ВМРО-ДПМНЕ: СДС и нивните поддржувачи го туркаат Охрид во бездна сакајќи да го претворат во бегалски центар

ВМРО-ДПМНЕ OK Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Почитувани граѓани, Од ден на ден сведоци сме дека СДС Охрид го покажува вистинското лице и на виделина излегуваат нивната ароганција и манипулациите со граѓаните. Националната стратегија за интегрирање бегалци и мигранти донесена од Владата на СДС како комплетно нова стратегија бара од Охрид можност за иградба на станбени единици. Денес, советниците од СДС, ВМРО НП, и советникот Дејан Пановски покажаа дека се продолжена рака на врхушката, со тоа што беа воздржани или ја напуштаа седницита на Совет, тие всушност…

повеќе...

СДСМ: Жителите на Лескоец паметат дека требаше да добијат функционална фекална канализација уште во 2016

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Неспособната и неодговорна локална власт предводена од Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори повторно манипулира со жителите на Лескоец. Соочени со стравот од пораз на локалните избори, Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ прават очајнички обиди да им се додворуваат на гласачите. Цели четири години Бакрачески ветуваше фекална канализација во Лескоец со што би се решила една од најважните потреби на жителите на ова место, но како и сите други празни ветувања и ова ветување остана неостварено. Жителите на…

повеќе...

СДСМ: Вчерашниот таканаречен отчет покажува што оваа Локална вети, а не успеа да го реализира

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Вчерашниот таканаречен отчет на градоначалникот во заминување, Никола Бакрачески, не покажува се што реализирале, туку токму спротивното, тој покажува се, што оваа локална самоуправа вети, а не успеа да го реализира. А отчетот сме го слушнале и претходно, дури службите до толку немале инспирација, што и за овој отчет го искористиле текстот кој го рецитираше Бакрачески пред една година во дворот на општинската зграда. Во своето обраќање, Никола Бакрачески за најзначајни успеси од неговиот четири и пол годишен мандат…

повеќе...

СДСМ: Трајкоски со лажен отчет го заврши владеењето со Дебрца

Во врска со денешниот отчет на градоначалникот на Општина Дебрца, соопштение испрати ОО на СДСМ Дебрца во кое стои: „Денешната прес конференција и наводниот Отчет на Градоначалникот на општина Дебрца, Трајкоски претставува уште еден очајнички обид за дефокусирање на јавноста и продолжение на четиригодишното замајување на граѓаните на Дебрца, со тавтолошко набројување на истите проекти. Отчетот на Трајкоски е празен, бидејќи во него ги нема приоритетните проекти, кои беа ветени во неговата изборна програма, со кои ја доби довербата на граѓаните на Дебрца. Во Отчетот не видовме каде е индустриската…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Трајкоски без мерка трошел и за службени патувања

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Градоначалникот на општина Дебрца не само што на големо трошел општински пари за гозби и ручеци, туку во изминативе четири и нешто години многу милувал да патува на општинска сметка. Завршните сметки го покажуваат она што е константа во раководењето на општината во изминативе години, а тоа е крајно расипничкото и нетранспарентно трошење на општинските пари и во делот на службените патувања. Во 2013 година за дневници за патувања во земјата потрошени се 122.000 денари, во 2014 година…

повеќе...

Општина: Граѓаните знаат и паметат и што е најважно не забораваат кој го уништи Охрид

Во врска со соопштението од СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид во која стои: „Господа од СДСМ Охрид, дефинитивно и доколку доктор ви препорача поголема диоптрија вие повторно нема да видите ништо. Заслепени од преголемата желба за власт никако неможете да ја видите и почуствувате вистинската битка за подобар живот за граѓаните на Охрид, која оваа Локална самоуправа секојдневно ја води во изминативе нешто повеќе од четири години. Точно е дека граѓаните знаат и паметат и што е најважно не забораваат кој го уништи Охрид. Терминот – Локална самоуправа позната…

повеќе...

Соопштение од ВМРО-НП Охрид

ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Изминатиов месец сведоци сме на жестока политичка кампања против Договорот за добро соседство меѓу Република Македнија и Република Бугарија. Овој договор ги разбуди духовите на сите оние „патриоти” кои до последно се надеваа во некако нов сојуз на Балканот во кој би учествувала и Македонија. Со потпишување на декларацијата за добрососедство во 1999 година од страна на премиерите Љубчо Георгиевски и Иван Костов односите меѓу двете земји започнаа да се развиваат во нагорна линија. Македонија по време на…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Трајкоски делел општински пари на роднински и партиски подобни граѓански организации

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Распределбата на средствата од Буџетот на општина Дебрца наменети за финансирање на граѓанските организации во изминативе четири години се карактеризира со крајно нетранспарентни постапки, коруптивно и непотистичко постапување на градоначалникот, при што општинските пари во голема мерка се делеле на роднински и партиски подобни здруженија на граѓани, без почитување на прописите за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и критериумите утврдени со одлуката за критериумите и постапката за распределба на финансиски средства на здруженијата на граѓани и…

повеќе...

СДСМ: Трајкоски ветуваше урбанизација на општината, а за четири години не е донесен ниту еден урбанистички план

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во изборната програма за локалните избори 2013, на страница 27, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски ветуваше урбанизација на населените места во општината, со рок на реализација јуни 2015 година. Во ноември 2013 година Трајкоски уште еднаш се пофали дека од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој се обезбедени средства за донесување на урбанистички планови за десетина села во општината. По четири изминати години, факт е дека советот на општината не донесе ниту еден урбанистички план за…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ со реакција на соопштението од СДСМ

ЈП „Охридски Комуналец“ испрати реакција во врска со соопштението од СДСМ Охрид. „Иако од СДСМ – Охрид многу добро знаат што направија и што оставија во јавното претпријатие Охридски Комуналец – Охрид, сепак да ги потсетиме: – Задолжение по основ на хипотекарен кредит во банка, кој беше еднаш репрограмиран и не беше враќан, а дополнително беше оптеретен и со затезна камата. Ваквата состојба можеше да доведе до губење на дел од имотот на ова претпријатие; – Судски извршни решенија, кои од ден на ден се зголемуваа, како завршуваа постапките; –…

повеќе...