Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на 25 мај (четврток), ќе се обрати на отворањето на третиот годишен состанок на Дијалогoт на Југоисточна Европа за Управување со интернетот (SEEDIG -South Eastern European Dialogue on Internet Governance), кој ќе се одржи во хотел „Метропол” во Охрид, Република Македонија со почеток во 9 часот.
повеќе...Tag: состанок
Одржан состанок во рамки на проектот „Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа првиот состанок со претседателите на локални младински совети во рамки на проектот„Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“. Проектот се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА и Агенцијата за млади и спорт, а со поддршка од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+ Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). Целта на овој проект е да се подобри функцијата на советите на млади во општините и да се влијае на подобрување на…
повеќе...Ќе се решава проблемот со недостигот на гробни места во Велгошти
Жителите од Велгошти веќе подолго веме се соочуваат со проблем, недостиг на гробни места. Со цел да се реши тој проблем, Месната Заедница од Велгошти и Црковниот одбор од Велгошти организираат состанок со жителите. На состанокот кој ќе се одржи во недела во 18:00 часот, во просториите на играорната група КУД „Илинден“, организаторите ќе расправаат по само една единствена точка на дневен ред – Решавање на проблемот со гробни места. „Се повикуваат сите жители од Велгошти масовно да присуствуваат на состанокот, со цел конечно да се изнајде решение“ – велат од МЗ…
повеќе...Делегација на Амбасадата на Кина во посета на СВР Охрид
Делегација на Амбасадата на Република Кина во Република Македонија, денеска беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид. На средбата, претставниците на кинеската амбасада, на раководниот тим на СВР Охрид им го искажаа задоволството од високиот степен на безбедност во Охрид забележано од кинеските туристи што во изминатиов период го посетиле Охрид. „Се грижиме за туристите што од Кина доаѓаат во Република Македонија и во Охрид, водиме сметка за нивните права и посебно за начинот на решавање на евентуалните безбедносни проблеми со кои би се соочиле“, рече Цуј…
повеќе...Во Охрид ќе се истражуваат проблематичните точки во управувањето со Дримскиот Басен
Во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект на 27. Октомври во Охрид ќе се одржи првиот состанок на Фокус групата на македонска страна. Фокус групата е составена од преставници на владини институции надлежни во управувањето со водените ресурси, јавни претпријатија, општини, научни установи, граѓански сектор и други. Целта на состанокот е истражување на проблематичните точки во управувањето со Дримскиот Басен, приоретет на истите и дискусија на моменталните состојби и влијанија во Басенот. Исто така ќе бидат идентификувани заинтересираните страни (stakeholders) кои влијаат или трпат влијанија од прекуграничното управување со Дримскиот Басен.…
повеќе...Одржан состанок на надлежните за превенција од пожари
Зајакнати мерки и координирано превентивно делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари, поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти за координирано преземање на натамошни активности и навремено локализирање на пожарот, денеска договорија надлежните служби на координативен состанок што се одржа на иницијатива на СВР Охрид. Во пресрет на главната туристичка сезона и очекуваните високи температури, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови за зајакнати…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески ќе учествува на глобалниот состанок на градовите со езера
Градоначалникот нa Охрид, Никола Бакрачески ќе учествува на Третиот глобален состанок на официјалните делегации на членките на Европската мрежа на езера што утре (28 мај) се одржува во Исео – Италија како дел од фестивалот на европски езера. Во текот на утрешниот ден градоначалникот Бакрачески ќе има работна средба и со партнерите од Проектот LAKTIVE TOURISM, во кој Општина Охрид е значаен партнер. Овој европскиот партнерски проект на 5 европски држави, членки на Европската мрежа на езера (Италија, Словенија, Шпанија, Ирска и Македонија- Општина Охрид), како и два туроператори и…
повеќе...Општините од Југозападниот регион со заедничко решение за проблемот со кучињата скитници
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во Струга присуствуваше на координативниот состанок што го организира Центарот за развој на југозападниот плански регион и СВР Охрид, а со цел преземање почетни иницијативи за изнаоѓање решение за проблемот со кучињата скитници во градските средини. Проблемот со кучињата скитници се јавува на територијата на целиот југозападен регион, при што само со заедничко дејствување може да дојде до подобрување на ситуацијата на терен, беше истакнато на средбата. Според градоначалникот Бакрачески, проблемот со кучињата скитници се повеќе ќе се наметнува како проблем за решавање на сите…
повеќе...Координативен состанок за решавање на проблемот со кучињата скитници
Со цел преземање почетни иницијативи за решавање на појавата на кучиња скитници во градските средини и нападите врз луѓето, Центарот за развој на југозападниот плански регион заедно со СВР Охрид, денес ќе одржат заеднички координативен состанок. На оваа работна средба, покрај претставници од центарот и полициски службеници, ќе присуствуваат и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство. Состанокот ќе се одржи денес во 13 часот и 30 минути во салата на Советот на општина Струга.
повеќе...Започнува имплементационата фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен
Во среда, 16-ти декември со организирање на Почетниот состанок во Тирана, започнува имплементационата фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен, финансики поддржан од Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ). Проектот стартува со имплементацијата на 5те негови компоненти : Консолидација на зедничкото знаење во Басенот – со цел заедничка анализа и мониторинг , изградба на основа за заедничко управување-изготвување на Стратешки План за басенот , институционално зајакнување –со цел формирање на заедничка Дримска Комисија, демонстрација за технологии и практики преку пилот проекти во басенот , инволвирање на јавноста во донесување на…
повеќе...