Одложено минирањето на патот Охрид – Кичево

Според информацијата од Македонија пат, добиена од АД Илинден, планираните активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид (планински премин Пресека – с.Врбјани) кои беа закажани за денес, се одложуваат. Утре прекин на сообраќајот кај преминот Пресека – Врбјани

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот кај преминот Пресека – Врбјани

Од АМСМ информираат дека на патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински премин Пресека – с.Врбјани) поради изведување градежни работи на пат (минирање) утре помеѓу 13.00 ч и 15.00 часот сообраќајот ќе бидe во прекин во интервали од 15 – 20 минути.

повеќе...

Утре прекин во сообраќајот на патот Охрид – Кичево

На патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински превој Пресека – с.Врбјани) поради изведување градежни работи на пат (минирање) утре (четврток) помеѓу 14.00 ч и 16.00 часот, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути, информираат од АМСМ.

повеќе...

Кампања „Вози трезен-стигни жив“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, утре ќе ја реализира кампањата „Вози трезен-стигни жив“. На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. Тука, но и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде ќе се врши доброволно алкотестирање и делење на пригоден едукативен материјал. Целта…

повеќе...

Изменет сообраќаен режим на обиколницата поради снимањето на францускиот филм „A Fond“

Согласно Одобрението 11-уп-87/4 од Министерство за транспорт и врски од 03.09.2015г. и известувањето од Мануфактура продукција од АМСМ информираат дека за потребите за снимање на филм се воведува времена измена на режим на сообраќај на Делница 3 Автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај“ (Скопска обиколница) за период на следниве датуми: 07.09.; 08.09.; 09.09.; 10.09.; 11.09.; 14.09.; 15.09.; 16.09.; 17.09.; 18.09.; 21.09.; 22.09.; 23.09.; 24.09.; 25.09.; и 28.09.2015 година од 07:00 до 19:00 часот за секој од наведените датуми.

повеќе...

Семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“ се тип-топ

По објавата на WebOhrid: Дали ќе издржат семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“!?  надлежните ја санираа информативната табла. Се очекува наскоро семафорите да бидат ставени во официјална употреба. WebOhrid

повеќе...

Дали ќе издржат семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“!?

Новите семафори на булеварот „Св.Наум Охридски“ ја издржаа летната туристичка сезона, но дали ќе издржат до нивното официјално пуштање во употреба!? На делницата кај Инекс Горица веќе е свиткана една сообраќајна информативна табла. WebOhrid

повеќе...

Гужва на патиштата, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

повеќе...

Посебен сообраќаен режим поради фудбалскиот натпревар „Работнички“ – „Рубин Казан“

Поради вечерашниот меѓународен фудбалски натпревар меѓу ФК “Работнички“ и ФК “Рубин Казан“ (Русија) што ќе се одигра на Националната арената Филип Втори во 20 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците што гравитираат кон фудбалскиот стадион Имено од 17 часот ќе биде затворен за сообраќај потегот од крстосниците на улиците “Аминта Трети“ и “Јордан Хаџи Константинов Џинот“ кон стадионот при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници. Ќе биде зајакнато присуството на сообраќајната полиција во насока на регулирање и безбеден проток на сообраќајот…

повеќе...

Во понеделник минирање на патот Охрид – Кичево

На патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински премин Пресека – с.Врбјани), поради изведување градежни работи на пат (минирање), во понеделник (17-ти август), сообраќајот ќе биде во прекин од 14.00 до 16.00 часот, информираат од АМСМ.

повеќе...