Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која стои: „Аматерските политички истапи на ОО СДСМ Охрид директно делегирани од нивниот прес центар, се добро познати на охридската јавност. Веројатно во сегашниот политички момент добиле задача нивните пресови да ги поврзуваат со името на градоначалникот Никола Бакрачески на секоја можна тематика. Па така не би не зачудило кога би прочитале дека Градоначалникот е одговорен за климатските промени, количеството на атмосферските врнежи, топењето на снегот или пак за должината на сончевата инсолација. Се разбира, темите…
повеќе...Tag: сдсм
СДСМ: Бакрачески и локалната власт веднаш да одговорат зошто е паднато нивото на водата во Охридското Езеро
ОО на СДСМ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро?! Трет ден состојбата со Охридското Езеро е критична. Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото. А Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат. Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на…
повеќе...СДСМ: Илјада пати кажана лага, не станува вистина
Во врска со вчерашната прес-конференција на градоначалниот на Охрид, Никола Бакрачески, денес преку соопштение регира ОО на СДСМ Охрид. „Интересно е како градоначалникот на Охрид, Бакрачески мора да се присетува одвреме-навреме на неговите таканаречени проекти за да си го израдува егото. Ама илјада пати кажана лага, не станува вистина. За нас е нејасно како тоа во својот четиригодишен мандат не разбраа што значи да се креира проект од корист на граѓаните, а не за билдање на самодовербата на најнеуспешниот градоначалник што охриѓани некогаш го имале. Бакрачески во пофалбите кон себеси,…
повеќе...Честитка од претседателот на СДСМ Зоран Заев за празникот Свети Сава
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, им го честита денешниот празник Свети Сава на припадници на српската заедница во Македонија и на сите граѓани кои го празнуваат. „Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам најискрени честитки за денешниот голем празник Свети Сава на сите вас кои го чествувате и ви пожелувам добро здравје, спокоен и квалитетен живот. Богатството на традициите и на различностите ја прави Македонија посебна држава којашто има со што да се гордее во светот, бидејки во нашите граници е светот во мало. Ќе…
повеќе...Наумоски: Безидејното и расипничко трошење на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш излегува на површина
Безидејното и расипничко трошење на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш излегува на површина. Наводните вложувања што криминалните структури на ДПМНЕ помпезно ги презентираа пред јавноста во Охрид, како изградбата на тениските игралишта и повеќенаменското игралиште кај Билјанини Извори зјаат празни, бидејќи нив апсолутно никој не ги користи. А и како би ги користел, кога локалната самоуправа одлучила да ги заклучи. Дека овие таканаречени проекти се прават само за да се замајува јавноста и да се креира заблудата дека нешто се работи, говори и состојбата во која тие се наоѓаат. Ова денес…
повеќе...СДСМ: Трајкоски Дебрца ја направи затворена и заробена општина
ОО на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Сведоци сме дека во изминативе 4 години откако градоначалник е Игор Трајкоски општина Дебрца се претвори во најзатворена и заробена институција, во која граѓаните имаа отежнат пристап до општинските услуги и истите ги добиваа на неквалитетен и неекономичен начин. Така, беа воведени административни и физички бариери за да се дојде до градоначалникот и општинската администрација, граѓаните не можеа или тешко остваруваа прием кај градоначалникот, за добивање на најобична потврда беа приморани да доаѓаат повеќе пати и да се…
повеќе...СДСМ: Пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид без никаков срам уште еднаш ги излажаа охриѓани
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид без никаков срам уште еднаш ги излажаа охриѓани. Проектите што ги ветуваа во 2013 и во 2014 година, повторно ги ветија и вчера. Власта во заминување ја ветува изградбата на марина по четврти пат – ветувањето е исто, само локацијата се менува. И експресниот пат Охрид – Пештани се ветува цели 3 години, но неговата изгрдба никако не започнува. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид не им ја кажаа болната вистина на охриѓани…
повеќе...Заев: Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на големиот празник Рождество Христово – Божик, упати честитка до сите граѓани кои го празнуваат, како и до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. „Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме, почитувни граѓани. Ќе бидеме среќни, децата ќе ни бидат насмеани, ќе живееме квалитетно и спокојно сите. Нашиот благослов е во вербата што ја имавме дека е тоа можно и затоа никогаш не престанувајте да верувате во вредностите. Посакавме слобода,…
повеќе...Божиќна честитка од ОО СДСМ Охрид
СДСМ Охрид на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик и им посакува празничните денови да ги поминат во добро здравје, радост и среќа. „Во секој наш дом нека се вгнезди божја љубов и милосрдие. Инспирирани од Исусовото раѓање, да го славиме и да му се радуваме на животот. Истовремено, во срцата на сите нека се вселат мирот и спокојството, почитта и разбирањето. Во духот на празникот, секој нека даде љубов, помош и поддршка на своите ближни. Нека е честит празникот и за многу…
повеќе...Новогодишна честитка на ОО СДСМ Охрид
ОО на СДСМ Охрид испрати новогодишна честитка до граѓаните, во која стои: „Почитувани сограѓани, Од 2017 година, заедно со сите граѓани во Република Македонија, почнуваме и во Охрид да го создаваме животот што го избравме. За слободно да живееме. Слободно да избираме. Слободно да се изразуваме и слободно да дејствуваме. Семејствата да ни се финансиски стабилни. Децата да ни се насмеани. За да градиме општество на среќни граѓани. За да не’ водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над личните интереси. И кои знаат како…
повеќе...