинското Езеро го снема
ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „За уште една еколошка катастрофа во Дебрца виновни се поранешната Влада на РМ, предводена од ВМРО ДПМНЕ и актуелниот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Станува збор за Слатинското Езеро, чија брана пукна во 2013 година, што доведе до излевање на вештачката акумулација, изградена во далечната 1963 година. Во изминативе повеќе од четири години се изнаслушавме празни ветувања и од централната власт и од градоначалникот на општината дека состојбата со браната ќе биде санирана. Така, сликајќи се во предизборната…
повеќе...СДСМ: Работата на автопатот Кичево-Охрид се одвива со помал интензитет бидејќи проектот е промашен
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ навистина беа загрижени за начинот, времетрањето и квалитетот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, тогаш ќе ја прашаа претходната Влада зошто изградбата се одолговлекува и зошто финалниот рок за пуштање во употреба беше поместен од 2018 за 2019 година. Проектите на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата се полни со криминал и корупција, а доказ за тоа се истрагите на Специјалното јавно обвинителство за автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип како и обвинението за проневера…
повеќе...Заев на ЦО на СДСМ: Ги комплетиравме новите партиски органи, уште попосветено да работиме за граѓанските и државните интереси
Централниот одбор на СДСМ, вечерва ги комплетираше органите на партијата, што не се избираат на Конгрес. Едногласно, Централниот одбор на СДСМ ги поддржа предлозите соопштени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за членови на Извршниот одбор на СДСМ, за генерален секретар, како и за потпретседатели на СДСМ. Во функција на зајакнување на партијата, зголемен е бројот на потпретседатели на СДСМ. За потпретседатели на СДСМ се избрани Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар на СДСМ, Мухамед Зекири, досегашен член на ЦО на СДСМ, Петре Шилегов, партискиот портпарол, Благој Бочварски, досегашен член на…
повеќе...СДСМ Дебрца: Еколошка бомба во Белчишта – фекалните води се испуштаат во Матицата Сини Вирој
ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски за време на неговиот мандат на повеќе пати знаеше да се испофали дека во општината се градат канализациони системи и дека благодарение на Владата на РМ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и неговиот труд општина Дебрца добила нов лик. Многу е лесно во функција на популистичка кампања сам да се фалиш, но сосема друго е каква е реалноста. За четирите години општината предводена од Трајкоски не само што не успеа да ги пушти во употреба…
повеќе...СДСМ: Мандатот на локалната власт завршува на идентичен начин како што и започна – на штета на граѓаните
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Мандатот на локалната власт предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, завршува на идентичен начин како што и започна – на штета на граѓаните. Без никаква јавна дебата, без ниту едно стручно мислење, без да се слушне ставот на граѓаните, локалната самоуправа во заминување на чело со Бакрачески го исчече неколкудеценискиот дрворед на булеварот „Туристичка“. Само за потсетување, кога во минатото се вршеше реконструкција на дрворедот на ул.„Димитар Влахов“, граѓаните беа активно вклучени во процесот преку јавна анкета на која охриѓани…
повеќе...СДСМ: Жителите во стариот дел од градот, сè уште се соочуваат со сообраќаен метеж и нерегулирано паркирање
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Жителите на Охрид, особено оние во стариот дел од градот, сè уште се соочуваат со сообраќаен метеж и нерегулирано паркирање. Тесните улички секојдневно се преполни со паркирани возила од персоналот што работи во околните угостителски објекти, како и од домашни и странски гости во приватното сместување. Жителите на овој дел од градот немаат каде да ги паркираат своите автомобили и имаат отежнат пристап до своите домови. Поради немањето никаква организирана и ефикасна контрола на движењето на автомобилите, отежнато е…
повеќе...СДСМ: „Реформите“ во водостопанството водокорисниците од Дебрца ги оставија без вода за наводнување
Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Реформите“ што ВМРО-ДПМНЕ ги спроведуваше во водостопанството веќе втора година водокорисниците од Дебрца ги оставија без вода за наводнување. Со овие реформи беа укинати водните заедници, како здруженија на водокорисниците и со донесувањето на Законот за водостопанство, кој започна да се применува од 01 Октомври 2015 година користењето, управувањето, одржувањето и стопанисувањето со системите за наводнување од дотогашните водни заедници е пренесено на новоформираното Акционерско друштво во државна сопственост, „Водостопанство на Република Македонија“, како вршител на водостопанска дејност,…
повеќе...СДСМ работи на активно учество на жените во политиката
Започна првиот семинар од третата генерација на Школата за женски активизам на којашто се обратија генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и координаторката на Форум на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова. Генералниот секретар во своето обраќање го поздрави учеството на избраните учеснички, нагласувајки ја важноста за учеството во школата за женски активизам што придонесува за поголемо вклучување на жени во политиката. Школата за женски активизам е образовен проект што претставува академски курс и тренинг за развивање и воспоставување стандарди за родова еднаквост, организиран од Форум на жени на СДСМ во…
повеќе...СДСМ: Повикуваме веднаш да се најде решение за пожарот што се појави на локалитетот Мауцкер
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Повикуваме веднаш да се најде решение за пожарот што се појави на локалитетот Мауцкер којшто наместо индустриска развојна зона, веќе неколку години е депонија. Тоа што мандатот на градоначалникот и на советниците од денеска е истечен, не смее да ги доведе во ризик граѓаните и нивните имоти. Од фотографиите во прилог може да се види дека гори сметот на локацијата којашто служи како отпад за градежен шут. ВМРО-ДПМНЕ неодговорно го блокираше формирањето на новата Влада и го одложи изборот…
повеќе...