Гужва и преполни плажи во Охрид

Деновиве Охрид е преполн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е во шпицот на туристичката сезона. Убавото и топло време ги наполни охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот. Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство. WebOhrid

повеќе...

Во понеделник прекин во сообраќајот на патот Охрид – Кичево

На патниот правец А-2 Кичево – Охрид (помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани поради изведување работи на пат (минирање) на 25.07.2016 (понеделник) сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути помеѓу 13:00 часот.

повеќе...

Три лица повредени во сообраќајка во близина на Буково

Три лица се повредени во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на депонијата Буково. Поради сериозноста на здобиените телесни повреди, во Општата болница во Охрид префрлени се: М.Б. (15), Л.Б. (44) двете од Скопје како и А.Р. (19) од Битола, кои, по укажаната медицинска нега се задржани на понатамошно лекување. Во сообраќајната незгода учествувале четири патнички моторни возила: „Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од Х.С. (20) од Битола, „Цитроен“ со тетовски регистарски управувано од И.П (33) од…

повеќе...

РСБСП: Летово најризичен е автопатот Кичево – Охрид

За време на летните одмори најризичен е автопатот Кичево-Охрид, предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност на патиштатаРепублички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На овој автопат фреквенцијата на возила е драстично зголемена поради големиот број странски и домашни туристи што одмораат на Охридското Езеро. Истовремено, се гради новиот автопат Кичево-Охрид, чија траса на многу делници минува паралелно со сегашниот пат, а не е секаде соодветно обезбедена. Овој месец, во една недела, на овој автопат се случиле две тешки сообраќајки, во кои со повреди се здобија осум лица, меѓу кои…

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот со апел за почитување на сообраќајните правила

Со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид, во екот на туристичката сезона, од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. „Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, да се користи безбедносниот појас, да не се…

повеќе...

Започна летниот режим за сообраќај

Од 1.јули до 31.август 2016 година, се применува летниот режим за одвивање на сообраќајот. Режимот на сообраќај е регулиран согласно со Одлуката за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид, донесена на седницата на Советот на општината, одржана на 28.06.2016 година. ОДЛУКАТА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА OПШТИНА ОХРИД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА…

повеќе...

Времен режим на сообраќај по повод верскиот празник „Духовден“

Поради престојниот верски празник Духовен на 18.06.2016 година (сабота) кај гробиштата Бутел од 07,00 часот па се додека има потреба од соодветно регулирање на сообраќајот истиот ќе биде пренасочен по ул.„Александар Урдарески“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за селото Мирковци и лево по ул.„Боца Иванова“до паркингот пред гробиштата. За излез возилата треба да се движат по ул.„Боца Иванова“ до кружниот тек. Во останатите денови 17.06.(петок) и 19.06.2016 година (недела) кај гробиштата Бутел, Ѓорче Петров и Камник од страна на сообраќајната полиција од СВР-Скопје ќе бидат превземени сите соодветни…

повеќе...

Заштитните огради околу кружните текови – згодни за префрлање

Нови кружни текови во Охрид – нови проблеми плус за возачите. Си возите така и оп… луѓе! И тоа на средина од кружниот тек. Што ли бараат на самиот кружен тек!? Очигледно дека нашите сограѓани тешко може да го заборават тоа што било семафор со пешачки премини, па по навика си префрлаат на старите, сега веќе непостоечки пешачки премини. Оние кои ги осмислиле овие заштитни огради во Охрид очигледно ја утнале работата. Само за споредба, еве какви се оградите на кружните текови во Скопје и Прилеп: WebOhrid

повеќе...

Прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

На патниот правец Кичево – Охрид помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани поради извршување градежни работи на патот (минирање) денес помеѓу 12 – 14 часот сообраќајот ке биде во прекин околу 10 – 15 минути.

повеќе...

Прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево кај Пресека денес ќе има прекин на сообраќајот. Сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 15 до 20 минути во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

повеќе...