Во Охрид ќе се реализира собраќајно воспитна кампања „Децата-безбедни во сообраќајот“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2016 година, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи и предшколската установа „Јасна Ристеска“, годинава, заедно со децата од предшколска возраст, во Охрид ќе ја реализира сообраќајно-воспитна кампања „Децата-безбедни во сообраќајот“. Годинава, оваа кампања ќе биде дел од проектот „Ве молам возете полека“ што ќе се реализира утре (четврток) со почеток во 09 часот и 15 минути на кружната раскрсница на пресекот на булеварите „Туристичка“ и „АСНОМ“. Тука ќе…

повеќе...

Денес прекин на сообраќајот кај с.Врбјани

Од АМСМ информираат дека денес на магистралниот пат А-2 Кичево–Охрид кај с.Врбјани поради изведување работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин 10–15 минути помеѓу 14.00-16.00 часот.

повеќе...

Поради минирање утре мал прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

На магистралниот пат А-2 Кичево – Охрид поради изведување работи на пат (минирање), утре (четврток), сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути помеѓу 13:00 – 15:00 часот, информираат од АМСМ.

повеќе...

Шахтите во Пештани – нагазни мини за автомобилите

Пештани „ја испрати“ и оваа летна туристичка сезона. Но, за жал, многумина ќе понесат и непријатни спомени од нивното патешествие низ Пештани, конкретно од неизнивелираните шахти. „Има едно критично место, еден теснец, каде што не се гледа дали доаѓа возило од спротивниот правец. Од едната страна возачите ги одбегнуваат шахтите, додека пак другите ги заобиколуваат паркираните возила. Во таква ситуација е критично и за самите возачи, но и за пешаците кои поминуваат тука.“ – вели загрижен жител од Пештани. Пештанци апелираат до надлежните служби што побрзо да излезат на терен, да извршат увид,…

повеќе...

Поставена нова табла на влезот од Битола во Охрид

Деновиве во Охрид, поточно на влезот од Битола кон Охрид поставена е нова табла со натпис „Welcome to Ohrid“ односно „Добродојдовте во Охрид“. Таблата е лоцирана на кружниот тек кај ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на која е поставен и грбот на Општина Охрид. WebOhrid

повеќе...

Посебен сообраќаен режим во населените места зафатени од поплавата

Со цел да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите како и непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите во населените места зафатени од поплавата во скопскиот регион (с.Црешево, с.Стајковци, Сингелиќ, Економија, с.Арачиново и другите околни населени места) воспоставен е посебен режим на сообраќај со кој се предвидува граѓаните од с.Арачиново кои се упатуваат кон Градот Скопје да не поминуваат низ Сингелиќ туку да ја користат скопската обиколница, а и граѓаните од с.Црешево и с.Стајковци кои се упатуваат кон Скопје исто така да ја користат…

повеќе...

Повредена охриѓанка во сообраќајка на патот Охрид – Св.Наум

Вчера во 15:50 часот во Охрид, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од шеснаесетгодишник од Охрид, ПМВ „Фолксваген Бора“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(71) од Битола и паркирана работна машина „Риго“, паркирана од Ѓ.Ч. од с.Мислешево, струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумнаесетгодишна сопатничка во ПМВ „Фолксваген бора“ од Охрид, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата Св.Еразмо, по што била препратена за хируршка интервенција во болницата „Систина“ во Скопје.…

повеќе...

СВР: Евидентирани 26 сообраќајни прекршоци на велосипедско-пешачката патека кон Горица

Вкупно 26 прекршоци и кршење на одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на минатиот месец, регистрира СВР Охрид на велосипедско-пешачката патека на потегот од мостот на каналот „Студенчишта“ до угостителските клубови. Најголем број прекршоци, вкупно 20, се сторени спротивно на законската одредба според која учесниците во сообраќајот се должни да се придржуваат кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Прекршоците се сторени со непочитување на одредбата дека сопственикот на возилото, не смее да запре или паркира возило на велосипедска патека односно лента…

повеќе...

Посебен сообраќаен режим по повод чествувањето на „Илинден“

По повод одбележувањето на националниот празник „Илинден“, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, кумановско, ќе биде применет посебен собраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот. Во вторник(02.08.2016) со почеток 09.30 часот во централното градско подрачје во Скопје, ќе се воспостави посебен режим на сообраќај, односно за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците “11 Октмври“ и “Димитрија Чуповски“ и тоа на потегот од крстосницата со бул.“ Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.“Васил Главинов“,…

повеќе...

Едукативно – превентивна акција „Вози одговорно – животот е во твои раце“

Во рамките на работата и реализацијата на предвидените програмски активности во годишната програма, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, утре 29 јули (петок) во 11:30 часот, ќе ја реализира едукативно-превентивната акција „Вози одговорно-животот е во твои раце“. Целта на оваа активност е потсетување на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на сообраќајот, внимателно управување со патничките и други моторни возила, подигнување на јавната свест за зголемена безбедност во сообраќајот и унапредување на сообраќајната безбедносна култура кај сите учесници во сообраќајот. Во рамките на…

повеќе...